Showing posts with label напомени. Show all posts
Showing posts with label напомени. Show all posts

Saturday, January 20, 2024

Напомени за полагање на испитите во јануарска сесија - 2024

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:

  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени и да имате електронски пријавен испит.
  • Пријавите се купуваат неколку дена пред испитот и се пополнуваат со читливи букви.
  • Во тестовите се пишува читливо и НЕ се пишува во правоаголникот за оценување.
  • Треба да носите најмалку 2 сини пенкала кои пишуваат.
  • Задолжително треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • На испит не се препишува.
  • На испит се доаѓа најмалку 15 минути пред закажаниот термин.
  • Испитите се полагаат БЕЗ УРГЕНЦИИ!!!
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Потсетник за термините:

Прва декада

22.01.2024  ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар 08:00 часот
23.01.2023  ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Втора декада
29.01.2024 ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот
30.01.2024 ФФА и МОИ во амфитеатар 4 во 08:00 часот

Предметен наставник

Monday, September 4, 2023

Напомени за полагање на испитите од втора декада - септември 2023

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:

  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени и да имате електронски пријавен испит.
  • Пријавите се купуваат неколку дена пред испитот и се пополнуваат со читливи букви.
  • Во тестовите се пишува читливо и не се пишува во правоаголникот за оценување.
  • Треба да носите најмалку 2 сини пенкала кои пишуваат.
  • Задолжително треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • На испит се доаѓа најмалку 15 минути пред закажаниот термин.
  • Испитите се полагаат БЕЗ УРГЕНЦИИ!!!
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
  • Потсетник за термините:
Втора декада
11.09.2023 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот
11.09.2023 ХГ во Голем амфитеатар во 09:00 часот
12.09.2023 ФФА во Голем амфитеатар во 08:00 часот
12.09.2023 МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Предметен наставник

Sunday, June 11, 2023

Прва декада - јуни 2023

Почитувани студенти,

Утре започнува првата декада од јунската сесија за 2023 година. Ова е потсетник на термините и на некои правила на игра.

Прва декада
12.06.2023  ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар 08:00 часот

13.06.2023  ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

  1. Никакво доцнење не е дозволено, на испит се доаѓа 15-тина минути пред закажаниот термин.
  2. Препипување, договарање и други недолични академски однесувања не се дозволени.
  3. Пријава се купува претходно, а не на самиот ден, бидејќи Студентски сервис на ФЗФ отвора во 8:00 кога веќе е почнат испитот. Не примам никого без пријава на испит.
  4. Пријавите се пополнуваат со читливо, кирилично писмо на македонски јазик.
  5. На испит се носи индекс или студентска легитимација.
  6. Без 15 ЕКТС поени не се оди на испит!
  7. За испит НЕ се бркаат ургенции!
Среќно!

Предметен наставник

Tuesday, February 7, 2023

Напомени за родителите на нашите студенти

Почитувани родители на нашите студенти,

Јас знам дека вие си ги сакате вашите деца, а наши студенти, но запомнете дека не им правите услуга доколку им бркате ургенции. Јас уште кога сум почнал на ФЗФ да работам сум кажал дека не држам родителски средби. Среќен сум што 99% од вас го почитуваат тоа. Но, секогаш има едно но, има и родители кои се дрски, безобразни, гледаат по секоја цена да дојдат до мене, за да нивното дете добие подарена 6-ка. Тоа кај мене го немало, го нема и нема да го има додека работам како професор. Не прифаќам ургенции и на моите студенти сум им рекол дека и сопствените ќерки би ги вратил од испит, ако не знаат. Друга работа е што нема да дозволам никогаш тие да се запишат на ФЗФ.

Е, сега ќе објавам еден пример во надеж дека дотичната госпоѓа ќе престане да ме вознемирува, навредува, клевети и употребува погрдни зборови.

Пред околу 4 години ми ѕвони телефонот од непознат број и се претставува како М.Ј. „другарка“ од основно училиште. Веднаш се сетив која е. Ми кажува дека ќерката и се запишала на ФЗФ и дека јас требало да го имам во предвид тоа. Најкултурно и одговорив дека урегенции не прифаќам и дека ќерката треба добро да седне и да го згрее столчето и да научи. Само така ќе помине како и сите други студенти чии родители не ми се „другари“. Со госпоѓата за време на училишните денови сме имале коректни односи (не премногу блиски, а повеќе би рекол и далечни). Студентката нејзината ќерка во изминатите 4 години полагаше по 1-2 пати кај моите испити и за жал не успеа. Во меѓувреме сигурно полагала други испити и сега веројатно дојде време за привршување на студиите. Нервозата во нивните редови почна да расте. Мајката другарка не бира дали е Бадник, викенд, не бира време кога ќе ѕвони на телефонот. Јас знаејќи зошто ме бара, намерно не и кревав, мислејќи дека е разбрана жена (центарско дете). Кога виде дека не одговарам, почна да пишува навредливи коментари, лаги и клевети за мене на ФБ (кои можеби некои од вас ги виделе, додека не ги избришав и не ја блокирав). Потоа, прати и СМС со исто така непристојна содржина, која не доликува на академски граѓанин. Но, нејсе го проголтав и тоа и секако ја ставив на игнор. Кога виде дека не и го почитувам ниското ниво на комуникација, почна да отвора лажни профили таа или некој нивен близок од типот „Зоран Стефановски“ и од таму почнаа да навредуваат, шиканираат и дејствуваат против мојот углед. Доколку некој од студентите ги видел, јас еве во нивно име се извинувам и се оградувам од сите блувотини изречени за мене таму. Блокиран е и лажниот профил на „Зоран“. Искрено се надевам дека нема да продолжат со отворање на нови профили и да ме вознемируваат.

Случајот денес е пријавен во секторот за компјутерски криминал во МВР (зградата на МРТ). Госпоѓата М.Ј. е пријавена и сите мои социјални мрежи се под компјутерски надзор. Претходно имам направено скриншотови од сите навредливи и лажни коментари. Како што пишавте на мојот пост дека ме следите, искрено се надевам дека ќе ви до дојде паметот и дека ќе престанете да ме следите (треба вашата ќерка да ме следи на блогот, а не вие). Следни законски чекори се објавување на цело име и презиме на мајката, судење за вознемирување, навреда, клевета и слично. Други чекори се објавување на името и презимето на ќерката студентка, па потоа не знам како ќе ги поголедне во очи своите колеги кога ќе знаат дека можеби и другите испити ги положила со ургенции. Друго е поведување на дисциплинска постапка пред ФЗФ, итн, итн. Ете гледате јас колку сум фин ве предупредувам на време да си знаете на што сте. Никому не му дозволувам да ми гази по честа и угледот, а најмалку на „школски“ другари и другарки. Да била вистинска другарка ќе знаела дека не примам ургенции и воопшто немало да ме бара и да ме притиска. „Другарката“ повеќе не сакам да ја видам.

На крајот да се обратам на ќерката студентка. Вие кога ќе научите слободно дојдете и кажете и на мајка ви и на тие „другите“ да ме олабават малку. Претпоставувам дека не сакате цел ФЗФ да ве знае која сте и да поведувам постапка против вас за вознемирување и бркање ургенции.

Во надеж дека разумот ќе надвладее, срдечно ваш.

Предметен наставник

Sunday, May 29, 2022

Напомена за полагање на испитите во летната сесесија -2022

Почитувани студенти,

Утре започнува првата декада, па поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На испит со физичко присуство се доаѓа најмалку 15 минути пред закажаниот термин. Кој доцни НЕМА да го полага испитот. 
  • Главно испитите ќе се полагаат во големиот амфитеатар (освен еден) и вие треба да чекате таму.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит, да носите печатена пријава со себе или веќе да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • На испит се носи индекс или студентска легитимација заради идентификација.
  • Морате да имате најмалку 2 пенкала со себе со сина боја. Според Марфи, едното пенкало секогаш престанува да пишува.
  • Испитот се полага БЕЗ УРГЕНЦИИ!
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Tuesday, February 15, 2022

Обврски на вонредните студенти

Почитувани вонредни студенти од прва година,

Сите вие кои не доаѓате на настава бидејќи сте вонредни студенти ќе треба да освоите минимум 15 ЕКТС поени. За таа намена треба да добиете три задачи: семинарски труд, интернет ресурси и обработка на труд од списание. Денес започна семестарот и ќе треба да ми пишете е-пошта за да побарате задачи. Сакам само да ве потсетам дека 30 април е последниот рок за предавање на задачите, а 15 мај за одбрана на задачиите што ќе ги добиете и тоа на платформата Мајкорософт Тимс. Доколку сте вонредни студенти, а сепак имате време и сакате да ги следите сите предавања и вежби, тогаш нема потреба од овие три задачи.
Предметен наставник

Thursday, January 20, 2022

Напомени за полагање на испитите во зимската сесија 2022

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На МТ платформата за предметот кој го полагате се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни НЕМА да биде вклучен во платформата и НЕМА да го полага испитот.
  • Ниту еден студент не смее сам да креира Meeting. За испитот има само еден Meeting што го креирам јас. Не прифаќам оправдувања дека сте биле на некој си друг Meeting и затоа сте доцнеле на испитот.
  • Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • Доколку полагате во првата декада најдоцна до утре 21.01.2022 година треба да доставите печатена верзија кај координаторката на ЕКТС на ИСЕР до 14:00 часот. Доколку полагате во втората декада, најдоцна до петок 28.01.2022 година до 14:00 часот.
  • Задолжително да се пријавите на Мудл платформата на ФЗФ по предметите кои ги полагате, бидејќи таму ќе бидат поставени испитите.
  • На крај кога ќе го завршите испитот треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: и да не го стиснете тоа копче, програмот го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
  • Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Може да бидете дисквалификувани заради поднесени 2 теста. Тоа НЕ е регуларно.
  • Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Monday, November 15, 2021

Напомени за полагање колоквиуми

Почитувани студенти,

Ве известувам дека првиот колоквиум по ХГФ ќе се полага на 17.11.2021 година електронски преку Мајкрософт Тимс од 08:00 часот. Првиот колоквиум по ФФА ќе се полага на 18.11.2021 година електронски преку Мајкрософт Тимс од 08:00 часот. Доколку не сте пополниле анкета за полагање ве молам да го сторите тоа во најбрз рок. Термините се веќе закажани на платформата и потребно е вие да бидете најмалку 10 минути порано вклучени.
Ќе се полага на платформата Квалтрикс, за која не мора да сте регистрирани. Линкот ќе го добиете непосредно пред почетокот на колоквиумот на Мајкрософт Тимс. Ќе полагате на 20 прашања во времетраење од 14 минути. Доколку утврдам дека сте препишувале, т.е. некој со копирање и пастирање ви испраќал текстови, ќе ве казнам да не можете 3 сесии да го полагате испитот.
Право да полаагаат имаат и оние студенти од другите генерации кои добиле потпис во минатите академски години и освоиле 15 ЕКТС поени. Напоменувам дека не е убаво да се доаѓа на колоквиум тотално неподготвен и да се игра на картата на среќа. Ако доаѓате да го видите само тестот, тоа ви ветувам дека ќе ви го дадам на увид во термините за консултации наредната седмица. 
Ниту еден студент нема да биде пуштен на колоквиум доколку доцни. Потребно е за секој случај да го погледнете овој блог. Го задржувам правото на промена на терминот заради виша сила.
Предметен наставник

Tuesday, August 24, 2021

Напомени за положените студенти

Почитувани студенти,
Сите вие што ги положивте четирите испити во овие два дена да знаете дека знам за некои од вас дека со суфлери го положиле испитот. Немој да мислите дека сум „вчерашен“ и не забележувам ништо. Многу добро се забележува кој положил со системот "copy-paste". Да знаете дека имам право да ве повикам на дополнителен устен испит каде што ќе треба да ја потврдите оцената. Но, овој пат нема да го сторам тоа (од повеќе причини), што не значи дека нема да го направам во наредната декада или во некоја наредна сесија. Нека им е честито на суфлерите!

Предметен наставник

Sunday, May 30, 2021

Напомени за полагање на електронските испити

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На платформата за предметот кој го полагате се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни НЕМА да биде вклучен во платформата и НЕМА да го полага испитот.
  • Ниеден студент не смее сам да креира Meeting. За испитот има само еден Meeting што го креирам јас. Не прифаќам оправдувања дека сте биле на некој си друг Meeting и затоа сте доцнеле на испитот.
  • Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате кажано на вашите колеги и колешки кои правеа списоци во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • Задолжително да напишете име, презиме и број на индекс вклучително со годината на упис. На пример 10681/20, а не само бројот на индекс. Покрај моите укажувања постојано има студенти кои го пишуваат само бројот на индексот или прават други видови на грешки.
  • На крај кога ќе го завршите испитот задолжително треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: програмот не го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
  • Десетина секунди пред да го затворам тестот, ќе ви најавам.
  • Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Може да бидете дисквалификувани заради поднесени 2 теста. Тоа НЕ е регуларно.
  • Не треба да сте регистрирани на платформата Квалтрикс за да го полагате испитот. Неколку минути пред почетокот на испитот ќе добиете линк во четот на МТ, кој станува активен точно во закажаното време за испитот.
  • Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Saturday, January 23, 2021

Напомени за полагање на електронските испити

Почитувани студенти,

Поради постојани киксови на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:

  • На платформата за дотичниот предмет се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни нема да биде вклучен во платформата и нема да го полага испитот.
  • Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате пополнето анкета во која декада ќе полагате, претходно објавена на овој блог. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • Задолжително да напишете име, презиме и број на индекс вклучително со годината на упис. На пример 10681/20, а не само бројот на индекс. Покрај моите укажувања на вчерашните испити имаше студенти кои го пишуваат само бројот на индексот.
  • На крај кога ќе го завршите испитот задолжително треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: програмот не го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
  • Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Вчера една студентка беше дисквалификувана заради поднесени 2 теста. Тоа не е регуларно.
  • Не треба да сте регистрирани на платформата Квалтрикс за да го полагате испитот. Неколку минути пред почетокот на испитот ќе добиете линк во четот на МТ, кој станува активен точно во закажаното време за испитот.
  • Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Wednesday, December 9, 2020

Напомени за освојување ЕКТС поени по предметот ФФА

Почитувани студенти од ИСЕР,
Иако во повеќе наврати сум ви ги кажал правилата на игра, еве за да не ме препрашувате по 10 пати, ќе ги повторам уште еднаш. Како можете да ги освоите потребните 15 ЕКТС поени за да имате право да полагате во јануарската сесија?

Максимален број на присуства на предавања - 7 поени, Секое отсуство повлекува по 1 поен помалку.
Максимален број на присуства на вежби - 8 поени, Секое отсуство повлекува по 1 поен помалку.
Обработка на семинарска работа - од 1 до 10 поени.
Обработка на труд - од 1 до 5 поени. Краен рок за предавање 25.12.2020. Јас доделувам трудови за обработка. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
Обработка на интернет ресурси - од 1 до 5 поени. Краен рок за предавање 25.12.2020. Јас доделувам теми за обработка. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
Учество на студентски семинар со презентација во Power Point (максимално 10 минути) - од 1 до 5 поени. Краен рок за пријавување е 17.12.2020 кај студентка што ќе биде одредена за тоа. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
Се надевам дека сега нештата се многу појасни. Без 15 ЕКТС поени нема полагање на моите испити.
Предметен наставник

Напомени за освојување ЕКТС поени по предметот ХГФ

Почитувани студенти од ИП,
Иако во повеќе наврати сум ви ги кажал правилата на игра, еве за да не ме препрашувате по 10 пати, ќе ги повторам уште еднаш. Како можете да ги освоите потребните 15 ЕКТС поени за да имате право да полагате во јануарската сесија?
  • Максимален број на присуства на предавања - 10 поени, Секое отсуство повлекува по 1 поен помалку.
  • Обработка на семинарска работа - од 1 до 10 поени.
  • Обработка на труд - од 1 до 5 поени. Краен рок за предавање 25.12.2020. Јас доделувам трудови за обработка. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
  • Обработка на интернет ресурси - од 1 до 5 поени. Краен рок за предавање 25.12.2020. Јас доделувам теми за обработка. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
  • Учество на студентски семинар со презентација во Power Point (максимално 10 минути). - од 1 до 5 поени. Краен рок за пријавување е 16.12.2020 кај студентката што е одредена за тоа. На овој блог постои водич како се прави тоа. Вие само треба да го најдете.
Се надевам дека сега нештата се многу појасни. Без 15 ЕКТС поени нема полагање на моите испити.
Предметен наставник

Saturday, July 4, 2020

Некои напомени за онлајн испитите

Почитувани студенти,
Како што знаете денес поприлично време посветив на онлајн испитите. Но, овде морам да потенцирам некои работи кои не ми се допаѓаат за да не се повторуваат во иднина. Нема да спомнувам имиња на студенти за да не ги брукам, но во наредните сесии секој оној студент кој ќе се пријави за онлајн испит ќе треба да ми потпише изјава дека ќе полага устно. Само тешка болест која ќе ја докаже со медицинска потврда може да го оправда од откажување. Не може јас да планирам време да организирам, а некој да се откажува во „пет до дванаесет“, или воопшто да не ме информира и со таа несериозност да ги нарушува моите планови.
За да бидат нештата појасни ќе објаснам што се случи. Кога за прв пат објавив дека ќе има онлајн полагање се пријавија 15 студенти. Од нив во последните два дена се откажаа 4 студенти. Денес се откажа една студенкта откако и беа поставени прашања и уште една вратив заради незнаење. Два студенти воопшто не ми пратија е-пошта да ме известат дека нема да полагаат и не се извинија поради тоа, што го оценувам како крајно некултурен чин. Тоа значи дека останаа 6 студенти од 15 пријавени и за нивна среќа тие положија. Во иднина само тие што се 100% сигурни дека можат да полагаат устно ќе можат да се пријават. Лажно пријавување ќе повлекува некакви пенални поени. Затоа, доколку не сте сигурни во своите знаења за устно полагање дојдете си на писмен испит како и 95% од останатите студенти.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник

Thursday, January 30, 2020

Некои напомени за утрешните испит ХГФ и ФФА - 31.01.2020

Почитувани студенти,
Јас ја разбирам вашата желба да поминете со помалку учење, но тоа едноставно не е можно. Испитите што се полагаат кај мене не се игри на среќа. Нема шанси да положите на среќа. Утре, сппоред вашите пријави очекувам повеќе од 160 студенти (рекорд во мојата кариера). Би сакал да упатам една замолница до тие кои планираат да освојат до 10-15 поени подобро да не доаѓаат. Ако доаѓаат само да ги видат прашањата, им ветувам дека можам да им го покажам тестот во било кое време наредната седмица. Ако доаѓаат само за да им биде впишана петка (5), за да подоцна бараат комисиско полагање, почесно би било идната седмица да дојдат со празна пријава на која ќе им ја пишам таа оцена. Ако доаѓаат да ме видат мене (што не верувам), нема да бидам многу за гледање (што би рекол еден другар од детството: „не сум еклер за влизвање“), бидејќи ќе бидам истормозен од тешкото патување. Затоа, ги замолувам сите студенти кои планираат да се прошетаат до ФЗФ, подобро да останат на топло дома, да не го дишат загадениот скопски воздух и барем малку да го заштедат моето драгоцено време. Ќе им бидам благодарен. Утре најверојатно за прв пат нема да можам да ги прегледам сите тестови во истиот ден, бидејќи ќе бидат премногу и затоа ве молам не ме прашувајте кога ќе бидат резултатите? Во сабота и недела повторно имам обврски на ФЗФ со обуки за аутизам преку МНЗА и затоа не можам ништо да гарантирам околу брзината на прегледување на вашите писмени испити.
Најучтиво ви укажувам да бидете во 7:45 пред големиот амфитеатар на ФЗФ и сами да не седнувате на столчињата бидејќи ќе бидете распоредени според моето убедување. Сите студенти што ќе задоцнат и една минута ќе бидат упатени на полагање во јунската сесија. Затоа, предвидете ги сите непријатни околности и гужви на патот од дома до факултетот.
Купете си и пополнете си пријава денес, затоа што утре нема да биде примен ниту еден студент без пријава. Исто така, Студентскиот сервис на ФЗФ можеби нема да биде отворен во 7:45 часот.
На тие што се учеле долго време и квалитетно ви посакувам многу успех, а на другите многу повеќе учење и откажување од овоземските задоволства.
Ви благодарам на вниманието!
Предметен наставник

Sunday, December 15, 2019

Неколку напомени и аргументи за втората #ReAttach конференција

Почитувани колешки и колеги, драги студенти и ценети родители,

Би сакал да ви дадам неколку напомени во врска со втората #ReAttach конференција што ќе се одржи во хотел Арка, Скопје, Македонија за помалку од 5,5 месеци. Организатори на конференцијата се Stichting ReAttach Therapy International и Македонско научно здружение за аутизам. Раната регистрација и крајниот рок за пријавување на апстракти завршува на 31.12.2019 година. По тој датум ќе може да се регистрирате само како пасивен учесник и за поголема котизација. Би сакал да истакнам дека ниту еден учесник нема да може да присуствува гратис, како што тоа било можеби порано случај на некои други конференции. Најниската котизација (без 2 ручека и свечена вечера) до 31.12.2019 година изнесува 20 евра, а доколку сакате да ги имате двата ручека во хотел Арка ќе треба да доплатите уште 18 евра. Доколку сакате да бидете учесник и на свечената вечера (ресторанот дополнително ќе се одреди) ќе треба да доплатите уште 25 евра, или вкупната котизација за членови на МНЗА, студенти, магистранти, докторанди и родители изнесува 63 евра. Предност на оваа конференција е што вие сами си ги бирате приоритетите. Има дури регистрација само за еден ден, доколку не можете да присуствувате на двата дена. Би сакал да напоменам дека ниту еден учесник нема да може да руча или вечера доколку ја нема платено котизацијата. За сите учесници од Македонија лично обезбедив попуст и ќе треба да се обратат на следната е-пошта за да бараат код за попуст при регистраицијата на веб страницата. Кога ќе се обратите на таа е-пошта задолжително да ја објасните вашата конекција со МНЗА.
На конференцијата доаѓаат најмалку десетина врвни имиња од областа на риатач третманот, аутистичниот спектар на нарушувања, невроразвојните нарушувања од САД, Холандија, Ирска, Италија, Израел, Индија и други држави. Сите тие доаѓаат без материјална надомест од љубов кон науката, желбата да го пренесат своето знаење на стручњаците и родителите во Македонија и од почит кон МНЗА. Затоа и се воведени овие котизации за да можат да се покријат трошоците за пат и престој во хотелот со 5 ѕвезди. Сите што добро ме познаваат знаат дека досега се` што сум организирал од семинари, конгреси, конференции било гратис, но овој пат ќе мора да платат минимална котизација ако сакаат да слушаат нешто што досега не слушнале од оваа област. Сите учесници активни и пасивни ќе добијат сертификат за учество.
Во хотел Арка има на располагање 41 соба од кои во моментот се веќе резервирани и платени 35 соби. Сите учесници од Македонија и регијата кои нема да можат да најдат соба во хотелот ги упатуваме на околните хотели или нека се обратат до организаторот.
За родителите на деца со АСН има уште една ексклузивна можност а тоа е да можат да се консултираат со врвните експерти кои ќе нудат бесплатни консултативни услуги во Гаспар центарот во Козле на 31 мај 2020 година (недела). Бројот на прегледи е ограничен на 20-25, затоа родителите што ќе се регистрираат на конференцијата ќе имаат предност за обезбедување на термин. Пријавувањето за прегледи се врши на оваа е-пошта.
Бројот на посетители во големата сала на хотел Арка е ограничен на 150. Досега веќе има регистрирано 80-тина гости. Затоа, побрзајте со пријавувањето. По исполнувањето на 150 учесници, нема да биде примен ниту еден посетител. Сите дополнителни прашања кои ги имате може да ги поставите на горенаведените е-пошти.

Со почит,
Претседател на МНЗА


Thursday, December 12, 2019

Неколку напомени за 15 ЕКТС поени

Драги студенти,
По моите предмети освојувањето на 15 ЕКТС поени е condicio sine qua non. Без тоа не можете да излезете на испит. Како можете најлесно да ги освоите тие фамозни 15 поени? Многу едноставно. Само да доаѓате редовно на сите предавања и вежби. Да претпоставиме дека некој некогаш ќе се разболе, ќе задоцни или ќе тактизира со правење по 2 минуса на предавања и 2 на вежби (повеќе не е дозволено бидејќи не давам потпис). Тоа би значело дека на крај од семестарот би имал максимално 11 поени од присуство. Ако не положил прв колоквиум или ако нема плусови од активност (секој плус носи по 1 поен), или ако не земал претходно семинарска, или ако освоил помалку од 4 поени на семинарската, тоа би значело дека мора да одработи една од следните задачи:
  1. Семинарски труд до 10 страници (постои водич на овој блог како се прави семинарски труд). Максимален број на поени се 10.
  2. Обработка на странски стручен или научен труд кој е на анаглиски јазик и кој јас го давам како линк. Трудот треба да има максимално 3 страници и со свои зборови треба да се извлечат клучните поенти од трудот. На крајот се наведуваат автори, наслов на трудот, списание, волумен, број на списание, број на страници од која до која е трудот. Максимален број на поени се 5.
  3. Интернет ресурси на дадена тема од мене, се пребарува на интернет и се зема материјал од најмалку 3 интернет ресурси. На крајот се наведуваат интернет ресурсите како литература. Бројот на страници е до 5. Максимален број на поени се 5.
  4. Симнување на 60 видео клипови на дадени теми од Јутјуб или друг ресурс за видеа и режење на ЦД и доставување на истото до мене лично. Секој фајл треба да го носи името во оригинал на видеото. ЦД-то мора да содржи список на исчикани видео клипови, име и презиме на студентот и предметот по кој се прави. Максимален број на поени се 3.
Кај студентите од Институтот за психологија бидејќи немаат вежби речиси е задолжително кај повеќето студенти покрај семинарската работа да одработат и уште една задача. Ова не важи за тие студенти што биле на сите предавања, што имаат положено прв колоквиум, или што освоиле најмалку 5 поени на семинарската работа.
За сите овие задачи морам да бидам лично консултиран и јас да ви ги доделам. Не е дозовлено лично одбирање на теми и ресурси.
Колегијален поздрав,
Предметен наставник

Wednesday, May 15, 2019

Некои напомени за предметот Аутизам

Почитувани постдипломци,
Сакам да ви дадам некои напомени за полагањето на предметот Аутизам:

  • Потпис се добива само со редовно присуство на сите 6 предавања.
  • Испитот не може да го полагате без потпис и без завршена задача најмалку една седмица пред испитот.
  • Сите постдипломци треба да имате фотокопирано по 2 поглавја од учебникот на англиски јазик.
  • Подготвувањето на испитот не е лесно и едноставно и треба да се посвети многу време за учење, големо следење на литература за аутизам.
  • Ве молам не доаѓајте неподготвени на испит. Не прифаќам никави изговори, молења и слични недолични академски однесувања.
  • Не користете ургенции!
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Saturday, February 16, 2019

Напомени за моите дипломци

Почитувани дипломци,
Сите вие кои ме избрвте за ментор на вашите дипломски работи, ви благодарам поради тоа. Сакам да ви се заблагодарам и да ви го насочам вашето внимание на неколку работи:

  1. Мошне внимателно одберете ја вашата тема ако досега не сме ја детерминирале. Таа мора да е оригинална, актуелна, досега неработена на нашиот институт. Започнете рано со пребарување на интересна тема и не одложувајте за понатаму. Запипишувајте ги сите ваши идеи во тетратка. Потребно е долго и макотрпно пребарување на интернет на идеи за тема, на литература и сл. Темата мора да биде поврзана со мојата експертиза инаку чуму сум ви јас ментор? Кога ќе ја одберете вашата тема запоменте ги овие три збора: Фокус, Фокус, Фокус. Темата што ќе ја одберете мора посебно да ве интересира, инаку во спротивно никогаш нема да ја завршите дипломската работа ако одберете тема која не ви е интересна.
  2. Барајте помош од вашиот ментор секогаш кога е тоа потребно. Но, не претерувајте во тоа. Ви стојам на рапсолагање за консултации во живо, преку е-пошта, па дури и на скајп. Пред секоја средба со мене, направете си листа со прашања кои сакате да ги дискутираме. По секоја средба со вашиот ментор не е лошо да напишете една е-пошта со клучните точки од состанокот која ќе служи како потсетник и за двајцата.
  3. По одбирањето на темата потребно е да направите методолошка рамка од 2-3 страници во која ќе ги наведете целите, хипотезите на истражувањето, испитуваната и контролната група (доколку ја има) и начинот како планирате да го спроведете истражувањето. Во оваа фаза убаво би било да го доставите и прашалникот на истражувањето со кој мислите да ја спроведете студијата.
  4. Зачувувајте копии од тоа што сте го напишале на повеќе компјутери или на стикови со надворешна меморија. Од искуството знам дека на студентите често знае да им се расипе компјутерот и потоа морале да започнат се` од ново, а тоа е губење време.
  5. Кога ќе го завршите истражувањето следи пишувањето на дипломската работа, иако теоретскиот дел може да го пишувате паралено со изведувањето на истражувањето. Запомнете дипломската работа треба да биде напишана на околу 50 страници во програмот Ворд од кои 1/3 е теоретскиот дел, 2/3 истражувачкиот дел. Литературата во околу 50% да ви биде објавена во последните 5-6 години и да биде убаво цитирана. Секој автор што е цитиран во трудот, мора да се појави во листата на литературата. Детален водич за пишување на дипломски работи можете да најдете на овој блог ако пребарувате во полето за пребарување. Трудот треба да има најмалку 2-3 страници дискусија во која ќе ги компарирате сопствените резултати со туѓите претходно објавени од вашата област на истражување.
Како можете да направите предлог за истражување можете да најдете на следниот линк. Искрено се надевам дека барем малку ви помогнав во вашата дипломска работа.
Срдечно,
Менторот



Wednesday, December 26, 2018

Како да направите добра power point презентација

Драги мои студенти
Во пресрет на семинарите за две седмици сакам да ви дадам некои напатствија како да направите добра  power point  презентација. Искрено се надевам дека нешто од ова ќе го примените во вашите презентации. 

Презентирањето е процес на пренос на информации и притоа треба да внимавате на сите детали и да имате добар контакт со публиката. При презентирањето треба да знаете на која целна публика и се обраќате (во училиште, на клиника, на институт, презентирање на семинарски труд, научен труд, приказ на проект, итн.). Презентацијата е помош за предавачот, а не негова замена. Слајдот треба да ги нагласи битните елементи од предавањето и да укаже на тоа што предавачот го зборува. Слајдот треба да е кус, директен и да вклучува само клучни зборови. За да може вашата презентација да биде прикажана на екран или ѕид, текстовите и сликите треба да бидат во рамка од 95% од слајдот.
Структурата на презентација треба да изгледа вака:
Прв слајд: од кој универзитет, факултет, институт доаѓате, наслов на темата, датум и каков тип на случување е тоа, кој е предавачот.
Втор слајд: основна порака за да привлечете што поголемо внимание.
Трет слајд: преглед на презентацијата (содржина на пример).
Останати слајдови: на врвот наслов на секој слајд и важни елементи кои треба да се потсетник за предавачот. Сите слајдови треба да се нумерирани.
Последен слајд: контакт информации (електронска пошта, веб страница, Фејсбук адреса, блог, Твитер и сл.).
Треба да се придржувате до формата на слајдовите. Наслови, поднаслови и логоа треба да се појавуваат на исто место на сите слајдови. Маргините, фонтовите и боите треба да се во склад со графиконите кои секогаш треба да се наоѓаат на исто место во секој слајд.
Конкретно времетраењето за презентација на семинарските трудови ќе изнесува 10 минути што значи дека треба да имате помеѓу 10 и 15 слајдови.
Не смее да има пренатрпаност на слајдовите со многу текст. Не треба да има вишок на информации. Понекогаш графиконите и сликите можат да се префрлат на други слајдови.
Фонтовите треба да бидат читливи и доволно големи. За основен текст големина најмалку 24, за поднаслови 32, а за наслови 36, 40, или поголеми. Препорачани фонтови се: Times New Roman, Arial, Tahoma, Verdana во МК поддршка за кирилица. Фонтот треба да биде стандардизиран низ целата презентација. Италик не користете бидејќи е тешко за читање. Потцртување се прави само за хиперлинкови. Користете друга боја или болдирање ако сакате нешто да потенцирате. Курзив се користи за цитати, да нагласи одредено мислење или идеи, за наслови на книги, или на списанија. Треба да изберете прикладни, контрастни бои кои треба да се складни со позадината и да не биде прешарено. Користете иста позадина за секој слајд, не експериментирајте премногу. Менувањето на стилот на позадината го одвлекува вниманието. Не користете позадини во кои текстот ќе биде слабо читлив. Секогаш треба да се води сметка за контрастот на боите. При избор на боја водете сметка за просторијата и светлината во неа. Ако просторијата е темна, позадината може да биде темна со светли букви (прим. сино и жолто). Ако просторијата е светла, подобро да се користи светла позадина со темни букви.  За графиконите, сликите и шемите бидете сигурни дека публиката може да ги прочита. Графиконот е визулено поприфатлив начин за претставување на броеви, отколку табела. Илустрациите користете ги кога ќе ви затребаат. Треба да се однесуваат на главната порака, на поентата на предавањето. Едноставните дијаграми се одлични за комуникација со публиката. Графиконите, сликите и анимациите придонесуваат за разбивање на монотонијата во предавањето. При изборот на анимација бидете внимателни да не се одвлече вниманието на слушателите од главната приказна на предавачот. Користете набројување со бројки кога има логични сукцесивни чекори.
Не ги користете медиумите да се сокриете позади компјутерот или проекторот. Медиумите треба да ја подобрат презентацијата, а не да бидат презентација сами по себе. Треба да направите проверка на расположливото време, да се проба предавањето во домашни услови. Предолгите презентации одтануваат недоискажани, а пак прекусите презентации оставаат повеќе време за прашања. Испратете ја презентацијата за проверка дали е се во ред со фонтовите, со кодеците, со други додатоци. Имајте секогаш резервен план, на пример ако користите интернет и тој не функционира. Воопшто не треба да сте нервозни и да имате трема. Понекогаш може да се уфрли досетка, тоа го привлекува вниманието и ја разбива монотонијата, но не смее да се претера. Првиот впечаток е најбитен, не се извинувајте однапред, почекајте да се стиша публиката и почнете со голема сигурност во себе. Изразувајте се разбирливо, бидете доволно гласни, движете се ако можете. Мора да дадете енергичност во предавањето, зашто ако ви е досадно вам, тогаш секако и на публиката ќе и биде досадно. Менувајте го тоналитетот, нагласувајте, а ако треба малку и бидете драматични. Имајте контакт со очи со целата публика, а не гледајте само во една точка. Комуцирајте и со публиката и со комисијата ако се работи за одбрана на дипломски, магистерски или докторски труд.

Во однос на семинарите сакам да укажам на сите пријавени презентери дека вашите презентации претставниците на групите треба да ми ги пратат најдоцна до сабота 05.01.2019 година до 15 часот преку Гугл драјв. Фајлот треба да биде именуван на следниот начин: име и презиме на презентерот-цртичка-наслов на семинарската-цртичка-кус наслов по кој предмет е семинарската работа.
Пример: Благородна Каранфиловска-Генетски дисциплини-ХГФ. Во продолжение уште напомени за добра презентација.

Во надеж дека малку ви помогнав во вашите презентации, срдечно ве поздравувам.
Предметен наставник