Како што знаете денес поприлично време посветив на онлајн испитите. Но, овде морам да потенцирам некои работи кои не ми се допаѓаат за да не се повторуваат во иднина. Нема да спомнувам имиња на студенти за да не ги брукам, но во наредните сесии секој оној студент кој ќе се пријави за онлајн испит ќе треба да ми потпише изјава дека ќе полага устно. Само тешка болест која ќе ја докаже со медицинска потврда може да го оправда од откажување. Не може јас да планирам време да организирам, а некој да се откажува во „пет до дванаесет“, или воопшто да не ме информира и со таа несериозност да ги нарушува моите планови.
За да бидат нештата појасни ќе објаснам што се случи. Кога за прв пат објавив дека ќе има онлајн полагање се пријавија 15 студенти. Од нив во последните два дена се откажаа 4 студенти. Денес се откажа една студенкта откако и беа поставени прашања и уште една вратив заради незнаење. Два студенти воопшто не ми пратија е-пошта да ме известат дека нема да полагаат и не се извинија поради тоа, што го оценувам како крајно некултурен чин. Тоа значи дека останаа 6 студенти од 15 пријавени и за нивна среќа тие положија. Во иднина само тие што се 100% сигурни дека можат да полагаат устно ќе можат да се пријават. Лажно пријавување ќе повлекува некакви пенални поени. Затоа, доколку не сте сигурни во своите знаења за устно полагање дојдете си на писмен испит како и 95% од останатите студенти.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment