Showing posts with label проблеми. Show all posts
Showing posts with label проблеми. Show all posts

Saturday, July 4, 2020

Некои напомени за онлајн испитите

Почитувани студенти,
Како што знаете денес поприлично време посветив на онлајн испитите. Но, овде морам да потенцирам некои работи кои не ми се допаѓаат за да не се повторуваат во иднина. Нема да спомнувам имиња на студенти за да не ги брукам, но во наредните сесии секој оној студент кој ќе се пријави за онлајн испит ќе треба да ми потпише изјава дека ќе полага устно. Само тешка болест која ќе ја докаже со медицинска потврда може да го оправда од откажување. Не може јас да планирам време да организирам, а некој да се откажува во „пет до дванаесет“, или воопшто да не ме информира и со таа несериозност да ги нарушува моите планови.
За да бидат нештата појасни ќе објаснам што се случи. Кога за прв пат објавив дека ќе има онлајн полагање се пријавија 15 студенти. Од нив во последните два дена се откажаа 4 студенти. Денес се откажа една студенкта откако и беа поставени прашања и уште една вратив заради незнаење. Два студенти воопшто не ми пратија е-пошта да ме известат дека нема да полагаат и не се извинија поради тоа, што го оценувам како крајно некултурен чин. Тоа значи дека останаа 6 студенти од 15 пријавени и за нивна среќа тие положија. Во иднина само тие што се 100% сигурни дека можат да полагаат устно ќе можат да се пријават. Лажно пријавување ќе повлекува некакви пенални поени. Затоа, доколку не сте сигурни во своите знаења за устно полагање дојдете си на писмен испит како и 95% од останатите студенти.
Ви благодарам за разбирањето!
Предметен наставник

Tuesday, May 26, 2020

7 вебинар: Проблеми во исхрана и спиење кај децата со АСН

Драги родители на деца со АСН, почитувани колешки и колеги,

Би сакал да ве поканам на мојот седми вебинар што ќе го одржам во последните 2,5 месеци, а чевртиот вебинар на МНЗА што ќе се одржи во четврток на 28 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Вебинар е со наслов: „Проблеми во исхрана и спиење кај децата со АСН“, а ќе го реализира мојата маленкост. Модератор ќе биде Андреа Ивановска, студентка на Институтот за психологија, при ФЗФ Скопје.
Вебинарот е наменет пред се` за родители, а потоа и за специјалните едукатори и рехабилитатори, психолозите, наставниците, студентите и сите кои се заинтересирани за оваа област.
Повелете регистрирајте се на Zoom додека има места.


Претседател на МНЗА

Wednesday, March 18, 2020

Серија Вебинари на проф. д-р Владимир Трајковски

Почитувани колешки и колеги, студенти драги родители,
Од утре 19.03.2020 година започнувам серија вебинари на мои предавања кои сум ги презентирал на конгреси и конференции во земјата и странство во изминатите години. Во време кога сите би требало да се дома, не е на одмет и јас во духот на солидаризмот да го споделам моето знаење бесплатно. Велат: ако професорот го држи знаењето за себе и не го споделува тогаш не е добар професор. Искрено се надевам дека овие мои предавања преку мојот Јутјуб канал ќе разбудат интерес кај помладите колешки и колеги, кај студентите и родителите на децата со АСН. За утре го предвидувам првиот вебинар под наслов: Ментално здравствени проблеми кај аутистичен спектар на нарушувања. Вебинарот ќе започне во 11:00 часот и ќе можете да го следите на долниот линк. Вие ќе можете да поставувате прашања во живо, а одговор ќе добиете по завршување на вебинарот. 


Ви благодарам на вниманието!
Претседател на МНЗА