Monday, July 6, 2020

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР 2020/21 год. НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, СКОПЈЕ

Согласно превентивните мерки за спречување на ширење на КОВИД-19, наставата на прв циклус студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во зимскиот семестар во учебната 2020/21 година ќе се одвива како:

(i) настава со посредство на електронска комуникација (во продолжение е-настава) и
(ii) настава со физичко присуство[1]

(i) Е-наставата (предавања и вежби) на прв циклус студии во зимскиот семестар 2020/21 година е задолжителна за сите предмети кои студентите ги запишале или презапишале во зимскиот семестар во учебната 2020/21 година. За предмети за кои има пријавено помалку од 5 студенти се држат консултации со посредство на електронска комуникација. Е-наставата (предавањата и вежбите) ќе се одвива преку две платформи: Микрософт Тимс и МудлФзФ.

Платформата Микрософт тимс е веќе на располагање (од летниот семестар 2020) и во неа професорите можат да го поставуваат материјалот за предметите кои ги предаваат во текот на зимскиот семестар 2020. Во текот на месеците август и септември 2020 година ќе се спроведат задолжителни обуки за сите наставници при Филозофскиот факултет за користење на оваа платформа[2]. По спроведувањето на обуката, предметните наставници се обврзуваат тековно и навремено да поставуваат електронски материјал за предавањата и вежбите за предметите во зимскиот семестар 2020/21 година. Покрај поставување на дидактичкиот материјал, се задолжуваат наставниците редовно да одржуваат е-настава со видео комуникација преку Микрософт Тимс. 

Колоквиумите и испитите за предметите за кои се држи е-настава ќе се одвиваат преку: (1) платформата Микрософт Тимс и соодветните апликации кои оваа платформа ги нуди (како Микрософт формс и сл.), и (2) платформата Егзам нет (платформа со заштитен пребарувач). Консултациите со студентите се одвиваат преку платформата Микрософт Тимс.

Платформата МудлФзф е во завршна фаза на изработка и по спроведување на обука за користење на истата, професорите ќе може да ја користат за настава. 

Одржувањето на е-наставата (предавања и вежби) ќе се одвива согласно точно утврдени термини кои ќе бидат истакнати во распоредот за часови за зимскиот семестар 2020/21. 

Наставата за предметите каде е предвидена и задолжителна пракса и присуство во одредена институција, треба да се прилагоди во согласност со критериумите за е-настава. Согласно потребите на институтите, Филозофскиот факултет ќе склучи дополнително Меморандуми за е-пракса (пр. изведување е-настава за градинки, училишта и сл.) со соодветните институции.

(ii) Настава со физичко присуство (предавања и вежби) во зимскиот семестар 2020/21 година ќе може да се изведува доколку биде дозволено од надлежните органи и доколку студентските домови се отворат во учебната 2020/21 година. Истата ќе може да се изведува во мали групи, односно во предавални во кои во еден термин ќе може да присуствуваат само ограничен број студенти. Бројот на места по предавални за реализирање настава со физичка дистанца е утврден и доставен до сите координатори. Наставата со физичко присуство ќе се одвива согласно претходно подготвен распоред по предавални на Филозофскиот факултет, каде местата се означени согласно препораките за физичка оддалеченост и со запазување на евентуалните дополнителни протоколи. Консултациите со студенти со физичко присуство може да се одржуваат во кабинет (најмногу еден студент во еден термин) и во библиотеките при Институтите.

Наставата на втор и трет циклус студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во зимскиот семестар во учебната 2020/21 година ќе се одвива со физичко присуство (доколку е возможно) и настава со посредство на е-настава. Наставата со физичко присуство ќе се одвива задолжително, доколку тоа не е во спротивност со превентивни мерки актуелни во терминот за одржување на наставата. Истата ќе може да се изведува во мали групи, односно во предавални во кои во еден термин ќе може да присуствуваат согласно протоколите. Наставата со физичко присуство ќе се одвива според претходно подготвен распоред по предавални на Филозофскиот факултет, каде местата се означени согласно препораките за физичка одалеченост. Е-наставата на втор и трет циклус студии ќе се одвива во случај на спреченост за одржување на настава со физичко присуство заради превентивни мерки актуелни во терминот за одржување на наставата. Е-наставата (предавањата, вежбите, испитите) ќе се одвива преку две платформи: Микрософт Тимс и МудлФзФ.

Одбраните на дипломските, магистерските и докторските трудови при Филозофскиот факултет во зимскиот семстар во учебната 2020/21 година ќе се одвиваат комбинирано: со физичко присуство и со посредство на електронска комуникација (во продолжение е-одбрана). Одбраните со физичко присуство ќе се одвиваат задолжително, доколку тоа не е во спротивност со превентивни мерки актуелни во терминот за одржување на одбраната. Е-одбраните ќе се одвиваат само во случај на спреченост за одржување на одбрана со физичко присуство заради превентивни мерки актуелни во терминот за одржување на одбраната. Е-одбраната ќе се одвива преку платформата Микрософт Тимс.

Се задолжуваат сите предметни наставници навремено да ја прилагодат наставата за зимскиот семестар 2020/21 година, согласно горе наведените информации.

Зависно од актуелните случувања и промени кои ќе произлезат од состојбата предизвикана од Ковид-19, ќе следат дополнителни известувања и препораки во однос на наставата во зимскиот семестар во учебната 2020/21 година. 

Деканат на Филозофски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

No comments:

Post a Comment