Showing posts with label зимска сесија. Show all posts
Showing posts with label зимска сесија. Show all posts

Wednesday, January 14, 2026

Анкета за полагање испити во зимската сесија - 2026

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам со вас анкетата за полагање испити во зимската сесија која треба да ја пополните ВЕДНАШ сите што планирате да полагате, но не подоцна од 18 јануари. Се надевам дека ви беше доволно време за размислување и дека нема да правите рокади во декадите. Потребно е да ви бидат пријавени електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Следете го блогот во јануари и февруари, заради евентуални промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на разбирањето. 

Предметен наставник 

Wednesday, January 4, 2023

Анкета за полагање испити во зимската сесија 2023

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам анкетата за полагање испити во есенската сесија. Потребно е да ви бидат пријавении електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот доколку се полага со физичко присуство. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Следете го блогот во јануари и февруари заради евентуални промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на разбирањето.

Предметен наставник

Thursday, January 20, 2022

Напомени за полагање на испитите во зимската сесија 2022

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На МТ платформата за предметот кој го полагате се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни НЕМА да биде вклучен во платформата и НЕМА да го полага испитот.
  • Ниту еден студент не смее сам да креира Meeting. За испитот има само еден Meeting што го креирам јас. Не прифаќам оправдувања дека сте биле на некој си друг Meeting и затоа сте доцнеле на испитот.
  • Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • Доколку полагате во првата декада најдоцна до утре 21.01.2022 година треба да доставите печатена верзија кај координаторката на ЕКТС на ИСЕР до 14:00 часот. Доколку полагате во втората декада, најдоцна до петок 28.01.2022 година до 14:00 часот.
  • Задолжително да се пријавите на Мудл платформата на ФЗФ по предметите кои ги полагате, бидејќи таму ќе бидат поставени испитите.
  • На крај кога ќе го завршите испитот треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: и да не го стиснете тоа копче, програмот го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
  • Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Може да бидете дисквалификувани заради поднесени 2 теста. Тоа НЕ е регуларно.
  • Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

Wednesday, January 19, 2022

Анкета за полагање испити зимска сесија 2022

Почитувани студенти,

Како што веќе знаете се ближи првата декада од зимската сесија. За таа цел морате кај координаторката да доставите пријави за полагање на испитите, а исто така треба да ви бидат пријавении и електронски испитите. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Ви благодарам на соработката.
Предметен наставник