Thursday, January 20, 2022

Напомени за полагање на испитите во зимската сесија 2022

Почитувани студенти,

Поради постојани грешки на одредени студенти должен сум да дадам повторно одредени напомени за полагање на испитите:


  • На МТ платформата за предметот кој го полагате се вклучувате најмалку 10-15 минути порано. Кој доцни НЕМА да биде вклучен во платформата и НЕМА да го полага испитот.
  • Ниту еден студент не смее сам да креира Meeting. За испитот има само еден Meeting што го креирам јас. Не прифаќам оправдувања дека сте биле на некој си друг Meeting и затоа сте доцнеле на испитот.
  • Испитот се полага со задолжително вклучена камера и исклучен микрофон. Имам право да го дисквалификувам секој студент кој нема да вклучи камера или ќе се обиде да препишува и да користи други помошни методи.
  • За да се излезе на испит мора да имате освоено 15 ЕКТС поени, да имате електронски пријавен испит и да имате оставено печатена пријава кај координаторката на ЕКТС при ИСЕР.
  • Треба да имате пополнето анкета во Гугл формулар во која декада ќе полагате. На пријавата треба да ја назначите декадата во која ќе полагате.
  • Доколку полагате во првата декада најдоцна до утре 21.01.2022 година треба да доставите печатена верзија кај координаторката на ЕКТС на ИСЕР до 14:00 часот. Доколку полагате во втората декада, најдоцна до петок 28.01.2022 година до 14:00 часот.
  • Задолжително да се пријавите на Мудл платформата на ФЗФ по предметите кои ги полагате, бидејќи таму ќе бидат поставени испитите.
  • На крај кога ќе го завршите испитот треба да притиснете на копчето ЗАВРШИ И ПОДНЕСИ ГО ТЕСТОТ. Ако тоа го стиснете, потоа, нема враќање на тестот назад. Запомнете: и да не го стиснете тоа копче, програмот го повлекува автоматски вашиот тест по истекот на зададеното време.
  • Не се пријавувајте по 2 пати на испитот. Може да бидете дисквалификувани заради поднесени 2 теста. Тоа НЕ е регуларно.
  • Доколку има мал број на пријавени студенти по даден испит, имам право да го изведам испитот по устен пат на платформата МТ.
  • Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment