Почитувани студенти,
Во прилог ви го праќам списокот на освоени ЕКТС поени по Хумана генетика и физиологија по сите основи. Списокот е креиран во Ексел програмата и ќе остане на We Transfer платформата само 7 денови. Им честитам на сите студенти што имаат оформено оцена.
Тие што се обележени во црвено имаат отуства од предавања и ниту една друга активност. Требало да мислат досега како да ги надополнат сите пропуптени поени, а притоа не правеле семинарска работа. Доколку сакаат да полагаат во јануарска-февруарска сесија треба да земат задача веднаш и да ја одговараат на Мајкрософт Тимс во петок или понеделник најдоцна. Потоа веќе немам време да посветувам на овие активности, а за кои во изминатите 3-4 седмици одвојував доста време. Вие тоа не го испочитувавте.
Студентите што се обележени во зелено се во најлоша позиција. Беа земени 3 различни списоци за присуство од 3 различни датуми од кои еден беше денешниот и нив ги немаше на ниту еден список. Тие или се откажале од студирање или навистина многу малку присуствувале што не ми дава можност да ги пуштам да полагаат во јануарската сесија. Ќе треба убаво да докажат кога биле присутни и по колку време биле и плус да добијат доста задачи за да можат да полгаат во јунската сесија. Тие задачи ќе мораат да ги завршат до 30 април.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment