Showing posts with label ресурси. Show all posts
Showing posts with label ресурси. Show all posts

Sunday, October 12, 2025

ФФА на Мајкрософт Тимс

Почитувани студенти,

Потребно е да имате корисничко име и лозинка за да влезете во предметот Физиологија со функционална анатомија на Мајкрософт Тимс. Потоа, треба да побарате прием, а јас да ве прифатам. Помалку од 10-тина студенти веќе го сторија тоа. Се очекува целата генерација да се приклучи за да го користите како дополнителен ресурс за учење. Се` ви е дадено на послужавник, вие само треба да сакате да учите темелно и посветено.

Предеметен наставник

Thursday, December 12, 2019

Неколку напомени за 15 ЕКТС поени

Драги студенти,
По моите предмети освојувањето на 15 ЕКТС поени е condicio sine qua non. Без тоа не можете да излезете на испит. Како можете најлесно да ги освоите тие фамозни 15 поени? Многу едноставно. Само да доаѓате редовно на сите предавања и вежби. Да претпоставиме дека некој некогаш ќе се разболе, ќе задоцни или ќе тактизира со правење по 2 минуса на предавања и 2 на вежби (повеќе не е дозволено бидејќи не давам потпис). Тоа би значело дека на крај од семестарот би имал максимално 11 поени од присуство. Ако не положил прв колоквиум или ако нема плусови од активност (секој плус носи по 1 поен), или ако не земал претходно семинарска, или ако освоил помалку од 4 поени на семинарската, тоа би значело дека мора да одработи една од следните задачи:
  1. Семинарски труд до 10 страници (постои водич на овој блог како се прави семинарски труд). Максимален број на поени се 10.
  2. Обработка на странски стручен или научен труд кој е на анаглиски јазик и кој јас го давам како линк. Трудот треба да има максимално 3 страници и со свои зборови треба да се извлечат клучните поенти од трудот. На крајот се наведуваат автори, наслов на трудот, списание, волумен, број на списание, број на страници од која до која е трудот. Максимален број на поени се 5.
  3. Интернет ресурси на дадена тема од мене, се пребарува на интернет и се зема материјал од најмалку 3 интернет ресурси. На крајот се наведуваат интернет ресурсите како литература. Бројот на страници е до 5. Максимален број на поени се 5.
  4. Симнување на 60 видео клипови на дадени теми од Јутјуб или друг ресурс за видеа и режење на ЦД и доставување на истото до мене лично. Секој фајл треба да го носи името во оригинал на видеото. ЦД-то мора да содржи список на исчикани видео клипови, име и презиме на студентот и предметот по кој се прави. Максимален број на поени се 3.
Кај студентите од Институтот за психологија бидејќи немаат вежби речиси е задолжително кај повеќето студенти покрај семинарската работа да одработат и уште една задача. Ова не важи за тие студенти што биле на сите предавања, што имаат положено прв колоквиум, или што освоиле најмалку 5 поени на семинарската работа.
За сите овие задачи морам да бидам лично консултиран и јас да ви ги доделам. Не е дозовлено лично одбирање на теми и ресурси.
Колегијален поздрав,
Предметен наставник