Showing posts with label семинарска. Show all posts
Showing posts with label семинарска. Show all posts

Thursday, December 12, 2019

Неколку напомени за 15 ЕКТС поени

Драги студенти,
По моите предмети освојувањето на 15 ЕКТС поени е condicio sine qua non. Без тоа не можете да излезете на испит. Како можете најлесно да ги освоите тие фамозни 15 поени? Многу едноставно. Само да доаѓате редовно на сите предавања и вежби. Да претпоставиме дека некој некогаш ќе се разболе, ќе задоцни или ќе тактизира со правење по 2 минуса на предавања и 2 на вежби (повеќе не е дозволено бидејќи не давам потпис). Тоа би значело дека на крај од семестарот би имал максимално 11 поени од присуство. Ако не положил прв колоквиум или ако нема плусови од активност (секој плус носи по 1 поен), или ако не земал претходно семинарска, или ако освоил помалку од 4 поени на семинарската, тоа би значело дека мора да одработи една од следните задачи:
  1. Семинарски труд до 10 страници (постои водич на овој блог како се прави семинарски труд). Максимален број на поени се 10.
  2. Обработка на странски стручен или научен труд кој е на анаглиски јазик и кој јас го давам како линк. Трудот треба да има максимално 3 страници и со свои зборови треба да се извлечат клучните поенти од трудот. На крајот се наведуваат автори, наслов на трудот, списание, волумен, број на списание, број на страници од која до која е трудот. Максимален број на поени се 5.
  3. Интернет ресурси на дадена тема од мене, се пребарува на интернет и се зема материјал од најмалку 3 интернет ресурси. На крајот се наведуваат интернет ресурсите како литература. Бројот на страници е до 5. Максимален број на поени се 5.
  4. Симнување на 60 видео клипови на дадени теми од Јутјуб или друг ресурс за видеа и режење на ЦД и доставување на истото до мене лично. Секој фајл треба да го носи името во оригинал на видеото. ЦД-то мора да содржи список на исчикани видео клипови, име и презиме на студентот и предметот по кој се прави. Максимален број на поени се 3.
Кај студентите од Институтот за психологија бидејќи немаат вежби речиси е задолжително кај повеќето студенти покрај семинарската работа да одработат и уште една задача. Ова не важи за тие студенти што биле на сите предавања, што имаат положено прв колоквиум, или што освоиле најмалку 5 поени на семинарската работа.
За сите овие задачи морам да бидам лично консултиран и јас да ви ги доделам. Не е дозовлено лично одбирање на теми и ресурси.
Колегијален поздрав,
Предметен наставник

Tuesday, December 25, 2018

Список на освоени поени од семинарски труд - ФФА 2018

Драги студенти од Институтот за дефектологија,
Во прилог ви го праќам списокот на освоени поени од семинарските трудови по предметот Физиологија со функционална анатомија. Ете во рекордно време успеав да ги прегледам сите 41 доставени семинарски трудови. За вашите грешки пишував во минатиот пост. Вие најдобро си знаете колку минуси имате од предавња и вежби. Ќе си ги соберете заедно со овие поени и доколку немате 15 ЕКТС поени ќе треба задолжително да земете задача во четврток и најдоцна до 10.01.2019 година да ја завршите доколку сакате да полгате во јануарска сесија. Доколку не ја завршите до тој рок, тогаш помеѓу февруари и мај ќе мора да ја завршите за да полагате во јунската сесија.
Во прилог списокот на освоени поени во Ексел формат.

Предметен наставник

Thursday, October 11, 2018

Список на семинарски трудови по Хумана генетика и физиологија - 2018

Почитувани студенти,
Ви го праќам списокот за изработка на семинарски трудови по предметот Хумана генетика и физиологија. Ви посакувам успешно подготвување на истите. Краен рок за предавање во печатена и електронска верзија е 10.12.2018 година. Електронските верзии треба да ги собере на усб стик или на ЦД студентката што го правеше списокот и да ми го предаде лично мене. Водич за изработка на семинарски трудови се наоѓа на овој блог и молам строго да се почитува истиот.
Среќен празник!

Број на индекс
Тема на семинарска работа
24656/18
Историјат на генетиката
24647/18
Историјат на физиологијата
24681/18
Генетски дициплини
24599/18
Хромозоми
24673/18
Гени
10222/18
Својства не гените
10160/18
Мултипен алелизам
24616/18
Неменделизам
24615/18
Автосомно доминантно наследување
24668/18
Автосомно рецесивно наследување
24622/18
Полово врзано наследување
24610/18
Алелна интеракција на гени
24640/18
Неалелна интеракција на гени
24684/18
Мутагени фактори
24611/18
Структурни хромозомски аберации
24621/18
Нумерички хромозомски аберации
10181/18
tRNA
24598/18
Хуман геномски проект
24679/18
Клеточен циклус
24675/18
Down синдром
10154/18
DNA
24653/18
Репликација на DNA
24623/18
DNA репарација
24618/18
rRNA
24606/18
Менделови закони
24652/18
Генетика на аутизмот
10184/18
Транслокации
24614/18
Митохондриско наследување
24655/18
Хомеостаза
24646/18
Клеточна мембрана и мембрански потенцијал
24601/18
Акциски потенцијал
10120/18
Клеточни транспортни механизми
24609/18
Антиципација
24600/18
Епигенетика и геномски импринтинг
10130/18
Ликвор
10147/18
Генски мутации
24596/18
iRNA
10197/18
Кодоминантно наследување
10188/18
Интермедиерно наследување
10124/18
Клетки во нервниот систем
24605/18
Болка
24602/18
Градба и поделба на нервниот систем
10174/18
Комуникација во нервниот систем-синапса
10172/18
Голем мозок-теленцефалон
24636/18
Меѓумозок-диенцефалон
24648/18
Среден мозок-мезенцефалон
10128/18
Мал мозок-церебелум
10140/18
'Рбетен мозок
24628/18
Периферен нервен систем
10186/18
Автономен нервен систем
10122/18
Сензорен нервен систем и соматосензорни патишта
10176/18
Моторен систем
24630/18
Генетски аспекти на афективни нарушувања
24620/18
Крвно мозочна бариера
10169/18
Генетски аспекти на нарушено учење и комуникација
10179/18
Физиологија на сетилото за вид
24637/18
Транскрипција на DNA
24594/18
Транслација на протеини
10175/18
Полигенско наследување
24629/18
Мозаицизам
10146/18
Мејоза
24671/18
Митоза
10136/18
Генетски аспекти на алкохолизам
10178/18
Семејно-фамилијарни студии
/18
Студии на близнаци
24929/18
Адоптивни студии
10165/18
Linkage студии
24617/18
Асоцијативни студии
10180/18
Механизам на дејство на хормоните
10134/18
Простагландини
24926/18
Физиологија на сетилото за слух
10150/18
Физиологија на хипофизата
10155/18
Физиологија на тестис
10192/18
Физиологија на овариум
10194/18
Физиологија на тироидна жлезда
10138/18
Физиологија на паратироидна жлезда
24662/18
Физиологија на панкреас
24674/18
Физиологија на надбубрежна жезда
24666/18
Crossingover
24643/18
Физиологија на сон
24612/18
Физиологија на емоции
10129/18
Физиологија на меморија и учење
24660/18
Генетски аспекти на шизофренија
24597/18
Генетски аспекти на деменциите

Предметен наставник