Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Monday, August 10, 2026
Здравствената состојба на лицата со аутистичен спектар на нарушување
Sunday, June 28, 2026
Фактори на ризик за миопија кај возрасни во Македонија
Интермитентна егзотропија и терапија со прекумерни минус леќи во Македонија
Saturday, May 24, 2025
Препораки за подобрување на состојбата на лицата со аутизам
- Национална стратегија: Неопходно е воспоставување на национална стратегија за аутизам, вклучувајќи регистар за лица со аутизам за подобро планирање на ресурсите.
- Едукација на кадар: Зголемување на обуките за педијатри, психијатри, дефектолози, психолози наставници и други професионалци за рано препознавање и поддршка на аутизмот.
- Проширување на услугите: Отворање на дневни центри во други градови и обезбедување финансиска поддршка за терапии преку Фондот за здравствено осигурување.
- Подигање на свеста и прифаќање: Кампањи за намалување на стигмата и зголемување на свеста за аутизмот, вклучувајќи го Меѓународниот ден на аутизмот (2 април).
- Инклузија во образованието: Воведување на задолжителни ИОП и обучени асистенти во редовните училишта за поддршка на учениците со аутизам.
Thursday, October 24, 2024
Меѓународна недела на отворен пристап - Македонија 2024
Почитувани колешки и колеги,
Деновиве имаме поприлично зголемен број на активности во смисол на меѓународни вебинари, веб конференции и слично. Овој пат имам чест да ве поканам на настанот по повод: „Меѓународна недела на отворен пристап - Македонија 2024“, во која и лично ќе учествувам со свое предавање.
Овогодинешната тема го продолжува повикот да се стави „Заедницата над комерцијализацијата“ и да се даде приоритет на пристапите за отворање стипендии кои им служат на најдобрите интереси на јавноста и академската заедница.
Оваа година неколку главни уредници се приклучивме кон European Association of Scicence Editors, каде што формиравме македонско поглавје. Затоа и решивме да ја одбележиме неделата заедно со нив. По тој повод, утре на 25 октомври ќе одржиме виртуелен настан на платформата ЗУМ. Повелете регистрирајте се бесплатно ОВДЕ. Во прилог програмата и учесниците на настанот, како и постерот за мојата презентација. Ве очекуваме утре во 13:00 часот по македонско време.
Tuesday, May 14, 2024
Борбата за името Македонија продолжува
Почитувани пријателки и пријатели,
Во неколку наврати имам кажано дека секој интелектуалец треба да ја води борбата на свој начин и дека ние како Македонци имаме право на самоопределување, а другите треба тоа да го почитуваат. Во петокот на 10 мај во вечерните часови ја добив следната е-пошта. Името на испраќачот воопшто не е битно.
Friday, April 5, 2024
„ДА СИ КАЖЕМЕ“
Почитувани посетители,
Вчера на 4 април имав динамично и интересно, получасовно интервју со одлично подготвениот новинар, господинот Горан Петрески. Интервјуто се реализираше во рамките на емисијата „Да си кажеме“ на Телма телевизија. Повод за моето гостување беше 2 април - меѓународниот ден на лицата со аутизам. Тема: Дали државата се грижи за лицата со аутизам? Иако го споделив на моите социјални медиуми, сакам да го има и овде на мојот блог. Одвоите 30 минути од вашето слободно време и погледнете го. Се надевам дека нема да ви биде залудно потрошено времето.
Thursday, September 21, 2023
Децата и возрасните лица со Down синдром не смеат да бидат дискриминирани
Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со Down синдром
На 19 септември бев повикан од канал 5 ТВ, да дадам изјава по повод изземањето на одредена група деца со Даун синдром на кои им било одземено правото на додаток од 6000 денари. Да се разбереме Даун синдромот е конечна дијагноза. Во текот на животот со специјална едукација и рехабилитација може да се подобри начинот на живеење и битусување, но тие не може да се излекуваат. Во вестите завчера одеше само куса изјава. Но, новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ вчера одлучи да го публикува целото интервју кое може да го најдете ОВДЕ. Многу и благодарам што најде простор на порталот на Канал 5 телевизија да го објави интегралното интервју, бидејќи таму кажувам дека во САД некои од овие деца добиваат и по 3000 долари помош, а кај нас се укинуваат 100 евра помош. Искрено се надевам дека надлежните органи ќе смогнат сили да го поправат фамозниот Правилник. На тој начин нема да има обесправена група на деца со Даун синдром.
Претседател на МНЗА
Thursday, September 8, 2022
Среќен роденден наша Македонија со најновиот труд за аутизмот
Почитувани читатели,
Нека ни е честит роденденот на Македонија. Јас и колешката Теа Петрушева си добивме одличен подарок од Србија. Тукушто излезе нашиот заеднички труд под наслов: „The importance of early diagnosis of autism spectrum disorder for adequate treatment and rehabilitation in Macedonia“ објавен во списанието „Специјална едукација и рехабилитација“ што е индексирана во Скопус, а во издание на ФАСПЕР, Белград.
Да ни се множат трудовите.
Коавторот
Saturday, May 14, 2022
Конференција по повод 75 години Институт за Педагогија во Македонија
Почитувани,
Од 16 до 18 мај 2022 година во хотел „Инекс Олгица“ во Охрид ќе се одржи меѓународна научна конференција: „75 години Институт за педагогија - воспитно-образовни предизвици и перспективи“. На покана на организаторите, прифатив да учествувам со трудот: „Поддршка на учениците со аутистичен спектар на нарушување во образовниот процес“. Зборникот на апстракти е веќе објавен електронски на веб страницата на ФЗФ и мојот апстракт може да се цитира како:
Trajkovski V. Supporting pupils with autism spectrum disorder in educational settings. Book of Abstracts International scientific conference: „75th Aniversary of Institute of Pedagogy – Educational Challenges and Future Prospects“. Ohrid, 16-18 May 2022; 92-93.
Решив да го споделам апстрактот со македонската јавност.
Trajkovski Vladimir
Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, “Ss. Cyril and Methodius” University, Skopje, Macedonia
SUPPORTING PUPILS WITH AUTISM SPECTRUM DISORDER IN EDUCATIONAL SETTINGS
Monday, June 8, 2020
Онлајн конференција „Фокус на аутизмот во инклузивното образование“ во Полска
Wednesday, April 15, 2020
Повлековме наш труд од хрватско списание заради пежоративноста на придавката „северна“
Respected Assoc. Prof. Kuvach Kraljevic,
Sunday, December 15, 2019
Неколку напомени и аргументи за втората #ReAttach конференција
Претседател на МНЗА
Friday, September 20, 2019
Научна конференција на тема: Вакцините во 21-от век – предизвици со кои се соочуваме
10:00- 10:15
Вовед во сесија 2
Медицина базирана на докази
модератор, Весна Симонова
Здружение за заштита на правата на пациентите „Здравје со игла не влегува“
10:15– 11:00
Вакцинирање-здравствена потреба или догма без поткрепа
Проблематични страни на вакцинирањето
Етички аспект на законската обврска
д-р Лидија Гајски, спец. интернист
(Хрватска)
11:00– 11:45
Патолошки имун одговор како резултат на продолжена имунолошка провокација со инвазивни вакцини
Имуно-биолошки механизми кои можат да го променат имуното здравје на примателите на вакцини
д-р Среќко Сладољев, PhD имунолог, бивш раководител на Одделот за истражување при Имунолошкиот завод во Загреб, член на Хрватската академија на науки и уметности на дијаспората (Хрватска)
11:45– 12:00
Дискусија
12:00– 12:15
Кафе пауза
12:15– 12:45
Дали вакцините имаат улога во настанувањето на регресивната форма на аутизмот?
Проф. д-р Владимир Трајковски, редовен професор по Хумана генетика, Медицински основи на инвалидноста, Физиологија и функционална анатомија, Аутистичен спектар на нарушувања, Претседател на МНЗА
12:45– 13:15
Превенција vs Профит
Се што не сте знаеле за малите сипаници (морбили), а сте можеле да прашате
Информации vs дезинформации во 21. век
д-р Јована Стојковиќ, спец. психјатар, Претседател на движењето Живеам за Србија и на Здружението на граѓани Право на избор (Србија)
13:15 - 13:30
Дискусија
13:30 - 14:00
Идеолошки конструкции на вакцинација
Социјалните аспекти на медицината и вакцинацијата
Методолошки дизајн на студиите кои се занимаваат со ефикасноста и безбедноста на вакцините
Матеја Чернич, PhD, социолог, асистент предавач, Школа за напредни социјални студии (School of Advanced Social Studies – SASS) (Словениjа)
14:00 - 14:30
Ефикасност vs безбедност на вакцините
Задолжително вакцинирање во Хрватска- сите го препорачуваат, никој не презема одговорност кога работите ќе тргнат на лошо
Приказ на случај
д-р Алма Демировиќ, PhD спец.патолог
научен соработник, Хрватско здружение на родители активисти
(Хрватска)
14:30 - 14:45
Дискусија
14:45– 15:45
Пауза за ручек
15:45– 16:00
Вовед во сесија 3
Превенција во 21. век
модератор, Весна Симонова
Здружение за заштита на правата на пациентите „Здравје со игла не влегува“
16:00– 16:30
Вакцините, свеста и Хипократ, некаде помеѓу нив...
Здравствена превентива
Дали ја разбираме правилно?
д-р Јадранка Бибан, спец. гинеколог, нутриционист
Основач на проектот 8-КА
16:30– 17:00
Алтернативни и докажани начини на превенција од заразни болести
Имаме ли алтернатива? Која превенција да се избере и зошто?
Весна Симонова, фармацевт, спец.фармакоинформатика, хомеопат, Македонско здружение за заштита на правата на пациентите „Здравје со игла не влегува“
17:00-18:00
Прашања од публика
Дискусија и заклучоци од Конференцијата
Wednesday, September 18, 2019
Недела на рецензијата - квалитет на рецензијата
Проф. д-р Гордана Ристовска
13:20 - 13:40 Превенција и сузбивање на плагијаризмот
Проф. д-р Дончо Донев
13:40 - 14:00 Етика во рецензирањето
Проф. д-р Владимир Трајковски
14:00 - 15:00 Дискусија и заклучоци
Tuesday, July 16, 2019
МНЗА со нов проект заедно со УНИЦЕФ
Претседател на МНЗА




