Showing posts with label Down синдром. Show all posts
Showing posts with label Down синдром. Show all posts

Wednesday, July 29, 2026

Down синдром ‒ рефрактивен развој

Љубиќ А, Трајковски В, Димитрова Г, Станковиќ Б. Down синдром ‒ рефрактивен развој. Vox Medici 2022; 30 (115): 53-55.

Резиме на разбирлив јазик

Даун синдром е најчестата генетска состојба предизвикана од присуство на дополнителен 21-ви хромозом. Освен потешкотии во интелектуалниот развој, кај лицата со Даун синдром често се јавуваат и различни здравствени проблеми, вклучувајќи и нарушувања на видот.
Голем број деца и возрасни со Даун синдром имаат рефракциски аномалии, како што се кратковидост, далекувидост и астигматизам. Кај нив е нарушен нормалниот развој на окото, поради што очите не можат правилно да го фокусираат видот. Дополнително, рожницата и очната леќа имаат поинаква градба, што исто така придонесува за проблеми со видот.
Кај многу деца со Даун синдром е намалена способноста за фокусирање на предмети кои се наоѓаат блиску, па затоа имаат тешкотии при читање и други активности од блиска далечина. Поради тоа, офталмолозите често препорачуваат носење бифокални или прогресивни очила уште од најрана возраст.
Бидејќи очните заболувања се чести кај лицата со Даун синдром, многу е важно тие редовно да посетуваат офталмолог. Првиот очен преглед се препорачува на возраст од еден месец, потоа на една година, на две до три години, на пет до шест години (пред поаѓање на училиште), а потоа најмалку еднаш на секои пет години. Со редовните прегледи, проблемите со видот можат навреме да се откријат и успешно да се лекуваат, што придонесува за подобар развој, полесно учење и подобар квалитет на живот.

Thursday, September 21, 2023

Децата и возрасните лица со Down синдром не смеат да бидат дискриминирани

Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со Down синдром

На 19 септември бев повикан од канал 5 ТВ, да дадам изјава по повод изземањето на одредена група деца со Даун синдром на кои им било одземено правото на додаток од 6000 денари. Да се разбереме Даун синдромот е конечна дијагноза. Во текот на животот со специјална едукација и рехабилитација може да се подобри начинот на живеење и битусување, но тие не може да се излекуваат. Во вестите завчера одеше само куса изјава. Но, новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ вчера одлучи да го публикува целото интервју кое може да го најдете ОВДЕ. Многу и благодарам што најде простор на порталот на Канал 5 телевизија да го објави интегралното интервју, бидејќи таму кажувам дека во САД некои од овие деца добиваат и по 3000 долари помош, а кај нас се укинуваат 100 евра помош. Искрено се надевам дека надлежните органи ќе смогнат сили да го поправат фамозниот Правилник. На тој начин нема да има обесправена група на деца со Даун синдром.

Претседател на МНЗА

Friday, January 18, 2019

Публикации со дипломци и постдипломци

Почитувани посетители,
Во рубриката публикации со мои драги дипломци, постдипломци и докторанди за денес го одбрав да ви го претставам трудот под наслов: Refractive errors in children and young adults with Down's syndrome објавен заедно со мојата докторандка и пријателка од средно медицинско училиште д-р Антонела Љубиќ. Трудот произлезе од нејзиниот докторат „Окуларни нарушувања кај лица со Down синдром" кој што беше одлично конципиран. Овој труд е објавен во престижното списание Acta Ophthalmologica со фактор на влијание во 2011 година. Инаку колешката Љубиќ беше една од најсилните ученички во МУЦ, па потоа и студентки на МФ во Скопје во нејзината генерација. Сега работи како офталмолог во една приватна здравствена установа во Аеродром.
Коавторот