Showing posts with label деца. Show all posts
Showing posts with label деца. Show all posts

Thursday, May 29, 2025

Испитување на микробиомот за деца и лица со аутизам

 Почитувани родители на деца со АСН,

Неколку студии ја истражуваат врската меѓу аутизмот и цревниот микробиом. Една студија од Кинескиот универзитет во Хонг Конг анализирала 1.627 деца и идентификувала значајни разлики во микробиомот кај оние со аутизам. Истражувачите откриле 51 вид бактерии, 7 габи, 18 вируси и 27 микробни гени, кои се разликуваат меѓу невротипичните деца и оние со аутизам.

Дополнително, истражување од Универзитетот „Бар-Илан“ во Израел открило дека бактеријата Bacteroides fragilis може да влијае на социјалното однесување и повторувачките однесувања кај лица со АСН. Ова истражување покажало дека прекумерното присуство на оваа бактерија, особено на рана возраст, може да има функционални последици за невро-развојот.

Македонското научно здружение за аутизам ги продолжува своите активности и сака да ги информира сите заинтересирани родители дека започна ново истражување заедно со Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицнскиот факултет во Скопје.

Кои се условите за да влезете во истражувањето?

  1. Се прави молекуларен PCR тест во фецес за испитување на цревната флора. 
  2. Треба да земете упат од матичен доктор до Институтот за микробиологија и паразитологија за одредување на микробиомот во цревната флора.
  3. Испитувањето со партиципација ќе ве чини 550 денари.
  4. Детето (лицето) не смее да примало антибиотици барем еден месец.
  5. Пробиотици не смеат да се земаат два месеци пред испитувањето.
Искрено се надеваме дека ќе се вклучите во истражувањето.
Со почит,

Претседател на МНЗА


Thursday, September 21, 2023

Децата и возрасните лица со Down синдром не смеат да бидат дискриминирани

Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со Down синдром

На 19 септември бев повикан од канал 5 ТВ, да дадам изјава по повод изземањето на одредена група деца со Даун синдром на кои им било одземено правото на додаток од 6000 денари. Да се разбереме Даун синдромот е конечна дијагноза. Во текот на животот со специјална едукација и рехабилитација може да се подобри начинот на живеење и битусување, но тие не може да се излекуваат. Во вестите завчера одеше само куса изјава. Но, новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ вчера одлучи да го публикува целото интервју кое може да го најдете ОВДЕ. Многу и благодарам што најде простор на порталот на Канал 5 телевизија да го објави интегралното интервју, бидејќи таму кажувам дека во САД некои од овие деца добиваат и по 3000 долари помош, а кај нас се укинуваат 100 евра помош. Искрено се надевам дека надлежните органи ќе смогнат сили да го поправат фамозниот Правилник. На тој начин нема да има обесправена група на деца со Даун синдром.

Претседател на МНЗА