Почитувани родители на деца со АСН,
Неколку студии ја истражуваат врската меѓу аутизмот и цревниот микробиом. Една студија од Кинескиот универзитет во Хонг Конг анализирала 1.627 деца и идентификувала значајни разлики во микробиомот кај оние со аутизам. Истражувачите откриле 51 вид бактерии, 7 габи, 18 вируси и 27 микробни гени, кои се разликуваат меѓу невротипичните деца и оние со аутизам.
Дополнително, истражување од Универзитетот „Бар-Илан“ во Израел открило дека бактеријата Bacteroides fragilis може да влијае на социјалното однесување и повторувачките однесувања кај лица со АСН. Ова истражување покажало дека прекумерното присуство на оваа бактерија, особено на рана возраст, може да има функционални последици за невро-развојот.
Македонското научно здружение за аутизам ги продолжува своите активности и сака да ги информира сите заинтересирани родители дека започна ново истражување заедно со Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицнскиот факултет во Скопје.
Кои се условите за да влезете во истражувањето?
- Се прави молекуларен PCR тест во фецес за испитување на цревната флора.
- Треба да земете упат од матичен доктор до Институтот за микробиологија и паразитологија за одредување на микробиомот во цревната флора.
- Испитувањето со партиципација ќе ве чини 550 денари.
- Детето (лицето) не смее да примало антибиотици барем еден месец.
- Пробиотици не смеат да се земаат два месеци пред испитувањето.
No comments:
Post a Comment