Showing posts with label болест. Show all posts
Showing posts with label болест. Show all posts

Tuesday, January 28, 2025

Одложени денешните испити ХГ и ХГФ - 28.01.2025

Почитувани студенти,

Поради болест не сум во можност да ги реализирам денешните испити. Вчера се надевав дека ќе ми биде подобро, но еве утрово сфатив дека едноставно подобро би било да ги одложам, отколку да се форсирам. Се извинувам ако некој навреме не го прочита овој пост и отиде на факултет. Испитите ќе се реализираат најрано идната седмица под услов да сум во добра здравствена состојба. Ќе бидете известени со посебен пост за датумот на истите. Следете го блогот најмалку еднаш дневно за да видите кога ќе биде следниот термин.

Предметен наставник

Monday, October 24, 2022

Информација за помладите студенти (читајте прва година)

Почитувани студенти,

Јас навистина жалам што некои од вас во изминативе седмици се болни: (вируси, бактерии, други болести, други причини за отсуство). Како што ви кажав на воведните предавања дозволени ви се два минуси за таква намена. Тоа не значи дека при секоја болест треба да ми пишувате е-пошта и да се правдате. Водете си грижа да не направите повеќе од два минуси. Јас бев културен и на сите досега одговарав, но нема повеќе да дозволам на празници, во неработни денови да ме вознемирувате. Од денес натаму нема да ви одговарам на е-пошти во кои ме информирате дека сте болни. Јас секое отсуство морам да го евидентирам како минус и никако поинаку, без разлика што е причината за вашето отсуство. На сите болни што нема да дојдат во среда и четврток на настава им посакувам поскоро опоравување!

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник