Showing posts with label информација. Show all posts
Showing posts with label информација. Show all posts

Tuesday, October 7, 2025

Информација - овозможено вработување на лица со АСН согласно Законот за вработување на инвалидни лица

Почитуван проф. Трајковски,

Со задоволство Ве информирам дека постапувајќи по поднесена претставката од страна на граѓанин поради неможност за остварување на вработување на неговата ќерка која е лице со аутистичен спектар на нарушување, по подолг период на преземање различни дејства, донесена е измена на Законот за вработување на инвалидни лица со која лицата со аутистичен спектар на нарушување ќе можат да бидат вработени.

Измената е донесена откако поднесовме Иницијатива за измена и дополнување на именуваниот Закон до Владата на РСМ која беше прифатена од Владата, а по што го задолжи надлежното Министерството за социјална политика, демографија и млади да подготви и достави Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица во насока на додавање на лицата со аутистичен спектар на нарушувања и лицата со други первазивно развојни растројства како инвалидни лица, а со цел остварување на правото на вработување и работа, согласно овој Закон.

Се додека не се донесе нов Закон за вработување на лицата со попреченост кој ќе биде во целосна согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (а кој е во подготовка, но до негово донесување може да помине подолг временски период) оваа измена на актуелниот Закон за вработување на инвалидни лица овозможува лицата со аутистичен спектар на нарушувања да се вклучат на пазарот на труд и со тоа да им бидат достапни поволностите што ги нуди Законот и од него произлезените подзаконски акти, што е од голем бенефит како за самите лица, така и за нивните потенцијални работодавачи. Ова ќе доведе до нивно интегрирање и целосна инклузија на отворениот пазар на труд, препознавање на нивните вештини и потенцијали, подигање на нивото на социјална адаптација, создавање услови за независност и подобрување на квалитетот на нивниот живот.

Подолу е исечокот од Законот кој се однесува на измената:

Во Законот за вработување на инвалидни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/00, 16/04, 62/05, 113/05, 29/07, 88/08, 161/08, 99/09, 136/11, 129/15, 147/15, 27/16 и 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 103/21), во член 2 ставот 1 се менува и гласи: „Инвалидно лице, во смисла на овој закон, е лице со оштетен вид, оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, телесно инвалидно лице, лице со пречки во интелектуалниот развиток, лице со аутистичен спектар на нарушување и лице со други первазивно развојни растројства и лице со комбинирани пречки кое поради степенот на инвалидност има специфични потреби во работењето.“

Измената на Законот за вработување на инвалидни лица е објавена во Службен весник на РСМ бр.192 од 17.09.2025, што значи дека истата е веќе стапена на сила.
Љубезно замолувам оваа информација да ја споделите со сите оние кои би имале интерес или полза од неа.

Срдечно,
Весна Костиќ Ивановиќ,
Државен советник за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост при Народен правобранител

Tuesday, September 9, 2025

Информација за комисиски неположените студенти

Почитувани студенти,

Ви се обраќам вам кои не успеавте да ги положите комисиски испитите ХГ и ФФА. Сите вие сте должни на е-пошта да ми пратите ваш број на индекс, име и презиме за да ве вклучам во списокот за преслушување на предметот. Студентите што не положија ФФА, ќе го преслушуваат предметот од 1 октомври 2025 година и се должни повторно да собираат 15 ЕКТС поени. Студентите што не положиле ХГ, се должни во јануари 2026 година да ми пишат е-пошта, а од 15 февруари и да го преслушуваат предметот. Важат истите принципи како и за ФФА.

Предметен наставник

Wednesday, November 29, 2023

Информација за семинарските трудови - 30.11.2023

Почитувани студенти од ИСЕР и ИП,

Ви кажав неколку пати дека не примам семинарски и други задачи по е-пошта. Ниту една семинарска нема да прегледам пратена на тој начин. Цел месец ви говорам да си го проверите тимот на МТ. Да ве потсетам дека утре на 30 ноември 2023 година во 23:59 е последниот рок за предавање на семинарски трудови, обработка на трудови и интернет ресурси. Не чекајте последен миг. Доколкку имате проблеми со МТ, имате две можности да си побарате помош од ИТ стручњак или ако и тоа не помага да го отпечатите материјалот и да го доставите во мојот фах во библиотеката на ИСЕР најдоцна во петок 1 декември до 14:00 часот. Ве информирам дека од 4 декември нема да примам ниту една семинарска или било каква друга работа, а е поврзано со повисок број на поени. За вонредните студенти и повозрасните генерации термин за освојување 15 ЕКТС поени ќе има најверојатно во понеделник и затоа следете го блогот редовно.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Monday, October 16, 2023

Информација до медиумите за Физиолошка писхологија

Почитувани медиуми,

Деновиве излезе од печат мојата најнова монографија под наслов „ФИЗИОЛОШКА ПСИХОЛОГИЈА”, прва од овој тип на македонски јазик. Оваа книга надополнува голема празнина заради непостоење на стручна литература од оваа област.

Физиолошката психологија, исто така наречена и биолошка психологија е проучување на биологијата на однесувањето; се фокусира на нервниот систем, хормоните и генетиката. Физиолошката психологија ја испитува врската помеѓу умот и телото, нервните механизми и влијанието на наследноста врз однесувањето. Истражувачите од областа на физиолошката психологија ја проучуваат биолошката основа на мислите, емоциите, јазикот, когнитивноста и однесувањата.

Монографијата е композициски со­ста­ве­на­ од 17­ пог­лав­ја­, а по секое поглавје следуваат прашања и задачи, кои ќе им помогнат на студентите подобро да го усвојат материјалот. На крајот од монографијата има богат речник на поими што треба да ги дообјаснат нејасните работи и, секако, индекс на зборови.

Во­ пи­шу­ва­ње­то­ на­ монографијата бе­ше­ ко­ри­сте­на­ со­од­вет­на­ до­маш­на­ и стран­ска­ лите­ра­ту­ра­, вмет­на­ти­ се­ го­лем број сли­ки­, та­бе­ли­ и црте­жи­, со­ цел да му­ се­ овоз­мо­жи­ на­ читателот подо­бро­ у­сво­ју­ва­­ње­ на­ мате­ри­јалот.

Страниците на оваа монографија се првенствено наменети за студентите од Институтот за психологија и за студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје, како и за студентите на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои сакаат да ги разберат биолошките основи на психолошките нарушувања и да разберат како се испреплетуваат хуманата генетика и хуманата физиологија кај одредени развојни нарушувања и болести во адултната возраст. Монографијата може да биде корисна и за многу поширока популација, за дипломирани психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, медицинари, психијатри и за родители на деца со развојни нарушувања.

Доколку сакате да се запознаете со СОДРЖИНАТА, кликнете на линкот.

Со почит,
Авторот



Tuesday, September 12, 2023

Информација за преслушување на предметот Хумана генетика и физиологија

Почитувани студенти од Институтот за психологија,

Сакам да ве известам дека сите кои немаат добиено потписи досега по Хумана генетика и физиологија, немаат освоено 15 ЕКТС поени ќе треба задолжително да го преслушуваат предметот секој петок од 8:00 до 10:00 часот во психолошката лабораторија на ФЗФ. Задачите кои сте ги добиле изминатите години веќе не важат за 15 поени. Овде ги поканувам и сите други студенти кои не го положиле испитот досега, а сакаат да полагаат преку колоквиуми. За да полагаат преку колоквиуми ќе мора да дојдат најмалку 7 пати во текот на семестарот. Во спротивно ќе мораат да дојдат директно на испит во јануари 2024 година. Морам да ви укажам дека ова е последната генерација кога ќе држам предавања по Хумана генетика и физиологија бидејќи од октомври новите студенти од прва година ќе слушаат друг предмет. Начинот на предавање нема да биде како и минатите години, туку ќе биде повеќе насочен кон дискусија, гледање видео клипови, консултации и прашања од ваша страна во врска со тестовите кои не сте ги положиле. На 6 октомври поради мое службено патување, најверојатно нема да имаме, па така првото ќе се реализира на 13 октомври, само да има здравје. За да имам увид во колкав број ќе доаѓате, ве молам да ме информирате на следната е-пошта.

Предметен наставник

Wednesday, December 14, 2022

Информација за ЕКТС поени

Почитувани студенти,

Сакам да ве информирам дека јас уште викендот ги прегледав сите семинарски трудови што ми беа доставени на соодветно место во МТ, Мудл или во печатена верзија. Тоа што некој/а студент/ка прикачувал каде што тој/таа мислел дека треба, а не е соодветно, јас не знам и такво нешто не сум прегледал. Сите вие што наводно сте предале семинарска, а јас не сум ја добил на соодветно место и не сум ја прегледал, ве поканувам веднаш да ми ја доставите лично по предавањата или во мојот фах во библиотеката на ИСЕР. Поени праќам веднаш само за уредно електронски доставените семинарски трудови. Другите ќе си ја чекаат збирната Ексел табела во средината на јануари и ве молам да НЕ ми праќате е-пошта со прашања колку поени имате.

За студентите кои имаат 2 минуси на предавања и 2 на вежби, што автоматски повлекува 2 или 4 поени од минималните 15 поени, а притоа не освоиле доболен број поени од семинарската за да стигнат до 15 ЕКТС поени, треба ВЕДНАШ да побараат дополнителна активност.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Monday, October 24, 2022

Информација за помладите студенти (читајте прва година)

Почитувани студенти,

Јас навистина жалам што некои од вас во изминативе седмици се болни: (вируси, бактерии, други болести, други причини за отсуство). Како што ви кажав на воведните предавања дозволени ви се два минуси за таква намена. Тоа не значи дека при секоја болест треба да ми пишувате е-пошта и да се правдате. Водете си грижа да не направите повеќе од два минуси. Јас бев културен и на сите досега одговарав, но нема повеќе да дозволам на празници, во неработни денови да ме вознемирувате. Од денес натаму нема да ви одговарам на е-пошти во кои ме информирате дека сте болни. Јас секое отсуство морам да го евидентирам како минус и никако поинаку, без разлика што е причината за вашето отсуство. На сите болни што нема да дојдат во среда и четврток на настава им посакувам поскоро опоравување!

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Информација за повозрасните студенти

Почитувани студенти,

Во последниов месец добив бројни е-пошти со слични прашања, па за да не се повторувам и да не морам да го трошам времето на едни те исти одговори, решив некои работи да ги укажам овде на мојот блог. Сите повозрасни студенти кои ги презапишале моите предмети ФФА, ХГ, ХГФ, доколку во својата генерација добиле потпис од мене, или административен потпис од Деканатот на ФЗФ и притоа освоиле 15 ЕКТС поени немаат никакви обврски да доаѓаат на предавања со физичко присуство, да прават семинарски трудови, да обработуваат трудови, или да симнуваат интернет ресурси. Доколку немаат освоено 15 ЕКТС поени треба веднаш да ми пишат е-пошта со тоа што ќе го назначат предеметот, бројот на индекс и колку поени имаат за да им дадам задача која мора да ја завршат до 30 ноември годинава.

Ви благодарам за разбирањето.

Предметен наставник

Tuesday, October 8, 2019

Второ предавање ХГФ - 09.10.2019

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Сакам да ве известам уште еднаш дека второто предавање по предметот Хумана генетика и физиологија ќе се одвива утре во Електронската слушална на ФЗФ со почеток во 11:00 часот. Неопходно е ваше присутво 10-15 минути порано пред просторијата.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Tuesday, October 1, 2019

Информација за предметот Хумана генетика и физиологија - 04.10.2019

Почитувани студенти,
Сакам да ве информирам дека поради реновирање на тнр. електронска училница каде што редовно ќе се реализира наставата, првиот час по предметот ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ФИЗИОЛОГИЈА ќе се реализира во лабораторијата на вториот спрат (левото крило) на Педагошкиот факултет (Институт за безбедност одбрана и мир) во Скопје во петок на 04.10.2019. Ова се однесува се` додека не се направи училницата при Филозофскиот факултет во Скопје. 
Колешката Даниела Неделкова ви испрати список по кој ќе се реализира наставата. Согласно списокот студентите до број 48 ќе го слушаат предметот од 10:00 до 11:30 на Педагошкиот факултет во петок. Од бројот 49 до бројот 96 ќе го слушаат предметот од 11:30 до 13:00 или во втора група. 
Пожелно е студентите да дојдат 10 минути порано пред да почне наставата, затоа што никави доцнења не толерирам. Овој блог треба редовно да го следите доколку сакате да добивате навремени информации поврзани со наставата, колоквиумите и испитите. Исто така моите објави ќе може да ги следите и на мојот официјален профил на Facebook.
Доколку имате дополнителни прашања, ве молам консултирајте ја координаторката на ЕКТС при Институтот за психологија. 
Ви посакувам многу успех во предметот, студирањето и секако среќен почеток на новата академска година.
Со почит,
Предметен наставник