Showing posts with label ЕКТС поени. Show all posts
Showing posts with label ЕКТС поени. Show all posts

Friday, May 8, 2026

Список на освоени ЕКТС поени за семинарска работа ХГ - 08.05.2026

Почитувани студенти,

По прегледаните дополнителни 5 семинарски работи ова е моменталната состојба за  освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика.

Предметен наставник

Thursday, January 15, 2026

Преглед на ЕКТС поени по предметот ФФА - состојба 15.01.2026

Почитувани студенти,

Покрај вонредната ситуација во која се наоѓам сепак успеав да ви ги соберам сите ЕКТС поени и да ви ја објавам оваа табела. Само 4 студентки го положија испитот преку колоквиуми и активности во текот на семестарот. Доколку не се задоволни со оцените нека ми пишат е-пошта најдоцна до утре во 20 часот, за да планираме термин за устен испит. Доколку се задоволни со оцените, нека чекаат термин за пишување оцени, кога покрај индексот, треба да донесат и пријава.

Студентите во црвена боја добиле потпис, но немаат право на полагање на испитот, заради ненавремено освојување на 15 ЕКТС поени. Доколку сакаат да полагаат во јунската сесија, ќе мораат да побараат и добијат задача, истата да ја одговараат кај мене во кабинет најдоцна до 30.04.2026, или еден месец порано, пред било која наредна сесија.

Студентите означени во зелена боја немаат право на потпис и треба да преслушуваат наредната година или се вонредни студенти, или се откажале од студирање.

Предметен наставник

Tuesday, May 27, 2025

Список на освоени ЕКТС поени - Хумана генетика 2025

Почитувани студенти,

Ви го проследувам списокот на освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика со состојба на ден 27.05.2025 година. Засега од прва година само 4 студентки го положија испитот, а уште две имаат шанса да го положат следната седмица на дополнително усно испрашување (од кои едната е повозрасна студентка). Доколку некоја не е задовлна со оцената, веднаш да ми пише е-пошта за да ѝ дадам термин за устно полагање.

Три студентки се во црвено, тие добија потпис, но немаат освоено 15 ЕКТС поени. Треба да земат задача и да ја одговараат во некоја наредна сесија. Немаат право да го полагаат испитот во јунската сесија.

Студентите што се во зелено се: студентите што се откажале, вонредни студенти кои не ги завршиле обврските, или студенти кои направиле повеќе од 2 минуси за предавања и 2 минуси за вежби. Оние кои се редовни ќе мораат да го преслушуваат предметот со следната генерација на студенти.

Предметен наставник

Sunday, May 4, 2025

Преглед на ЕКТС поени по предметот ХГ - состојба 04.05.2025

Почитувани студенти од прва година на ИСЕР,

Во прилог ви ја проследувам моменталната состојба (04.05.2025) со ЕКТС поени по предметот Хумана генетика. Се разбира овде не се вклучени поените од предавања, вежби и активност кои се` уште се собираат. Конечниот список ќе биде објавен кон крајот на месец мај. Студентите кои имаат или ќе направат до крајот по 2 минуси на предавања и 2 на вежби, а имаат помалку од 4 поени на семинарската работа, задолжително треба да побараат дополнителна активност. Студентите кои имаат по 3 минуси на предавања или вежби нема да добијат потпис и предметот треба да го преслушуваат следната академска година.

Вонредните студенти кои што не предале и не одговарале 3 активности задолжително да го сторат тоа кон крајот на мај кога ќе има само уште еден термин за одговарање. Ако тој не го искористат ќе полагаат во јунската сесија. Втора опција која им се нуди е да дојдат и одговараат во регуларните термини за вежби на 6 и 13 мај.

Со почит,

Предметен наставник

Tuesday, May 7, 2024

Список на освоени ЕКТС поени по ХГ - прелиминарна листа

Почитувани студенти од ИСЕР,

На следниот ЛИНК можете да ја најдете прелиминарната листа на освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика со датум 07.05.2024 година. Сите вие си знаете по колку минуси имате на предавања и вежби, па така можете одма да побарате задача ако ви недостасуваат поени. Да повторам дека на предавања се дозволени најмногу 2 минуса, на вежби исто така најмногу два минуса. Тие што имаат повеќе од ова, нема да добијат потпис и нема потреба да бараат дополнителни задачи. Следното освојување на поени за вонредните студенти и оние од минатите генерации ќе биде задутре во четврток, за што утре дополнително ќе ве известам.

Предметен наставник

Wednesday, January 11, 2023

Список на ЕКТС поени по ХГФ за генерација 2022/2023 - 11.01.2023

Почитувани студенти од ИП,

Сепак со работењето продолжив и од дома, како би го имале вкупниот број на поени. Списокот во Ексел формат можете да го симнете ОВДЕ. Од вашата генерација 31 студент го положија испитот преку колоквиуми и активности во тек на семестарот. Од нив 12 студенти имаат шестки, 13 имаат седумки, пет имаат осумки и 1 студентка има деветка. Искрено им честитам на сите нив. Доколку не се задоволни со оцената веднаш во рок од 24 часа да ми испратат е-пошта и да побараат устно полагање. Пишување оцени дополнително по крајот на првата декада. 

Студентите што се означени во црвено имаат потпис, но не можат да полагаат во престојната сесија бидејќи немаат освоено 15 ЕКТС поени. Единствена шанса е веднаш да ми пишат е-пошта да им дадам задача. Задачата треба да ја завршат до недела вечер во 20:00 часот и да ми ја пратат по е-пошта и во понеделник да ја одбранат кај мене во кабинет или онлајн зависно од моите активности. Уште еднаш повторувам по 16.01.2023 нема да се занимавам со давање задачи и испрашување за активности бидејќи имам други активности, а скоро почнува и испитната сесија. Едноставно нема да полагате во оваа сесија, а за наредната сесија задачата ќе мора да ја завршите до 30.04.2023.

Студентите што се означени во зелено имаат повеќе од два минуси, немаат право на потпис оваа година или пак се откажале од студирање.

Доколку има некој студент кој мисли дека не му се впишани некои поени, или некаде евентуално сум погрешил, должен е веднаш да ме информира и да објасни каде мисли дека е згрешено во поените. Јас се трудев да нема грешка и мислам дека нема. Но по речиси 13 часа работа, можно е и тоа...

Ви благодарам на разбирањето.

Предметен наставник

Wednesday, December 14, 2022

Информација за ЕКТС поени

Почитувани студенти,

Сакам да ве информирам дека јас уште викендот ги прегледав сите семинарски трудови што ми беа доставени на соодветно место во МТ, Мудл или во печатена верзија. Тоа што некој/а студент/ка прикачувал каде што тој/таа мислел дека треба, а не е соодветно, јас не знам и такво нешто не сум прегледал. Сите вие што наводно сте предале семинарска, а јас не сум ја добил на соодветно место и не сум ја прегледал, ве поканувам веднаш да ми ја доставите лично по предавањата или во мојот фах во библиотеката на ИСЕР. Поени праќам веднаш само за уредно електронски доставените семинарски трудови. Другите ќе си ја чекаат збирната Ексел табела во средината на јануари и ве молам да НЕ ми праќате е-пошта со прашања колку поени имате.

За студентите кои имаат 2 минуси на предавања и 2 на вежби, што автоматски повлекува 2 или 4 поени од минималните 15 поени, а притоа не освоиле доболен број поени од семинарската за да стигнат до 15 ЕКТС поени, треба ВЕДНАШ да побараат дополнителна активност.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, May 17, 2022

Список на освоени ЕКТС поени по предметот ХГ - 2022

Почитувани студенти од ИСЕР,

Ви го проследувам списокот на освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика. Студентите што се означени зелено немаат право да полагаат во летната сесија заради немање на 15 ЕКТС поени. Тие што се означени во црвено ќе имаат право ако веднаш земат задача и ја одбранат во ден предвиден за 15 ЕКТС поени. означените во зелено да се јават за да добијат задачи кои ќе мора да ги одговорат до 31 јули, ако сакаат да полагаат во есенската сесија.

Предметен наставник

Tuesday, January 12, 2021

Список на освоени ЕКТС поени по ХГФ - јануари 2021

Почитувани студенти,

Ви го проследувам списокот на освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика и физиологија, како ПДФ фајл. Само три студентки успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активнос сти. За другите повеќе учење во престојната сесија. Студентите што се во црвена боја немаат освоено 15 ЕКТС поени, до денес 12 јануари 2021 година, немаат направено други активности и поради тоа НЕМА да имаат право да го полагаат испитот во претстојаната сесија. Доколку сакаат да го полагаат во јунската сесија ќе треба да добијат задачи и истите да ги завршат најдоцна до 30 април 2021 година. На сите студенти им посакувам многу знаење и успех во зимската сесија.

Предметен наставник

Tuesday, May 26, 2020

Список на вкупен број на ЕКТС поени по ХГ - 26.05.2020

Почитувани студенти,
Како што знаете заради КОВИД-19 за прв пат нема да бидам во можност поради неодржување на колоквиумите да дадам оцена на најактивните студенти пред да започне сесијата. Но, затоа еве ја збирната табела на сите поени освоени по други основи. Потписот ќе го добиете по административен пат како што напомнав на крајот од денешниот студентски вебинар. Ако смета некој/а студент/ка дека е оштетен/а, слободно нека ми пише е-пошта и нека каже за која рубрика се работи и што му недостасува од поените. Иако, сметам дека такви пропусти обично не правам. Списокот можете да го сименте од следниот ЛИНК.
Учете за јунска сесија!


Предметен наставник