Почитувани студенти,
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Wednesday, December 10, 2025
Термини за полагање испити од прв циклус на студии - јануари/февруари 2026
Thursday, January 9, 2025
Анкета за полагање испити во зимската јануарска сесија - 2025
Почитувани студенти,
Би сакал да ја споделам со вас анкетата за полагање испити во зимската сесија која треба да ја пополните ВЕДНАШ сите што планирате да полагате. Ве молам без менување на декади во последен момент. Потребно е да ви бидат пријавени електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:
- Хумана генетика и физиологија
- Физиологија со функционална анатомија
- Хумана генетика
- Медицински основи на инвалидноста
Monday, January 9, 2023
Потписи за презапишани студенти - јануари 2023
Почитувани студенти од ИСЕР и ИП,
Сите вие кои сте повозрасни од прва година и ги имате презапишано моите предмети, ве молам во среда 11.01.2023 година во периодот од 08:30 часот до 12:00 часот да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР. Во зависност од обемот на обврските јас потписи ќе ви дадам тој ден попладнето или најдоцна во петок претпладне од 08:00 до 12:00 часот. Во четврток не очекувајте да се потпишам бидејќи имам обврски на Педагошкиот факултет со студентите од ИСЕР.
Предметен наставник
Tuesday, December 27, 2022
Потписи ФФА и ХГФ
Почитувани студенти,
Не знам чуму се зачестени е-пораки со прашања за потписи. Семестарот трае до 13.01.2023 година. За студентите од актуелната прва година и за презапишувачите потписи ќе давам по Божиќните празници, т.е. последната седмица од семестарот. За тоа ќе има објавено посебни блог постови. Имајте малку трпение, барем кај мене не сте останале покусо за тазе информација.
Предметен наставник
Tuesday, December 13, 2022
Термини за полагање испити од прв циклус на студии - јануари/февруари 2023
Почитувани студенти,
Sunday, January 17, 2021
Анкета за полагање ХГФ - јануарска сесија 2021
Почитувани студенти од ИП,
Ве молам задолжително да ја пополните анкетата за полагање на испитот Хумана генетика и физиологија во престојната сесија. Многу ми е битно да знам колку студенти ќе го полагаат испитот во првата, во втората декада или воопшто нема да го полагаат испитот. Анкетата се однесува на сите генерации запишани и презапишани студенти од Институтот за психологија.
Предметен наставник
Wednesday, January 13, 2021
Список на освоени ЕКТС поени по ФФА - јануари 2021
Почитувани студенти,
Ви го праќам списокот на освоени ЕКТС поени по предметот Физиологија со фунцкионална анатомија. Должен сум да напоменам дека ќе добиете админситративен потпис од службата за „Студентски прашања“ на ФЗФ. Свесен сум дека имаше минимални отсуства на предавањата и вежбите, но решив да ви „прогледам низ прсти“ и на сите да ви ставам по 7 поени за предавања и 8 поени за вежби. Вонредните студенти кои не присуствувале редовно на предавањата и вежбите се должни да направат дополнителни активности.
Предметен наставник
Tuesday, January 12, 2021
Список на освоени ЕКТС поени по ХГФ - јануари 2021
Почитувани студенти,
Ви го проследувам списокот на освоени ЕКТС поени по предметот Хумана генетика и физиологија, како ПДФ фајл. Само три студентки успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активнос сти. За другите повеќе учење во престојната сесија. Студентите што се во црвена боја немаат освоено 15 ЕКТС поени, до денес 12 јануари 2021 година, немаат направено други активности и поради тоа НЕМА да имаат право да го полагаат испитот во претстојаната сесија. Доколку сакаат да го полагаат во јунската сесија ќе треба да добијат задачи и истите да ги завршат најдоцна до 30 април 2021 година. На сите студенти им посакувам многу знаење и успех во зимската сесија.
Предметен наставник
Thursday, January 9, 2020
Прва декада јануарска сесија - 2020
Thursday, December 5, 2019
Термини за испити прв циклус на студии - зимска испитна сесија 2020
Прва декада:
14.01.2020 ХГ и МОИ во 08:00 часот
20.01.2020 ФФА и ХГФ во 08:00 часот
Втора декада
23.01.2020 ХГ и МОИ во 08:00 часот
31.01.2020 ФФА и ХГФ во 08:00 часот
Предметен наставник
Втори колоквиуми по ФФА и ХГФ
Редно време е да ве известам за вторите колоквиуми по предметите ФФА и ХГФ. Истите ќе се полагаат во јануари 2020 година и право имаат да ги полагаат само студентите кои го положија првиот колоквиум.
- Физиологија со функционална анатомија ќе се полага на 09.01.2020 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет во 08:00 часот.
- Хумана генетика и физиологија ќе се полага на 13.01.2020 година во електронската училница на Филозофскиот факултет во 08:00 часот.
Tuesday, December 18, 2018
Термини за полагање испити прв циклус - јануарска сесија 2019
22.01.2019 - ХГ, МОИ во 08:00
29.01.2019 - ФФА, ХГФ во 08:00
30.01.2019 - ХГ, МОИ во 08:00 часот.