Wednesday, December 10, 2025

Термини за полагање испити од прв циклус на студии - јануари/февруари 2026

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги споделувам термините за полагање на моите испити во сесијата јануари 2026 година за студентите од прв циклус. Вие сте ДОЛЖНИ на испитот да носите пријава која е претходно набавена. Во почетокот на јануари ќе има анкета која задолжително ќе треба да ја пополните во насока на тоа која декада сакате да полагате. Јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други непредвидливи фактори. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани. Пријавите и тестовите пишувајте ги со читлив и разбирлив македонски јазик. Испитите се полагаат само со обезбеден потпис (редовните студенти), плус освоени 15 ЕКТС поени. Ургенциите се тотално НЕДОЗВОЛЕНИ и ЗАБРАНЕТИ!

Прва декада
20.01.2026  ХГФ, ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот
21.01.2026 ФФА и МОИ во Амфитеатар 4 во 08:00 часот


Втора декада
02.02.2026 ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар во 08:00 часот
03.02.2026 ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот


Предметен наставник

No comments:

Post a Comment