Showing posts with label потписи. Show all posts
Showing posts with label потписи. Show all posts

Monday, June 1, 2026

Потписи во јуни 2026

Почитувани студенти,

Ви се обраќам Вам кои ги преслушувате моите предмети за да ви укажам кога ќе давам потписи. Сите индекси што беа оставени денес до 12:30 часот се веднаш потпишани. Утре за време на испитот сите што ќе полагаат ФФА, доколку немаат потпис, должни се да ги остават индексите на катедрата и на крајот од испитот да си ги земат. Истите принципи важат и за тие студенти што ќе полагаат на 15 и 16 јуни. Ве молам доколку не полагате испит, да НЕ ми влегувате за време на испит и да барате потпис. Доколку не полагате, го оставате индексот во мојот фах во библиотеката на ИСЕР. Други можности за земање потпис се во деновите кога ќе пишувам оцени и тоа е се` за јуни месец. Доколку не можете да се вклопите во овие термини едноставно оставете го индексот во библиотеката и чекајте да ви го потпишам...

Ви благодарам за разбирањето,

Предметен наставник

Wednesday, May 27, 2026

Потписи - 28.05.2026

Почитувани студенти,

Сите вие кои го имате презапишано предметот ХГ треба од овој момент да го оставите индексот во мојот фах во библиотеката на ИСЕР, најдоцна до 15:30 часот. Јас утре (четврток) ќе потпишувам индекси во периодот од 12:00 до 13:00 часот, така што веднаш потоа ќе можете да ги подигнете од библиотеката на ИСЕР. Во понеделник и вторник за време на испитите би можел да потпишам уште некои и толку ќе биде со потписите. Не очекувајте дека во јуни ќе има многу вакви термини. Ве замолувам да не ја оддолжувате оваа работа бидејќи во јуни имам патувања и други значајни обврски, па да не испадне потоа дека не можете да ме најдете. Завршете си ја работата овие денови. Напоменувам дека терминот утре може да се искористи и за друг вид на консултации. Ви благодарам за вниманието!

Предметен наставник

Sunday, May 24, 2026

Распоред на активности по ХГ (колоквиум, семинар и потписи) - 26.05.2026

Почитувани студенти,

Иако поголемиот дел од вас е веќе запознаен со организацијата, сакам повторно да ги информирам особено студентите од повозрасните генерации и вонредните студенти дека во вторник, на 26 мај, активностите ќе се реализираат според следниот распоред:
  1. Студентите кои го положија првиот колоквиум и се стекнаа со право за полагање на вториот колоквиум по ХГ, потребно е да бидат во лабораторијата на Педагошкиот факултет најдоцна до 7:45 часот.
  2. Сите останати студенти од актуелната генерација кои го следат предметот ХГ, треба да бидат пред лабораторијата најдоцна до 8:30 часот, со цел да присуствуваат на семинарот. Шесте студентки кои се пријавија за презентации, потребно е најдоцна до вечерва во 23:59 часот да ги прикачат своите презентации во .pptx формат во специјално наменетиот фолдер на платформата Microsoft Teams. Дополнително, за секој случај, презентациите треба да ги носат и на USB-уред. Именување на фајлот: Име презиме-наслов на тема-ХГ.
  3. Присуството и активното учество на семинарот се вреднуваат со еден поен, додека за отсуство ќе се евидентира минус поен.
  4. По завршувањето на семинарот, студентите ќе бидат поделени во две групи, согласно распоредот за вежби, при што присуството и отсуството ќе бидат евидентирани. За вежбите е задолжително да носите практикум со сите потребни потписи, како и правилно пополнет индекс.
Сите преслушувачи кои треба да добијат потпис од мене, потребно е од 27 мај да ги остават индексите во посебната кутија со назначено моето име, која ќе биде поставена во библиотеката на ИСЕР. Најдобро е потписите да ги подигнете најдоцна до 3 јуни, бидејќи потоа, поради службени патувања и други професионални ангажмани, ќе бидам значително потешко достапен во периодот до 30 јуни.

Нека ни е честит големиот празник на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј!

Со почит,
Предметен наставник

Sunday, June 22, 2025

Оцени, потписи, 15 ЕКТС поени - 24.06.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам во вторник на 24 јуни во периодот од 10:00 до 11:00 часот да си ги завршите сите заостанати обврски во смисол на пишување оцена, земање потпис или одговарање за 15 ЕКТС поени, за да можете да полагате во августовската сесија. Истиот термин може да служи и за било каков друг вид на консултации.

Предметен наставник

Tuesday, May 20, 2025

Втор колоквиум, семинар и потписи ХГ - 27.05.2025

Почитувани студенти,

Вториот колоквиум по Хумана генетика ќе се одржи на 27 мај во лабораторијата на Педагошкиот факултет со почеток во 7:45 часот. Неопходно е 5 минути да сте порано на местото.

Семинарот по ХГ за сите студенти ќе започне во 8:30. Ги замолувам студентите што ќе презентираат да прикачат Power Point презентација во фолдерот Презентации семинаркски ХГ - 2025  на Мајкрософт Тимс најдоцна до 25 мај во 20:00 часот. Именување на фајловите: Вашето име и презиме-Наслов на темата. За секој случај носете ги и на УСБ флеш меморија.

По завршувањето на семинарот и по куса пауза се делите во две групи, за да добиете потписи. Услов за добивање на потпис се најмногу 2 минуси на предавања, 2 минуси на вежби и сите потписи во Практикумот по ХГ. Задолжително е носењето на практикумот и индексот. Имајте го во вид тоа, бидејќи потоа тешко ќе можете да ме најдете. За преслушувачите потписи ќе давам по 28 мај. Ќе има посебно објавени термини за тоа, но вие можете во посебна кутија каде е назначено моето име да ги оставате во било кое време.

Го задржувам правото за промена на термините заради учество на виша сила.

Предметен наставник

Sunday, January 26, 2025

Потписи и 15 ЕКТС поени - две неповрзани работи, а многу битни

Почитувани студенти,

Некои студенти и по престој од 6,5 години на факултетот не научија дека само добивањето на потпис не е доволно да се појавите на испит. Вториот многу битен услов е освојувањето на 15 ЕКТС поени во текот на семестарот или непосредно по тоа. Некои студенти не ја завршуваат таа обврска и потоа забораваат дека НЕ освоиле 15 ЕКТС поени и се дрзнуваат да се појават на испит. Тоа е измама и некоректно академско однесување. Имам право да ви изречам забрана за полагање во две последователни сесии. Ве молам не ме терајте да го искористам тоа право. Иако, секогаш на почетокот на предавањата по било кој предмет кажувам дека добивањето потпис и 15 ЕКТС поени се conditio sine qua non (услов без кој не се може), од време на време ќе се јави некој студент/ка што се прави „Англичанец/Англичанка“.

Како може да добиете потпис, а да немате право да полагате? Па многу едноставно. Сте направиле по еден или два минуси на предавања или вежби сте го исполниле условот за добивање на потпис, но сте освоиле од 11 до 14 поени и немате право да полагате. Притоа немате ниту една друга активност од типот на семинарска работа, презентација на семинар, обработка на труд, обработка на интернет ресурси. Верувајте дека имам одличен увид во тоа што секој студент го сторил наназад повеќе од 27 години колку што сум вработен на ФЗФ и не постои можност некому намерно да му бидат скратени поени.

Пред секоја сесија јас имам по најмалку пет термини за 15 ЕКТС поени и ретко кој доаѓа во тие термини, а во Ексел табелите за секој предмет и за секоја генерација има многу студенти кои се одбележани во црвено и зелено што значи дека немаат право да полагаат. Овде изразувам јавен апел до сите што се од повозрасните генерации, а не се сеќаваат дали освоиле 15 ЕКТС поени да дојдат веднаш кај мене во кабинет и да ја провериме тековната состојба со нивните поени.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Monday, December 30, 2024

Потписи преслушувачи 13-17 јануари 2025 година

Почитувани студенти преслушувачи,

На сите вам што ви треба потпис по било кои мои предмети ви укажувам дека треба да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР од 8:00 часот до 11:00 часот на 13 јануари 2025 година. Потоа ќе дојдам некое време и сите индекси што ќе бидат оставени до тој момент ќе ги потпишам. Кој/а нема да може да го остави тој ден, нека го остави во некој од наредните денови. Најверојатно второто потпишување ќе биде на 17 јануари. Потоа одам на службени патувања, а кога ќе бидат испитите обично не сакам да давам потписи. Затоа искоритете ги овие термини. Потоа доаѓа 3 февруари што мислам дека ќе ви биде доцна.

Среќни празници!

Предметен наставник

Втор колоквиум, семинар и потписи ФФА - 09.01.2025

Почитувани студенти од прва година,

Иако многу од работите ги кажав на последното предавање, сепак сум должен и овде да ги постирам за да ги видат оние што беа отсутни. Сите горенаведени активности ќе се одвиваат на 9 јануари 2025 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет. Одиме по ред.

Вторите колоквиуми по ФФА и МОИ ќе се полагаат во 08:00 часот, но вие (тие што положиле прв колоквиум) сте должни да бидете таму најдоцна во 7:45 часот.

Семинарот по ФФА започнува во 08:30 часот за сите студенти и ќе се добиваат плусови и минуси за присуство. Петте студентки што се пријавија, најдоцна до 07.01.2025 година во 23:59 часот да ми испратат Power Point презентација на мојата службена е-пошта. За секој случај презентацијата да се носи на USB stick.

Веднаш по завршувањето на семинарот, се делите во групи, како што си бевте досега и кој заслужил ќе добие потпис. За да добиете потпис, не смеете да имате повеќе од 2 минуси на предавања и 2 минуси на вежби, мора да имате потпис на сите вежби во Практикумот по ФФА и да носите индекс. Секое заборавање на овие две работи, ќе ви ја отежни работата за добивање потпис.

Среќни и бериќетни Новогодишни и Божиќни празници!

Предметен наставник


Wednesday, December 18, 2024

Потписи преслушувачи

Почитувани студенти,

Не знам од каде ви е идејата да ми пишувате е-пошта и да ми барате потписи уште на 18 декември или речиси еден месец пред да заврши семестарот. Семестарот завршува на 15.01.2025 година и не очекувајте никакви потписи пред 13 јануари. Никогаш не сум давал потписи во декември. Кога ќе решам да ви дадам потписи, ќе објавам на блогот и ќе си дојдете во тој термин и ќе ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР.

Предметен наставник

Sunday, May 26, 2024

Потписи и 15 ЕКТС поени - 29.05.2024

Почитувани студенти,

Сите вие кои ги имате презапипано моите предмети во овој семестар и сте оствариле право на потпис во изминатите генерации, ве поканувам во среда на 29 мај од 8 до 10 часот да ги оставите индексите во посебна кутија во библиотеката на ИСЕР. Јас ќе потпишувам од 10 до 11 часот. Доколку не можете токму тој ден да дојдете, тогаш било кој ден оставете ги индексите таму и чекајте да ви ги потпишам во некој од наредните денови.

Во периодот од 11 до 12 часот може да се дојде да се одговара за 15 ЕКТС поени. Вакви термини до почетокот на сесијата може воопшто да нема, или најмногу ако има само уште еден. Не искористивте толку шанси во април и мај... Повторувам без освоени 15 ЕКТС поени по било кој од моите предмети, не може да се полага испитот.

Предметен наставник

Saturday, May 25, 2024

14 седмица ХГ - 28.05.2024

Почитувани студенти,

Во вторник на 28 мај е последниот час по Хумана генетика за оваа академска година. Ви го проследувам распоредот. Започнуваме во 8:00 со семинарот по ХГ. Вие сите треба да сте најмалку дестина минути порано пред Лабораторијата. Студентките што ќе презентираат треба да ги прикачат презентациите во Power Point на следниот ЛИНК. Рок за прикачување е 26 мај до 23:59 часот. Покрај тоа треба да ги носат на УСБ за секој случај.

По семинарот се делите во две групи за добивање потпис. Задолжително да се носи Практикум по ХГ со сите потписи и индекс.

По завршувањето на потписите, остануваат студентите што треба да полагаат втор колоквиум ХГ и МОИ и оние за одговарање за поени. Тоа би било некаде во периодот меѓу 10:00 и 10:30 часот.

Предметен наставник

Monday, January 8, 2024

Потписи - 09.01.2024

Почитувани студенти од поранешните генерации,

Сите вие кои ги преслушувате моите два предмети ФФА и ХГФ, и ви треба потпис од мене, ќе треба да ги оставите индексите кај библиотекарката на ИСЕР во вторник 09.01.2024 од 8:00 до 10.30 часот. Потоа јас ќе ги потпишувам од 10:30 до 11:00 часот. Кој нема да заврши работа сега, нека го остави индексот од 15 јануари во истата библиотека и ќе треба да чека да го потпишам во некој нареден ден. Ова не важи за актуелните слушатели на моите предмети.

Предметен наставник

Tuesday, December 26, 2023

Потписи - 29.12.2023

Почитувани студенти од поранешните генерации,

Сите вие кои ги преслушувате моите два предмети ФФА и ХГФ, и ви треба потпис од мене, ќе треба да ги оставите индексите кај библиотекарката на ИСЕР во петок 29.12.2023 од 8:00 до 10.00 часот. Потоа јас ќе ги потпишувам од 10:00 до 11:00 часот. Кој нема да заврши работа сега, нека го остави индексот по 2 јануари во истата библиотека и ќе треба да чека да го потпишам во некој ден по празниците. Ако не може по 2 јануари, тогаш по 8 јануари. Ова не важи за актуелните слушатели на моите предмети.

Предметен наставник

Wednesday, May 24, 2023

Потписи ХГ и втор колоквиум ХГ - 30.05.2023

Почитувани студенти,

Најпрвин нека ни е честит патронатот на УКИМ 24 мај!

Потписи по предметот Хумана генетика за актуелната прва година на ИСЕР ќе давам на 30 мај во слушална 11 на ФЗФ и тоа по следниот распоред:

Прва група од 10:00 до 10:45

Втора група од 10:45 до 11:30

Уште еднаш по не знам кој пат напоменувам дека потписи ќе добијат само тие студенти што биле редовни на предавања и вежби и што не направиле повеќе од 2 минуси за предавања, 2 за вежби и 2 за неактивност. Не ме интересираат никакви „тешки“ болести со лажни лекарски уверенија и разни други изговори. Не прифаќам никакви плачки и урегнеции. Бидете достоинствени! Правилата на игра ги знаевте уште на почетокот на академската година и повторно на почетокот на вториот семестар. Тие што нема да добијат потпис имаат право повторно да го презапишат предметот и да доаѓаат редовно со следната генерација. Нема да бидете ни први, ни последни што го презапишале предметот. Впрочем тоа го видовте од неколкуте студенти што повторно доаѓаа на предавања и вежби по ХГ.

Покрај горенаведените напомени треба да носите со себе и индекс и Практикум ХГ со сите потписи во него.

Студентите од другите генерации имаат обврска да го остават индексот во библиотеката во посебна кутија истиот ден најдоцна до 11:30. Поради моја презафатеност тој ден (колоквиум, избор на ректор на УКИМ и други активности) не ветувам брзина во враќањето на индексите. Тоа што можам да го изјавам сега е дека најверојатно ќе ви бидат готови до 15:30 часот истиот тој ден.

Сите оние студенти кои нема да го испочитуваат овој термин, нека не ми праќаат е-пошта да ме прашуваат кога, како?, туку едноставно нека го остават индексот во библиотеката на ИСЕР и нека чекаат да им го потпишам во некој од наредните денови.

Бидејќи од денес до наредниот вторник има уште 6 денови и се случуваат разни непредвидливи работи, за секој случај во вторник наутро кога ќе станете, проверете го мојот блог, случајно да не има некои измени.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник

Monday, February 20, 2023

Потписи - 20.02.2023

Почитувани студенти,

Денес, од 10:30 до 11:30 може да ги оставите индексите за потписи во библиотеката на ИСЕР. Од 11:30 до 12:00 ќе ги потпишувам и ќе ги вратам во истата кутија. Доколку не го искористите овој термин, едноставно оставете ги индексите во библиотеката и чекајте да ги потпишам во некој нареден термин четврток или петок оваа седмица. 

Предметен наставник

Tuesday, February 14, 2023

Потписи - 15.02.2023

Почитувани студенти,

Утре од 8:00 до 11:00 може да ги оставите индексите за потписи во библиотеката на ИСЕР. Од 11:00 до 13:00 ќе ги потпишувам и ќе ги вратам во истата кутија. Ова е последниот официјален термин за потписи. Не очекувајте вакви термини повеќе, едноставно оставете ги индексите во библиотеката и чекајте да ги потпишам во некој нареден термин. Инаку, не ми е познато што толку чекавте досега, кога семестарот заврши некаде 13.01.2023 година.

Предметен наставник

Thursday, January 12, 2023

Потписи и други консултации - 13.01.2023

Почитувани студенти,

Утре (петок) од 10:00 до 12:00 часот ќе давам потписи за тие што досега не земале. Претходно треба да ги доставите индексите во библиотеката на ИСЕР. Во истиот тој период ќе одржувам и консултации со сите студенти кои имаат нејаснотии, кои сакаат да направат увид на тестот, кои сакаат да дојдат на „чашка муабет“. За наредната седмица не знам во кои денови ќе бидам таму, само можам да кажам дека нема да бидам многу достапен за комуникација во живо поради милион други обврски.

Колегијален поздрав,

Предметен наставник

Monday, January 9, 2023

Потписи за презапишани студенти - јануари 2023

Почитувани студенти од ИСЕР и ИП,

Сите вие кои сте повозрасни од прва година и ги имате презапишано моите предмети, ве молам во среда 11.01.2023 година во периодот од 08:30 часот до 12:00 часот да ги оставите индексите во библиотеката на ИСЕР. Во зависност од обемот на обврските јас потписи ќе ви дадам тој ден попладнето или најдоцна во петок претпладне од 08:00 до 12:00 часот. Во четврток не очекувајте да се потпишам бидејќи имам обврски на Педагошкиот факултет со студентите од ИСЕР.

Предметен наставник

Sunday, January 8, 2023

Семинар и потписи ФФА - 12.01.2023

Почитувани студенти од ИСЕР,

Семинарот по Физиологија со функционална анатомија ќе се одржи во четврток на 12.01.2023 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет со почеток во 08:00 часот. Присуството на семинарот е задолжително за сите студенти од актуелната прва година, без разлика дали презентираат тема или не презентираат. Присуството и отсуството ќе се верификуваат со плусови и минуси и ако тоа биде трет минус некому, тој/таа нема да добијат потпис. Потписи ќе давам веднаш по семинарот само за тие што заслужиле, т.е. имаат најмногу до два минуса на предавања и најмногу два минуса од вежби. Никакви молби, жалби и притиосоци не прифаќам. Едноставно тие што имаат три минуси и повеќе нема да добијат потпис, немаат право да полагаат испит и ќе треба да го преслушаат предметот следната академска година. Задолжително носете со себе индекси и Практикуми по ФФА и потпис давам само лично, не и на други блиски лица кои не се студенти на Филозофскиот факултет во Скопје.

Денес на полноќ истекува рокот за закачување на семинарските презентации во програмот Power Point. Откажување на студентите од разно разни причини за мене е неприфатлива работа. Ви реков пред еден месец дека не е сериозно да се пријавувате за семинарот, па потоа да се откажувате. Презентацијата на семинарскиот труд носи од 1 до 5 ЕКТС поени. Го задржувам правото за промена на термините заради присуство на „виша сила“.

Предметен наставник

Tuesday, December 27, 2022

Потписи ФФА и ХГФ

Почитувани студенти,

Не знам чуму се зачестени е-пораки со прашања за потписи. Семестарот трае до 13.01.2023 година. За студентите од актуелната прва година и за презапишувачите потписи ќе давам по Божиќните празници, т.е. последната седмица од семестарот. За тоа ќе има објавено посебни блог постови. Имајте малку трпение, барем кај мене не сте останале покусо за тазе информација.

Предметен наставник