Showing posts with label јуни. Show all posts
Showing posts with label јуни. Show all posts

Monday, June 1, 2026

Потписи во јуни 2026

Почитувани студенти,

Ви се обраќам Вам кои ги преслушувате моите предмети за да ви укажам кога ќе давам потписи. Сите индекси што беа оставени денес до 12:30 часот се веднаш потпишани. Утре за време на испитот сите што ќе полагаат ФФА, доколку немаат потпис, должни се да ги остават индексите на катедрата и на крајот од испитот да си ги земат. Истите принципи важат и за тие студенти што ќе полагаат на 15 и 16 јуни. Ве молам доколку не полагате испит, да НЕ ми влегувате за време на испит и да барате потпис. Доколку не полагате, го оставате индексот во мојот фах во библиотеката на ИСЕР. Други можности за земање потпис се во деновите кога ќе пишувам оцени и тоа е се` за јуни месец. Доколку не можете да се вклопите во овие термини едноставно оставете го индексот во библиотеката и чекајте да ви го потпишам...

Ви благодарам за разбирањето,

Предметен наставник

Thursday, May 29, 2025

Анкета за полагање испити во летната сесија - 2025

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам со вас анкетата за полагање испити во летната сесија која треба да ја пополните ВЕДНАШ сите што планирате да полагате. Ве молам без менување на декади во последен момент. Потребно е да ви бидат пријавени електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Следете го блогот во јуни, заради евентуални промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на разбирањето. 

Предметен наставник

Wednesday, May 31, 2023

Анкета за полагање испити во летната сесија - 2023

Почитувани студенти,

Би сакал да ја споделам со вас анкетата за полагање испити во летната сесија. Потребно е да ви бидат пријавении електронски испитите, а пријавите ќе ги носите со себе на денот на испитот. За да имам увид во полагањето, ве молам да ги пополните анкетите за следните испити:

Следете го блогот во јуни заради евентуални промени во начинот на полагање и датумите. Ви благодарам на разбирањето.

Предметен наставник