Showing posts with label оцени. Show all posts
Showing posts with label оцени. Show all posts

Sunday, June 22, 2025

Оцени, потписи, 15 ЕКТС поени - 24.06.2025

Почитувани студенти,

Ве поканувам во вторник на 24 јуни во периодот од 10:00 до 11:00 часот да си ги завршите сите заостанати обврски во смисол на пишување оцена, земање потпис или одговарање за 15 ЕКТС поени, за да можете да полагате во августовската сесија. Истиот термин може да служи и за било каков друг вид на консултации.

Предметен наставник

Tuesday, September 3, 2019

Пишување оцени - 04.09.2019

Почитувани студенти,
Ве информирам дека сите кои треба да земете оцена, може да го сторите тоа утре 04.09.2019 година во периодот од 12:00 до 13:00 часот. Најдобро е лично да се земе оцената. Ве молам почитувајте го терминот.
Предметен наставник

Tuesday, August 27, 2019

Пишување оцени - 29.08.2019

Почитуваби студенти,
Сите вие кои треба да земете оцена по моите предмети ве поканувам да го сторите тоа во четврток на 29.08.2019 во периодот од 13:00 до 13:30. Доколку не можете, наредната седмица ќе има уште еден ваков термин.
Предметен наставник

Wednesday, January 23, 2019

Пишување оцени - 24.01.2019

Почитувани студенти,
Сакам да ве известам дека утре 24.01.2019 година во два наврати ќе пишувам оцени и тоа од 10:00 до 11:00 часот и од 12:00 до 13:00 часот. Ве молам строго да се придржувате до термините. Студентите што положија преку колоквиуми се должни да донесат пријава со доказ за административна уплата. Тие кои нема да можат да дојдат утре ги информирам дека вакви термини ќе има уште најмалку еден на 31.01.2019 или 01.02.2019 и ако има потреба уште еднаш по 08.02.2019 година. Термините ќе бидат дополнително соопштени на овој блог. Секој студент може да земе оцена лично, но не и за друг. Не е можно земање оцени во било кои термини што вам ви одговараат, туку само во термини назначени за тоа. Истите овие термини можат да се искористат и за друг вид на консултации со мене.
Срдечен поздрав,
Предметен наставник