Showing posts with label семинар. Show all posts
Showing posts with label семинар. Show all posts

Sunday, May 24, 2026

Распоред на активности по ХГ (колоквиум, семинар и потписи) - 26.05.2026

Почитувани студенти,

Иако поголемиот дел од вас е веќе запознаен со организацијата, сакам повторно да ги информирам особено студентите од повозрасните генерации и вонредните студенти дека во вторник, на 26 мај, активностите ќе се реализираат според следниот распоред:
  1. Студентите кои го положија првиот колоквиум и се стекнаа со право за полагање на вториот колоквиум по ХГ, потребно е да бидат во лабораторијата на Педагошкиот факултет најдоцна до 7:45 часот.
  2. Сите останати студенти од актуелната генерација кои го следат предметот ХГ, треба да бидат пред лабораторијата најдоцна до 8:30 часот, со цел да присуствуваат на семинарот. Шесте студентки кои се пријавија за презентации, потребно е најдоцна до вечерва во 23:59 часот да ги прикачат своите презентации во .pptx формат во специјално наменетиот фолдер на платформата Microsoft Teams. Дополнително, за секој случај, презентациите треба да ги носат и на USB-уред. Именување на фајлот: Име презиме-наслов на тема-ХГ.
  3. Присуството и активното учество на семинарот се вреднуваат со еден поен, додека за отсуство ќе се евидентира минус поен.
  4. По завршувањето на семинарот, студентите ќе бидат поделени во две групи, согласно распоредот за вежби, при што присуството и отсуството ќе бидат евидентирани. За вежбите е задолжително да носите практикум со сите потребни потписи, како и правилно пополнет индекс.
Сите преслушувачи кои треба да добијат потпис од мене, потребно е од 27 мај да ги остават индексите во посебната кутија со назначено моето име, која ќе биде поставена во библиотеката на ИСЕР. Најдобро е потписите да ги подигнете најдоцна до 3 јуни, бидејќи потоа, поради службени патувања и други професионални ангажмани, ќе бидам значително потешко достапен во периодот до 30 јуни.

Нека ни е честит големиот празник на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј!

Со почит,
Предметен наставник

Wednesday, January 14, 2026

Втор колоквиум, семинар ФФА и потписи - 15.01.2026

Почитувани студенти,

Заради специфичната ситуација во која се наоѓам малку доцна ви го објавувам овој пост, но сепак на време.

Како што објавив претходно вторите колоквиуми по ФФА и ХГФ ќе се полагаат утре во лабораторијата на Педагошкиот факултет со почеток во 8:00 часот. Вие треба да сте таму во 7:45 часот.

Семинарот по ФФА за сите студенти ќе започне во 8:30 часот. Вие треба да сте пред лабораторијата во 8:20 часот. Студентите што ќе презентираат тема задолжително да ја носат на УСБ.

Потоа, следуваат потписите. За добивање на потпис е неопходно носење на индекс, Практикум по ФФА, и најмногу 2 минуси на предавања и вежби. Сите кои не ги исполнуваат овие услови нема да добијат потпис.

Ве молам утре кога ќе станете проверете го овој блог, да не има некакви промени. Ако нема никаков друг пост во однос на овие задачи, тогаш го следите овој пост.

Предметен наставник

Monday, December 30, 2024

Втор колоквиум, семинар и потписи ФФА - 09.01.2025

Почитувани студенти од прва година,

Иако многу од работите ги кажав на последното предавање, сепак сум должен и овде да ги постирам за да ги видат оние што беа отсутни. Сите горенаведени активности ќе се одвиваат на 9 јануари 2025 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет. Одиме по ред.

Вторите колоквиуми по ФФА и МОИ ќе се полагаат во 08:00 часот, но вие (тие што положиле прв колоквиум) сте должни да бидете таму најдоцна во 7:45 часот.

Семинарот по ФФА започнува во 08:30 часот за сите студенти и ќе се добиваат плусови и минуси за присуство. Петте студентки што се пријавија, најдоцна до 07.01.2025 година во 23:59 часот да ми испратат Power Point презентација на мојата службена е-пошта. За секој случај презентацијата да се носи на USB stick.

Веднаш по завршувањето на семинарот, се делите во групи, како што си бевте досега и кој заслужил ќе добие потпис. За да добиете потпис, не смеете да имате повеќе од 2 минуси на предавања и 2 минуси на вежби, мора да имате потпис на сите вежби во Практикумот по ФФА и да носите индекс. Секое заборавање на овие две работи, ќе ви ја отежни работата за добивање потпис.

Среќни и бериќетни Новогодишни и Божиќни празници!

Предметен наставник


Saturday, November 30, 2024

Пријавување за семинар ФФА

Почитувани студенти,

Време е да почнете да размислувате за семинарот по предметот Физиологија со функционална анатомија. Се задолжува студентката со број на индекс 26185/24 да направи список на заинтересирани студенти кои сакаат да си ја презентираат својата семинарска работа. Презентациите треба да се подготват во програмот Power Point и треба да бидат проектирани на најмногу 10 минути. Оценувањето е од 1 до 5 ЕКТС поени. Семинарот по ФФА ќе се реализира најверојатно на 9 јануари 2025 година. Рокот за пријавување е 5-ти или најдоцна 12-ти декември 2024 година. Студентката треба да подготви табела во програмот Ворд во која треба да ги има следните четири колони: име и презиме, број на индекс, наслов на темата и поени. Списокот да ми го достави во печатена верзија во еден од горенаведните датуми за време на наставата.

Со почит,

Предметен наставник

Sunday, January 8, 2023

Семинар и потписи ФФА - 12.01.2023

Почитувани студенти од ИСЕР,

Семинарот по Физиологија со функционална анатомија ќе се одржи во четврток на 12.01.2023 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет со почеток во 08:00 часот. Присуството на семинарот е задолжително за сите студенти од актуелната прва година, без разлика дали презентираат тема или не презентираат. Присуството и отсуството ќе се верификуваат со плусови и минуси и ако тоа биде трет минус некому, тој/таа нема да добијат потпис. Потписи ќе давам веднаш по семинарот само за тие што заслужиле, т.е. имаат најмногу до два минуса на предавања и најмногу два минуса од вежби. Никакви молби, жалби и притиосоци не прифаќам. Едноставно тие што имаат три минуси и повеќе нема да добијат потпис, немаат право да полагаат испит и ќе треба да го преслушаат предметот следната академска година. Задолжително носете со себе индекси и Практикуми по ФФА и потпис давам само лично, не и на други блиски лица кои не се студенти на Филозофскиот факултет во Скопје.

Денес на полноќ истекува рокот за закачување на семинарските презентации во програмот Power Point. Откажување на студентите од разно разни причини за мене е неприфатлива работа. Ви реков пред еден месец дека не е сериозно да се пријавувате за семинарот, па потоа да се откажувате. Презентацијата на семинарскиот труд носи од 1 до 5 ЕКТС поени. Го задржувам правото за промена на термините заради присуство на „виша сила“.

Предметен наставник

Семинар и потписи ХГФ - 11.01.2022

Почитувани студенти од ИП,

Семинарот по Хумана генетика и физиологија ќе се одржи во среда на 11.01.2023 година во електронската лабораторија со почеток во 09:00 часот. Присуството на семинарот е задолжително за сите студенти од актуелната прва година, без разлика дали презентираат тема или не презентираат. Присуството и отсуството ќе се верификуваат со плусови и минуси и ако тоа биде трет минус некому, тој/таа нема да добијат потпис. Потписи ќе давам веднаш по семинарот само за тие што заслужиле, т.е. имаат најмногу до два минуса. Никакви молби, жалби и притиосоци не прифаќам. Едноставно тие што имаат три минуси и повеќе нема да добијат потпис, немаат право да полагаат испит и ќе треба да го преслушаат предметот следната академска година. Задолжително носете со себе индекси и потпис давам само лично, не и на други блиски лица кои не се студенти на Филозофскиот факултет во Скопје.

Денес на полноќ истекува рокот за закачување на семинарските презентации во програмот Power Point. Загрижува фактот што некои студентки веќе се откажаа од разно разни причини кои за мене се неприфатливи. Ви реков пред еден месец дека не е сериозно да се пријавувате за семинарот, па потоа да се откажувате. Презентацијата на семинарскиот труд носи од 1 до 5 ЕКТС поени.

Предметен наставник

Monday, December 12, 2022

Информација до медиумите – повод едукативниот семинар на МНЗА за катастрофи

Почитувани претставници на медиумите,

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод завршување на проектот „Учам и ги надминувам своите граници“ има чест да Ве покани на промоцијата што ќе се одржи во понеделник на 12.12.2022 година во 12:00 часот во сала за седници на Филозофскиот факултет во Скопје.
Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ и истиот го спроведуваме заедно со други 7 асоцијации од Турција, Италија и ЕДСА.
Проектот е наменет за изработка на образовни документи со специјална образовна методологија за да можат лицата со аутизам, Даун синдром или интелектуална попреченост да се стекнат со вештини за да го покажат вистинскиот курс на дејствување по катастрофи и вонредни ситуации.
Главните цели на овој проект се:Комуницирање со луѓе од доверба,
Да се остане безбеден,
Надминување на различни ризици од катастрофи и итни случаи.
На промоцијата ќе бидат прикажани резултатите од проектот. Повеќе информации за проектот може да се најдат на веб страниците: http://afadotizmdown.ogu.edu.tr/ и https://www.lebelproject.com/.

Покрај членовите на МНЗА ќе присуствуваат и членови од Дирекцијата за управување со кризи, претставници на Црвениот Крст на град Скопје, родители на деца со аутизам, Даун синдром, интелектуална попреченост и други невладини организации.
Во прилог на оваа информација ви ја праќаме и програмата на настанот и постерот за илустрација. Доколку сте заинтересирани за изјави Ве молиме најдоцна во 11:45 часот да бидете во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје.

Белешки до уредникот
МНЗА е национална асоцијација со најдолг стаж од 22,5 години во полето на аутизмологијата во Македонија. Главна цел е да ги унапреди правата на лицата со аутизам и нивните семејства и да им помогне да го подобрат квалитетот на нивниот живот. Обезбедува ефективна и ефикасна врска со други меѓународни организации за аутизам и соработува со меѓународни научни и образовни институции. Членовите на МНЗА објавуваат книги, прирачници, памфлети, брошури, како и научни трудови во високо реномирани научни списанија со фактор на влијание.

Претседател на МНЗА

Monday, January 10, 2022

Втор колоквиум и семинар ХГФ - 12.01.2022

Почитувани студенти од ИП,

Како што веќе објавив на платформата МТ вториот колоквиум по ХГФ ќе се полага на 12.01.2022 година во 08:00 часот. Потребно е да бидете најмалку 10 минути пред тоа вклучени. Задолжително треба да ви биде вклучена камерата. Не е дозоволено никакво препишување, ниту други методи. Колоквиумот ќе се полага на МУДЛ платформата на ФЗФ на следниот линк. Вие мора претходно да сте запишани и пријавени на платформата. Во спротивно не можете да полагате.

Потоа, во 08:30 часот започнува семинарот за сите студенти кои го имаат запишано и презапишано ХГФ, а не само за тие што ќе презентираат. Го задржувам правото на промена на термините заради виша сила.

Предметен наставник

Thursday, September 2, 2021

Семинар АСН - 02.09.2021

Почитувани постдипломци,
Сите вие кои не ги презентиравте своите семинарски трудови во јуни, ви нудам можност тоа да го сторите денес вечер. На барање на некои постдипломци заради работното време, семинарот по АСН го закажувам во 20:00 часот на Мајкрософт Тимс. Кликнете на линкот за да одите на состанокот.
Предметен наставник

Monday, June 7, 2021

Семинар АСН - 08.06.2021

Почитувани постдипломци,

Го закажувам семинарот по предметот Аутистичен спектар на нарушувања за утре (вторник) 08.06.2021 година на платформата Мајкрософт Тимс во 19:00 часот.

Предметен наставник

Friday, May 21, 2021

Семинар по Хумана генетика - 25.05.2021

Почитувани студенти,

Сите вие што се пријавивте да ги презентирате семинарските теми по Хумана генетика ќе можете да го сторите тоа во вторник на 25 мај во 9:45 часот на веќе познатата платформа по вашиот предмет. Ве молам сите во рокот да ги предадете презентациите во Power Point. Максимално време за презентација е 10 минути. Семинарот е задолжителен да го слушаат сите студенти кои го имаат презапишано предметот ХГ во овој семестар.

Предметен наставник

Wednesday, January 8, 2020

Семинари и потписи ХГФ - 13.01.2020

Почитувани студенти од прва година на Институтот за психологија,
Семинарот по предметот Хумана генетика и физиологија ќе се одржи на 13.01.2020 година во Електронската лабораторија на ФЗФ со почеток во 08:45 часот. Присуството е задолжително за сите студенти. Презентацијата трае најмногу 10 минути. На овој блог се објавени водичи како да се направи добра презентација. По завршувањето на семинарот ќе ги добиете заслужените потписи, т.е. сите вие кои имате најмногу по два минуса. Ве потсетувам дека носењето на индексите е задолжително.
Предметен наставник

Tuesday, January 7, 2020

Семинари и потписи ФФА - 09.01.2020

Почитувани студенти од прва година на ИСЕР,
Семинарот по предметот Физиологија со функционална анатомија ќе се одржи на 09.01.2020 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет со почеток во 08:45 часот. Присуството е задолжително за сите студенти. Презентерите на семинарските трудови преку назначената студентка да ми ги достават презентациите најдоцна до утре (среда) во 15:00 часот. Презентацијата трае најмногу 10 минути. На овој блог се објавени водичи како да се направи добра презентација. По завршувањето на семинарот ќе бидете во групи како за на вежби и кој заслужил потпис ќе го добие. Ве потсетувам дека носењето на Практикумите по ФФА и индексите е задолжително.
Предметен наставник

Sunday, December 22, 2019

Семинар за аутизам и АДХД во Велес - 24.12.2019

Почитувани колешки и колеги,
Задутре во вторник на 24.12.2019 година во хотелот Интернационал во Велес ќе се одржи семинарот под наслов: „АДХД и АСН - мит или реалност во нашето општество“ во организација на СТАРС центарот од Велес. Кога сопственичката на центарот, инаку моја поранешна студентка Александра Јорданов ме покани да бидам предавач без двоумење прифатив, иако е крај на годината и обично на една седмица пред НГ не одам по семинари и конференции. Со тоа на фантастичен начин ќе ја заокружам оваа година која изобилува со семинари, конгреси, состаноци, работилници и конференции кои започнаа од почетокот на февруари во Левен, па потоа во Естонија, Брисел, па Холандија, Санкт Петербург, Американско катче, МАНУ и Јавна соба во Скопје, Охрид, Будва и конечно Велес. Да биде уште поинтензивна работата во Велес ќе имам не една, туку две презентации и тоа:
  • „Сензорна претчувствителност и стратегии за решавање на проблемите кај АСН“;
  • „Методи и интервенции базирани на докази во специјалната едукацијана АСН“.
Пријавени се преку 80 учесници што за Велес и за центарот СТАРС како за прв пат организатор и повеќе од задоволителна бројка. Не сум сигурен дали има уште слободни места, но за тоа ќе мора да се обратите кај организаторката. Во прилог е целата агенда на семинарот.


Претседател на МНЗА

Monday, May 20, 2019

13-та седмица ХГ: Колоквиум, семинар, потписи - 21.05.2019

Почитувани студенти,
Како што веќе објавив минатата седмица утре (вторник) со почеток во 08:00 часот ќе се одржат двата колоквиума по ХГ и МОИ во лабораторијата на Педагошкиот факултет. Потребно е да бидете таму 5-10 минути порано.
Во 09:00 часот ќе стартува семинарот по ХГ на кој се пријавени 9 студенти и тоа ќе биде евидентирано како присуство за предавања.  Потребно е да бидете таму 5-10 минути порано.Доколку некој не дојде и доколку тоа му е трет минус, нема да добие потпис по ХГ. По завршување на семинарот, ќе бидете поделени во две групи и тоа ќе биде евидентирано во списокот за вежби. Да заклучам и утрешниот ден е официјален работен ден и се евидентира присуство за предавања и вежби.
Потребно е да носите практиукм ХГ со сите 13 потписи во него и секако индекс.
Довидување,
Предметен наставник

Saturday, December 29, 2018

Семинар ФФА - 10.01.2019

Почитувани студенти од Институтот за дефектологија,
Ве известувам дека семинарот по Физиологија со функционална анатомија ќе се одржи на 10.01.2019 година со почеток во 09:00 часот во лабораторијата на Педагошки факултет доколку биде поправено парното греење. Доколку не биде ќе добиете нова информација на 09.01.2019 година. Вие треба да бидете дојдени 5-10 минути порано. Сите што се пријавија за семинарот да ги достават своите Power Point презентации на студентката А.Ш. најдоцна до 04.01.2019, а таа на мене најдоцна до 05.01.2019 година во 15:00 часот. Упатство како да направите добра презентација ви е постирано на овој блог пред некој ден. Семинарот е задолжителен за сите студенти, а веднаш по него ќе ви бидат дадени и потписи. По потписите останува да одговараат оние студенти кои ќе треба да надополнат до 15 ЕКТС поени. Заради виша сила го задржувам правото на промена на термините. Вие сте должни да го следите овој блог редовно.
Предметен наставник

Семинар ХГФ - 09.01.2019

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Ве известувам дека семинарот по Хумана генетика и физиологија ќе се одржи на 09.01.2019 година со почеток во 09:00 часот во електронската лабораторија. Вие треба да бидете дојдени 5-10 минути порано. Сите што се пријавија за семинарот да ги достават своите Power Point презентации на студентката М.Ј. најдоцна до 04.01.2019, а таа на мене најдоцна до 05.01.2019 година во 15:00 часот. Упатство како да направите добра презентација ви е постирано на овој блог пред некој ден. Семинарот е задолжителен за сите студенти, а веднаш по него ќе ви бидат дадени и потписи. По потписите останува да одговараат оние студенти кои ќе треба да надополнат до 15 ЕКТС поени. Заради виша сила го задржувам правото на промена на термините. Вие сте должни да го следите овој блог.
Предметен наставник