Showing posts with label понеделник. Show all posts
Showing posts with label понеделник. Show all posts

Monday, December 12, 2022

Информација до медиумите – повод едукативниот семинар на МНЗА за катастрофи

Почитувани претставници на медиумите,

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод завршување на проектот „Учам и ги надминувам своите граници“ има чест да Ве покани на промоцијата што ќе се одржи во понеделник на 12.12.2022 година во 12:00 часот во сала за седници на Филозофскиот факултет во Скопје.
Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ и истиот го спроведуваме заедно со други 7 асоцијации од Турција, Италија и ЕДСА.
Проектот е наменет за изработка на образовни документи со специјална образовна методологија за да можат лицата со аутизам, Даун синдром или интелектуална попреченост да се стекнат со вештини за да го покажат вистинскиот курс на дејствување по катастрофи и вонредни ситуации.
Главните цели на овој проект се:Комуницирање со луѓе од доверба,
Да се остане безбеден,
Надминување на различни ризици од катастрофи и итни случаи.
На промоцијата ќе бидат прикажани резултатите од проектот. Повеќе информации за проектот може да се најдат на веб страниците: http://afadotizmdown.ogu.edu.tr/ и https://www.lebelproject.com/.

Покрај членовите на МНЗА ќе присуствуваат и членови од Дирекцијата за управување со кризи, претставници на Црвениот Крст на град Скопје, родители на деца со аутизам, Даун синдром, интелектуална попреченост и други невладини организации.
Во прилог на оваа информација ви ја праќаме и програмата на настанот и постерот за илустрација. Доколку сте заинтересирани за изјави Ве молиме најдоцна во 11:45 часот да бидете во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје.

Белешки до уредникот
МНЗА е национална асоцијација со најдолг стаж од 22,5 години во полето на аутизмологијата во Македонија. Главна цел е да ги унапреди правата на лицата со аутизам и нивните семејства и да им помогне да го подобрат квалитетот на нивниот живот. Обезбедува ефективна и ефикасна врска со други меѓународни организации за аутизам и соработува со меѓународни научни и образовни институции. Членовите на МНЗА објавуваат книги, прирачници, памфлети, брошури, како и научни трудови во високо реномирани научни списанија со фактор на влијание.

Претседател на МНЗА

Saturday, November 21, 2020

Термини за консултации

Почитувани студенти, дипломци, драги постдипломци,

Во тек на тешка пандемија, каде бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19 екстремно се зголемува, консултациите кај мене се одвиваат исклучиво електронски. Првата опција е преку мојата е-пошта: vladotra@fzf.ukim.edu.mk а доколку сакате да стапите во контакт во живо со мене, тоа ќе можете да го сторите преку платформата на Мајкрософт Тимс на следниот ЛИНК. Термините се:

Понеделник од 10:00 до 11:30

Вторник од 10:00 до 11:30

За да оствариме средба во живо сепак ќе треба да се најавите претходно на е-пошта и да побарате термин, затоа што јас нема да бидам нон стоп во овие термин присутен и да чекам на платформата. Се разбира дека стојам на располагање по потреба и во други термини да закажеме состанок.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник