Sunday, December 22, 2019

Семинар за аутизам и АДХД во Велес - 24.12.2019

Почитувани колешки и колеги,
Задутре во вторник на 24.12.2019 година во хотелот Интернационал во Велес ќе се одржи семинарот под наслов: „АДХД и АСН - мит или реалност во нашето општество“ во организација на СТАРС центарот од Велес. Кога сопственичката на центарот, инаку моја поранешна студентка Александра Јорданов ме покани да бидам предавач без двоумење прифатив, иако е крај на годината и обично на една седмица пред НГ не одам по семинари и конференции. Со тоа на фантастичен начин ќе ја заокружам оваа година која изобилува со семинари, конгреси, состаноци, работилници и конференции кои започнаа од почетокот на февруари во Левен, па потоа во Естонија, Брисел, па Холандија, Санкт Петербург, Американско катче, МАНУ и Јавна соба во Скопје, Охрид, Будва и конечно Велес. Да биде уште поинтензивна работата во Велес ќе имам не една, туку две презентации и тоа:
  • „Сензорна претчувствителност и стратегии за решавање на проблемите кај АСН“;
  • „Методи и интервенции базирани на докази во специјалната едукацијана АСН“.
Пријавени се преку 80 учесници што за Велес и за центарот СТАРС како за прв пат организатор и повеќе од задоволителна бројка. Не сум сигурен дали има уште слободни места, но за тоа ќе мора да се обратите кај организаторката. Во прилог е целата агенда на семинарот.


Претседател на МНЗА

No comments:

Post a Comment