Редно време е да ве известам за вторите колоквиуми по предметите ФФА и ХГФ. Истите ќе се полагаат во јануари 2020 година и право имаат да ги полагаат само студентите кои го положија првиот колоквиум.
- Физиологија со функционална анатомија ќе се полага на 09.01.2020 година во лабораторијата на Педагошкиот факултет во 08:00 часот.
- Хумана генетика и физиологија ќе се полага на 13.01.2020 година во електронската училница на Филозофскиот факултет во 08:00 часот.
По колоквиумите следуваат семинарите и давањето на потписите по одредените предмети. За ова ќе добиете дополнителни информации во јануари по празниците. Го задржувам правото на промена на термините заради учество на виша сила која не може да се предвиди, а вие сте должни редовно да го следите овој блог ако не сакате да бидете инсуфициентни во навремени информации. Ви посакувам интензивно учење и голем успех.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment