Со особено задоволство сакам да ја соопштам веста дека неодмана потпишав договор за да бидам визитинг професор на Универзитетот Alma Mater Europaea во Марибор на нивно барање. Некаде во март годинава ме контактираше претседателот на универзитетот проф. д-р Лудвиг Топлак со желба за соработка и понуда да предавам 2 предмети на постдипломските студии на насоката Аутизам. Подоцна ме контактираше одговорниот за студиите вонр. проф. д-р Себастијан Криштовиќ, со кого ги договоривме детелите за соработката. Имено, во март месец 2020 треба да ги одржам предавањата и вежбите по двата предметас на кои ќе бидам ангажиран. Во оваа пригода им благодарам на понудата на двајцата еминентни словенечки професори и се надевам на успешна и плодна соработка. Напорната работа, љубовта и самопрегорот кон работата ги ценат надвор од Македонија. Не за џабе велат: „Трудот го создал човекот", или „Џабе работи, џабе не седи", итн. Само уште за некои локални шерифи, љубоморни колеги и колешки не се видливи плодовите од мојата работа. Но, затоа има и светски луѓе кои знаат да го ценат и вреднуваат напорниот труд. Quo vadis homo Macedonicus?
Визитинг професорот :)
No comments:
Post a Comment