Showing posts with label центар. Show all posts
Showing posts with label центар. Show all posts

Sunday, December 22, 2019

Семинар за аутизам и АДХД во Велес - 24.12.2019

Почитувани колешки и колеги,
Задутре во вторник на 24.12.2019 година во хотелот Интернационал во Велес ќе се одржи семинарот под наслов: „АДХД и АСН - мит или реалност во нашето општество“ во организација на СТАРС центарот од Велес. Кога сопственичката на центарот, инаку моја поранешна студентка Александра Јорданов ме покани да бидам предавач без двоумење прифатив, иако е крај на годината и обично на една седмица пред НГ не одам по семинари и конференции. Со тоа на фантастичен начин ќе ја заокружам оваа година која изобилува со семинари, конгреси, состаноци, работилници и конференции кои започнаа од почетокот на февруари во Левен, па потоа во Естонија, Брисел, па Холандија, Санкт Петербург, Американско катче, МАНУ и Јавна соба во Скопје, Охрид, Будва и конечно Велес. Да биде уште поинтензивна работата во Велес ќе имам не една, туку две презентации и тоа:
  • „Сензорна претчувствителност и стратегии за решавање на проблемите кај АСН“;
  • „Методи и интервенции базирани на докази во специјалната едукацијана АСН“.
Пријавени се преку 80 учесници што за Велес и за центарот СТАРС како за прв пат организатор и повеќе од задоволителна бројка. Не сум сигурен дали има уште слободни места, но за тоа ќе мора да се обратите кај организаторката. Во прилог е целата агенда на семинарот.


Претседател на МНЗА

Thursday, November 15, 2018

Дијагностичко-консултативни прегледи

Почитувани родители на деца со развојни нарушувања,
Сакам да ве информирам дека отсега своите дијагностички и консултативни прегледи ќе ги изведувам во Гаспар Центар кој се наоѓа во наслеба Козле на улица Милан Марковиќ број 48 (во улицата каде што е сместена слаткарницата Канела) и тоа со претходно закажување на телефонот 071-375-700. Прегледите ќе се изведуваат во четвртоците со почеток во 14:15 часот најдоцна до 17:15 часот се разбира доколку има доволен број пријавени заинтересирани клиенти. Прегледите и советувањето засега ќе бидат бесплатни и ќе бидат ограничени на максимални 45 минути. Ви укажувам дека нема да можете повеќе да добивате совети на е-пошта, на улица, на ФБ и слично. Мора да се воведе ред во работата. Искрено се надевам на ваше разбирање. Во светот, па и во Македонија ретко ќе најдете бесплатни вакви услуги од професор и доктор. Во оваа пригода му благодарам на сопственикот, колегата психолог Фики Гаспар за ангажманот.
Претседател на МНЗА