Showing posts with label Conditio sine qua non. Show all posts
Showing posts with label Conditio sine qua non. Show all posts

Sunday, January 26, 2025

Потписи и 15 ЕКТС поени - две неповрзани работи, а многу битни

Почитувани студенти,

Некои студенти и по престој од 6,5 години на факултетот не научија дека само добивањето на потпис не е доволно да се појавите на испит. Вториот многу битен услов е освојувањето на 15 ЕКТС поени во текот на семестарот или непосредно по тоа. Некои студенти не ја завршуваат таа обврска и потоа забораваат дека НЕ освоиле 15 ЕКТС поени и се дрзнуваат да се појават на испит. Тоа е измама и некоректно академско однесување. Имам право да ви изречам забрана за полагање во две последователни сесии. Ве молам не ме терајте да го искористам тоа право. Иако, секогаш на почетокот на предавањата по било кој предмет кажувам дека добивањето потпис и 15 ЕКТС поени се conditio sine qua non (услов без кој не се може), од време на време ќе се јави некој студент/ка што се прави „Англичанец/Англичанка“.

Како може да добиете потпис, а да немате право да полагате? Па многу едноставно. Сте направиле по еден или два минуси на предавања или вежби сте го исполниле условот за добивање на потпис, но сте освоиле од 11 до 14 поени и немате право да полагате. Притоа немате ниту една друга активност од типот на семинарска работа, презентација на семинар, обработка на труд, обработка на интернет ресурси. Верувајте дека имам одличен увид во тоа што секој студент го сторил наназад повеќе од 27 години колку што сум вработен на ФЗФ и не постои можност некому намерно да му бидат скратени поени.

Пред секоја сесија јас имам по најмалку пет термини за 15 ЕКТС поени и ретко кој доаѓа во тие термини, а во Ексел табелите за секој предмет и за секоја генерација има многу студенти кои се одбележани во црвено и зелено што значи дека немаат право да полагаат. Овде изразувам јавен апел до сите што се од повозрасните генерации, а не се сеќаваат дали освоиле 15 ЕКТС поени да дојдат веднаш кај мене во кабинет и да ја провериме тековната состојба со нивните поени.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Tuesday, June 15, 2021

15 ЕКТС поени - Conditio sine qua non

Почитувани студенти,

По не знам кој пат морам да ви повторам дека 15 ЕКТС поени се „Conditio sine qua non“ за да се полага испит по моите предмети, или ако не разбирате латински УСЛОВ БЕЗ КОЈ НЕ СЕ МОЖЕ. Укажано ви е десетици пати дека не смеете да се појавите на испит без да освоите 15 ЕКТС поени, без разлика дали сте редовен или вонреден студент. Не може да полагате, па потоа да се правите на „Англичани“ и да ме молите да ви давам дополнителни задачи. Овде сакам да ви повторам дека сите оние кои ќе положат испит, а потоа ќе утврдам во моите Ексел табели дека некој/а нема освоено поени во истиот миг ќе го поништам испитот. Потоа ќе мора да освоите 15 поени и во следната сеисја повторно да го полагате испитот. Ви укажувам да не ми пишувајте пораки и не ме молете, затоа што правила си се правила и мора СИТЕ да ги почитувате.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник