Почитувани студенти,
По не знам кој пат морам да ви повторам дека 15 ЕКТС поени се „Conditio sine qua non“ за да се полага испит по моите предмети, или ако не разбирате латински УСЛОВ БЕЗ КОЈ НЕ СЕ МОЖЕ. Укажано ви е десетици пати дека не смеете да се појавите на испит без да освоите 15 ЕКТС поени, без разлика дали сте редовен или вонреден студент. Не може да полагате, па потоа да се правите на „Англичани“ и да ме молите да ви давам дополнителни задачи. Овде сакам да ви повторам дека сите оние кои ќе положат испит, а потоа ќе утврдам во моите Ексел табели дека некој/а нема освоено поени во истиот миг ќе го поништам испитот. Потоа ќе мора да освоите 15 поени и во следната сеисја повторно да го полагате испитот. Ви укажувам да не ми пишувајте пораки и не ме молете, затоа што правила си се правила и мора СИТЕ да ги почитувате.
Ви благодарам на разбирањето!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment