Tuesday, June 15, 2021

Работилница: „Етика во научното пишување и објавување во биомедицината и сродни полиња“ - 24.06.2021

Почитувани колешки и колеги,

Ве известувам за одржување на втора научна едукативна Работилница за млади научници и членови на уредувачки одбори на научни списанија: „Етика во научното пишување и објавување во биомедицината и сродни полиња“, во организација на Македонско американската алумни асоцијација (МААА) и Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ), со поддршка преку мини-грант од Амбасадата на САД во Македонија, а која ќе се одржи во Филозофскиот факултет (Амфитеатар 3) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 24.06.2021 г., од 8:30 - 14:00 часот.

Многу е важно секој млад стручњак и научник да развие вештини за научно пишување и објавување, со цел да ги промовира рeзултатите од своите професионални активности и научна работа.

Многу млади научници немаат доволно информации за принципите на етиката во научната комуникација и објавување и имаат потреба од зајакнување на вештините за научното пишување поради недоволно знаење и искуство за подготовка на солиден ракопис што ќе ги задоволи барањата на рецензентите и да биде прифатен за објавување во списание со рецензија и отворен пристап, посебно на повисоко ниво и со фактор на влијание (Impact Factor).

Затоа е организирана оваa Работилница, наменета за млади научници и членови на уредувачки одбори на научни списанија, кои ги подготвуваат своите први ракописи или би сакале да ги подобрат своите вештини за пишување и објавување трудови во научни списанија.

Целта на Работилницата е да се зголеми свеста кај младите научници за меѓународните критериуми и стандарди во научното пишување и објавување и да се спречи лошо однесување и измама, плагијаторство и патологија на авторството во научното издаваштво. Покрај тоа, да се обезбеди практична обука за млади научници со цел да им се овозможи правилна и научно издржана комуникација на резултатите од истражувањето и презентирање на податоците во ракописот од „Вовед, методи и резултати“ до деловите „Дискусија“ и „Заклучок“, како и да развијат вештини за рецензирање и критичко читање на објавената литература.

Учеството во Работилницата е бесплатно, а пријавувањето е со пополнување и електронско доставување на Формуларот за регистрација.

„Млади научници се сите кои сакаат да учат и да ги надградуваат своите знаења за научната комуникација и етика и објавувањето трудови во научни списанија со рецензија, независно од возраста.“

ПРОГРАМА

24 јуни (Четврток), 2021

08:30 - 09:00 Регистрација на учесниците

Претседателство: Aкад. Сашко Кедев, проф. Дијана Плашеска
Каранфилска, м-р Верица Јорданова

09:00 - 09:15 Oтворање на Работилницата со поздравни говори и
претставување на учесниците
Проф. Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје
Aкад. Сашко Кедев, претседател на МЗМУ
M-р Верица Јорданова, претседател на МААА


09:15 - 10:00 Принципи на научната комуникација, етика во издаваштвото и
структура на научниот труд
Проф. Дончо Донев

10:00 - 10:45 Фази и етички норми во медицинските истражувања
Проф. Емилија Шукарова-Стефановска


10:45 - 11,30 Процес на рецензија и одлука на Главниот уредник за
прифаќање или одбивање на ракописот
Проф. Владимир Трајковски

11:30 - 11:45 Кафе пауза

11:45 - 12:30 Aвторство – патологија и меѓународни критериуми за праведна
распределба на авторството
Проф. Дончо Донев

12:30 - 13:15 Oтворен пристап како иднина во академското објавување,
плагијат и самоплагијат
Проф. Владимир Трајковски


13:15 - 13:30 Вежба 1: Критичко читање и рецензирање на ракопис

Вовед и препораки: Проф. Дончо Донев
13:30 - 15:45 Eвалуација на работилницата
13:45- 14:00 Доделување на сертификати
14:00 Затварање на работилницата

Еден од предавачите


No comments:

Post a Comment