Showing posts with label 15 ЕКТС. Show all posts
Showing posts with label 15 ЕКТС. Show all posts

Wednesday, January 13, 2021

Список на освоени ЕКТС поени по ФФА - јануари 2021

 Почитувани студенти,

Ви го праќам списокот на освоени ЕКТС поени по предметот Физиологија со фунцкионална анатомија. Должен сум да напоменам дека ќе добиете админситративен потпис од службата за „Студентски прашања“ на ФЗФ. Свесен сум дека имаше минимални отсуства на предавањата и вежбите, но решив да ви „прогледам низ прсти“ и на сите да ви ставам по 7 поени за предавања и 8 поени за вежби. Вонредните студенти кои не присуствувале редовно на предавањата и вежбите се должни да направат дополнителни активности.

Предметен наставник

Sunday, May 26, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 27.05.2019

Почитувани студенти,
Ве поканувам утре 27.05.2019 година во периодот од 10:30 до 12:00 часот да си ја завршите обврската за освојување на 15 ЕКТС поени. Ова најверојатно ќе биде и последниот ваков термин пред престојната јунска сесија. Кој нема освоено 15 ЕКТС поени нема да може да полага испит во јунската сесија.
Предметен наставник

Wednesday, April 24, 2019

15 ЕКТС поени и консултации - 25.04.2019

Почитувани студенти,
Утре, 25.04.2019 година на ваше барање ќе може да ги предадете семинарските трудови по Хумана генетика. Консултациите од денес се префрлаат за утре. Исто така другите студенти ќе можат да си ја завршат задачата за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 10:00 до 12:00 часот. 
Предметен наставник

Sunday, April 21, 2019

15 ЕКТС поени - 22.04.2019

Почитувани студенти,
Утре, 22.04.2019 година можете да дојдете да си ја завршите задачата за освојување на 15 ЕКТС поени во периодот од 10:00 до 11:30 часот. 
Предметен наставник

Thursday, January 10, 2019

Конечен список на освоени ЕКТС поени по ФФА - 10.01.2019

Почитувани студенти од Институтот за дефектологија,
Во прилог ви го проследувам конечниот список со освоени поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Само четири студенти успеаја да го положат испитот преку колоквиуми и активности и јас им честитам во оваа пригода. Другите многу повеќе учење во наредните седмици и месеци. Оцени ќе се пишуваат во два термини во периодот од 23.01.2019-01.02.2019 година за што ќе има посебно наменети постови.
Студентите што се одбележани во црно значи дека имаат освоено 15 и повеќе ЕКТС поени и добиле потпис и имаат право да го полагаат испитот во јануарската сесија. Во однос на редовност и навремено завршување на обврските за 15 ЕКТС поени сте најредовната генерација досега. Но, ќе морате многу повеќе да учите.
Студентите што се во црвено имаат право на потпис, но немаат право да полагаат испитот се` додека не освојат 15 поени. Последна шанса за оваа сесија ќе им биде дадена утре во петок. Ако не ја искористат таа шанса ќе мора во периодот од 15.02. до 01.05. 2019 година да ги завршат тие активности ако сакаат да полагаат во јунската сесија.
Студентите што се во зелено имаат направено 3 минуси и повеќе и тие немаат право на потпис, или пак се вонредни и немаат право да го полагаат испитот. Тие мора да го преслушуваат предметот со следната генерација од 01.10.2019 година.
Мислам дека се` ви е објаснето и во нардниот период заради презафатеност нема да одговарам на е-пошта.
Предметен наставник

15 ЕКТС поени - 11.01.2019

Почитувани студенти,
Утре официјално завршува првиот семестар и решив да ви дадам уште една шанса за освојување на 15 ЕКТС поени. Ова ќе биде 6-7 пат во последните 40 дена. По овој термин кој нема освоено 15 ЕКТС поени може да дојде од 15.02.2019 година на консултации. Утре од 10:00 до 12:00 можете да дојдете и за потписи и останат вид на консултации.
Предметен наставник

Wednesday, January 9, 2019

Конечен список на освоени ЕКТС поени по ХГФ - 09.01.2019

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилог ви го проследувам конечниот список со освоени поени по предметот Хумана генетика и физиологија. По 14 часовна напорна работа, сепак успеав и пред полноќ да го завршам. Само шест студентки успеаја да го положат испитот преку колоквиуми и активности и јас им честитам во оваа пригода. Другите многу повеќе учење во наредните седмици и месеци.
Студентите што се одбележани во црно значи дека имаат освоено 15 и повеќе ЕКТС поени и добиле потпис и имаат право да го полагаат испитот во јануарската сесија.
Студентите што се во црвено имаат право на потпис, но немаат право да полагаат испитот се` додека не освојат 15 поени. Последна шанса за оваа сесија ќе им биде дадена во петок. Ако не ја искористат таа шанса ќе мора во периодот од 15.02. до 01.05. 2019 година да ги завршат тие активности ако сакаат да полагаат во јунската сесија.
Студентите што се во зелено имаат направено 4 минуси и повеќе и тие немаат право на потпис и немаат право да го полагаат испитот. Тие мора да го преслушуваат предметот со следната генерација од 01.10.2019 година.
Мислам дека се` ви е објаснето и во нардниот период заради презафатеност нема да одговарам на е-пошта.
Предметен наставник

Wednesday, December 26, 2018

15 ЕКТС поени - 28.12.2018

Почитувани студенти,
По четрвти пат овој месец во петок на 28.12.2018 ви давам шанса да си ги завршите обврските за 15 ЕКТС поени. Исто така за било кој друг вид на консултации можете да дојдете во терминот од 11:00 до 13:30 часот. По празниците само уште на 04.01.2018 и 08.01.2019 ќе има вакви консултации и потоа започнува сесијата. Кога има сесија јас не можам да завршувам активности од овој тип. Сите кои нема да освојат 15 ЕКТС поени нема да можат да полагаат во јануарската сесија, туку обврските им се префрлаат за јунската сесија, а ќе мора да ги завршат до 30.04.2019 година.
Ви благодарам на разбирањето!
Предметен наставник

Monday, December 24, 2018

15 ЕКТС поени - 25.12.2018

Почитувани студенти,
Ве поканувам утре (вторник) 25.12.2108 година од 10:30 до 12:00 часот да си ги завршите сите обврски околу 15 ЕКТС поени. Повторувам: ниту еден студент нема да може да полага без потпис или без да освои 15 ЕКТС поени. Истиот термин може да се искористи за друг вид на консултации.
Предметен наставник

Sunday, December 23, 2018

15 ЕКТС поени - 24.12.2018

Почитувани студенти,
Ве поканувам утре (понеделник) 24.12.2108 година од 10:00 до 12:00 часот да си ги завршите сите обврски околу 15 ЕКТС поени. Повторувам: ниту еден студент нема да може да полага без потпис или без да освои 15 ЕКТС поени. Истиот термин може да се искористи за друг вид на консултации.
Предметен наставник

Monday, December 17, 2018

15 ЕКТС поени - 18.12.2018

Почитувани студенти,
Сите вие кои во изминатите генерации немате освоено 15 ЕКТС поени по моите предмети, ве поканувам утре 18.12.2018 година во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Сакам да ве известам дека до испитната сесија ќе има само уште 1-2 вакви термина и затоа ве молам почитувајте ги термините. Испитите не можат да се полагаат без да се има освоено 15 ЕКТС поени од предавања, вежби, активност, семинарски работи, обработка на труд и сл.
Предметен наставник

Monday, June 25, 2018

15 ЕКТС поени и консултации - 27.06.2018

Почитувани студенти,
Сите вие кои сакате на време да ги освоите 15-те ЕКТС поени за августовско-септемвриската сесија ве поканувам во среда на 27.06.2018 година од 09:30 до 11:30 часот. Покрај тоа, овој термин  може да се искористи за пишување оцени, консултации за дипломски трудови и слично.
Предметен наставник