Во прилог ви го проследувам конечниот список со освоени поени по предметот Хумана генетика и физиологија. По 14 часовна напорна работа, сепак успеав и пред полноќ да го завршам. Само шест студентки успеаја да го положат испитот преку колоквиуми и активности и јас им честитам во оваа пригода. Другите многу повеќе учење во наредните седмици и месеци.
Студентите што се одбележани во црно значи дека имаат освоено 15 и повеќе ЕКТС поени и добиле потпис и имаат право да го полагаат испитот во јануарската сесија.
Студентите што се во црвено имаат право на потпис, но немаат право да полагаат испитот се` додека не освојат 15 поени. Последна шанса за оваа сесија ќе им биде дадена во петок. Ако не ја искористат таа шанса ќе мора во периодот од 15.02. до 01.05. 2019 година да ги завршат тие активности ако сакаат да полагаат во јунската сесија.
Студентите што се во зелено имаат направено 4 минуси и повеќе и тие немаат право на потпис и немаат право да го полагаат испитот. Тие мора да го преслушуваат предметот со следната генерација од 01.10.2019 година.
Мислам дека се` ви е објаснето и во нардниот период заради презафатеност нема да одговарам на е-пошта.
Мислам дека се` ви е објаснето и во нардниот период заради презафатеност нема да одговарам на е-пошта.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment