Во наредниот период решив да направам серија на постови во кои ќе прикажам мои коавторски трудови со драги дипломци и постдипломци. На овој начин сакам да им направам промоција во стручната и научната јавност во Македонија и пошироко, а во исто време сакам да стимулирам некои други кои досега не биле охрабрени да објават труд или да ги стимулирам идните дипломци и постдипломци. Ќе започнам без некој значаен редослед на важност, туку онака како што ми се распоредени во репозиториумот на УКИМ.
За денес го предвидов трудот објавен заедно со м-р Милена Илиќ Пешиќ под наслов: Квалитет на односот меѓу браќа и сестри кај семејства што имаат дете со аутизам. Овој труд беше објавен во зборникот на трудови од конференцијата по повод 20 години постоење на Институт за дефектологија, конференција која се одржа во Охрид во октомври 2013 година. Инаку, колешката Илиќ Пешиќ е многу вреден дефектолог, вработена во Куманово и моментно е на докторски студии на Институтот за педагогија при ФЗФ. Трудот е произлезен од нејзиниот магистерски труд кој успешно го одбрани на нашиот инситутот под мое менторство.
Коавторот
No comments:
Post a Comment