Како што веќе објавив поради големиот број на пријавени студенти по ХГФ - 90 и ФФА - 55, и поради тоа што на ФЗФ нема слободна толку голема просторија што би примила околу 145 студенти, принуден сум да направам мали измени во првично предложенииот термин за ФФА. Испитот ФФА ќе се полага околу 08:50 часот во амфитеатар 2 на ФЗФ. Вие ќе треба малку претходно да сте дојдени и сместени во амфитеатарот со помош на м-р Маја Филиповска.
Ниту еден студент нема да биде примен на испит ако доцни или ако нема пријава со доказ за уплата. Купете си на време пријави бидејќи Студентскиот сервис отвора во 08:00 часот и никому нема да биде дозволено тогаш да купува и да го нарушува редот во предавалната. Сите студенти што нема да имаат пријава ќе бидат вратени да полагаат во јунската сесија. Ургенциите се СТРОГО ЗАБРАНЕТИ!
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment