Tuesday, January 29, 2019

Публикации со дипломци и магистранти

Драги колешки и колеги,
По претешкиот ден со два испита, дојде време и за рубриката која ги претставува коавторските трудови со моите драги дипломци и постдипломци. Денес решив да ви го споделам заедничкиот труд со мојот дипломец Александар Каранфилоски под наслов: Сексуална едукација на лицата со ментална ретардација кој произлезе од неговата дипломска работа. Дипломската работа ја бранеше пред околу 12 години, а трудот е објавен во  J Spec Educ Rehab 2008; 9(1-2):55-66. Можеби Александар според оцените не беше во најдобрите пет или десет во генерацијата, но направи одлична дипломска работа и како човек со душа со сигурност ќе кажам дека за мене е број еден во таа генерација. Затоа и подоцна му помогнав да најде работа во Хрватска каде работи и живее околу 10 години. Мислам дека таму му е одлично, добро се снајде, добро се етаблираше и не ретко го кажувам како добар пример за млад колега кој добро се профилирал во земја членка на ЕУ. Тој таму и ќе остане да ја гради кариерата и семејството.
Коавторот

No comments:

Post a Comment