Во прилог ви го проследувам конечниот список со освоени поени по предметот Физиологија со функционална анатомија. Само четири студенти успеаја да го положат испитот преку колоквиуми и активности и јас им честитам во оваа пригода. Другите многу повеќе учење во наредните седмици и месеци. Оцени ќе се пишуваат во два термини во периодот од 23.01.2019-01.02.2019 година за што ќе има посебно наменети постови.
Студентите што се одбележани во црно значи дека имаат освоено 15 и повеќе ЕКТС поени и добиле потпис и имаат право да го полагаат испитот во јануарската сесија. Во однос на редовност и навремено завршување на обврските за 15 ЕКТС поени сте најредовната генерација досега. Но, ќе морате многу повеќе да учите.
Студентите што се во црвено имаат право на потпис, но немаат право да полагаат испитот се` додека не освојат 15 поени. Последна шанса за оваа сесија ќе им биде дадена утре во петок. Ако не ја искористат таа шанса ќе мора во периодот од 15.02. до 01.05. 2019 година да ги завршат тие активности ако сакаат да полагаат во јунската сесија.
Студентите што се во зелено имаат направено 3 минуси и повеќе и тие немаат право на потпис, или пак се вонредни и немаат право да го полагаат испитот. Тие мора да го преслушуваат предметот со следната генерација од 01.10.2019 година.
Мислам дека се` ви е објаснето и во нардниот период заради презафатеност нема да одговарам на е-пошта.
Мислам дека се` ви е објаснето и во нардниот период заради презафатеност нема да одговарам на е-пошта.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment