Wednesday, January 2, 2019

Среќна нова година 2019

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели, студенти и случајни следбеници,
Време е за првиот пост на овој блог во 2019 година и се разбира дека тоа ќе биде честитање на новата 2019 година. Би сакал да ви посакам многу убави нешта, да уживате во овоземските задоволства, а притоа да го сочувате вашето здравје. А тоа не е само отсуство на болест, туку и општа благосостојба и квалитетен живот. Како да се постигне тоа во оваа немаштија, ерозија на моралот и пад на духовните вредности? Тешко, многу тешко, речиси невозможно...Потребна е челична психа и силни мускули за да се издржи во овие тешки времиња во Македонија. Но, имаме ли друга алтернатива, освен да и пркосиме на болеста и смртта со сите сили! Затоа, стегајте ремените, работа, многу работа и само работа. Верба во себе и не дозволувајте другите да ви го еродираат моралот и да ви ја намалат мотивацијата. Останува надежта дека 2019 ќе биде подобра од минатите. За некого вистина ќе биде така, за некого сигурно нема да биде така. Ќе има и загуби материјални и духовни, но ќе мора да ОДИМЕ НАПРЕД!
Среќна нова година 2019!




No comments:

Post a Comment