Showing posts with label поместување. Show all posts
Showing posts with label поместување. Show all posts

Wednesday, January 24, 2024

Мало поместување на термините за два испита од втор циклус

Почитувани постдипломци,

Заради енормно голем број на кандидати кои сакаат да го полагаат испитот АСН на 1 февруари, принуден сум да ги поместам термините за следните испити:

02.02.2024 - Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања - 09:00 часот
02.02.2024 -  Генетски аспекти на лицата со инвалидност - 09:00 часот

Со ова добивате уште еден ден повеќе за учење.

Колегијален поздрав
Предметен наставник

Monday, February 24, 2020

Поместен термин за консултации - 26.02.2020

Почитувани студенти,
Ве известувам дека оваа среда, задутре 26.02.2020 консултациите наместо во редовниот термин ќе се изведуваат во термин од 12:00 до 13:30 часот. Ова поместување важи само за оваа среда и тоа е од објективни причини.
Предметен наставник

Sunday, January 27, 2019

Малку поместен испитот ФФА - 29.01.2019

Почитувани студенти,
Како што веќе објавив поради големиот број на пријавени студенти по ХГФ - 90 и ФФА - 55, и поради тоа што на ФЗФ нема слободна толку голема просторија што би примила околу 145 студенти, принуден сум да направам мали измени во првично предложенииот термин за ФФА. Испитот ФФА ќе се полага околу 08:50 часот во амфитеатар 2 на ФЗФ. Вие ќе треба малку претходно да сте дојдени и сместени во амфитеатарот со помош на м-р Маја Филиповска.
Ниту еден студент нема да биде примен на испит ако доцни или ако нема пријава со доказ за уплата. Купете си на време пријави бидејќи Студентскиот сервис отвора во 08:00 часот и никому нема да биде дозволено тогаш да купува и да го нарушува редот во предавалната. Сите студенти што нема да имаат пријава ќе бидат вратени да полагаат во јунската сесија. Ургенциите се СТРОГО ЗАБРАНЕТИ!

Предметен наставник