Showing posts with label психологија. Show all posts
Showing posts with label психологија. Show all posts

Saturday, September 23, 2023

Повик за студенти преслушувачи по предметот ХГФ

Почитувани студенти од Институтот за психологија,

Сакам да ве известам дека:

  1. Сите кои немаат добиено потписи досега по Хумана генетика и физиологија, 
  2. Сите кои немаат освоено 15 ЕКТС поени ќе треба задолжително да го преслушуваат предметот секој петок од 8:00 до 10:00 часот во психолошката лабораторија на ФЗФ
  3. Задачите кои сте ги добиле изминатите години веќе НЕ важат за 15 поени. 
  4. Ги поканувам и сите други студенти кои не го положиле испитот досега, а сакаат да полагаат преку колоквиуми. За да полагаат преку колоквиуми ќе мора да дојдат најмалку 7 пати во текот на семестарот. Во спротивно ќе мораат да дојдат директно на испит во јануари 2024 година. 
  5. Морам да ви укажам дека ова е последната генерација кога ќе држам предавања по Хумана генетика и физиологија бидејќи од октомври новите студенти од прва година ќе слушаат друг предмет. 
  6. Начинот на предавање нема да биде како и минатите години, туку ќе биде повеќе насочен кон дискусија, гледање видео клипови, консултации и прашања од ваша страна во врска со тестовите кои не сте ги положиле. 
  7. На 6 октомври поради мое службено патување, најверојатно нема да имаме, па така првото ќе се реализира на 13 октомври, само да има здравје. За да имам увид во колкав број ќе доаѓате, ве молам да ме информирате на следната е-пошта.
  8. Досега се пријави само една студентка. Ако не се оформи група од најмалку 10-15 студенти, предавања може и да нема, туку ќе има други начини на освојување поени кои можеби и нема да ви се допаднат многу.

Предметен наставник

Tuesday, December 27, 2022

12. предавање ХГФ онлајн - 28.12.2022

Почитувани студенти од ИП,

На ваше барање за да бидете поподготвени за колоквиумот што го полагате кај колешката, ви го закажувам предавањето онлајн на платформата Мајкрософт Тимс за утре 28.12.2022 година. Предавањето е задолжително за сите студенти кои го имаат запишано предметот ХГФ. Предавањето е веќе закажано во 17:00 часот на МТ.

Се гледаме утре попладне.

Предметен наставник

Tuesday, October 1, 2019

Информација за предметот Хумана генетика и физиологија - 04.10.2019

Почитувани студенти,
Сакам да ве информирам дека поради реновирање на тнр. електронска училница каде што редовно ќе се реализира наставата, првиот час по предметот ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ФИЗИОЛОГИЈА ќе се реализира во лабораторијата на вториот спрат (левото крило) на Педагошкиот факултет (Институт за безбедност одбрана и мир) во Скопје во петок на 04.10.2019. Ова се однесува се` додека не се направи училницата при Филозофскиот факултет во Скопје. 
Колешката Даниела Неделкова ви испрати список по кој ќе се реализира наставата. Согласно списокот студентите до број 48 ќе го слушаат предметот од 10:00 до 11:30 на Педагошкиот факултет во петок. Од бројот 49 до бројот 96 ќе го слушаат предметот од 11:30 до 13:00 или во втора група. 
Пожелно е студентите да дојдат 10 минути порано пред да почне наставата, затоа што никави доцнења не толерирам. Овој блог треба редовно да го следите доколку сакате да добивате навремени информации поврзани со наставата, колоквиумите и испитите. Исто така моите објави ќе може да ги следите и на мојот официјален профил на Facebook.
Доколку имате дополнителни прашања, ве молам консултирајте ја координаторката на ЕКТС при Институтот за психологија. 
Ви посакувам многу успех во предметот, студирањето и секако среќен почеток на новата академска година.
Со почит,
Предметен наставник

Sunday, September 29, 2019

СИЛАБУС по Хумана генетика и физиологија - 2019

Почитувани студенти од Институтот зс психологија,
Ви го проследувам силабусот по предметот Хумана генетика и физиологија. На здравје учење!

I Недела 02.10.2019
1. ВОВЕД ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ФИЗИОЛОГИЈА
2. КЛЕТОЧНА ФИЗИОЛОГИЈА

II Недела 09.10.2019           
3. МЕНДЕЛОВА ГЕНЕТИКА
4. ХРОМОЗОМИ

III Недела 16.10.2019
5. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 1 ДЕЛ

IV Недела 23.10.2019
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 2 ДЕЛ
7. МУТАЦИИ

V Недела 30.10.2019
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  1 ДЕЛ

VI. Недела 06.11.2019
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  2 ДЕЛ

VII. Недела 13.11.2019
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 20.11.2019
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  3 ДЕЛ

IX. Недела 27.11.2019
9. СИСТЕМ НА СЕТИЛА

X. Недела 04.12.2019
10. ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XI. Недела 11.12.2019
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА СОНОТ
12. ФИЗОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИ

XII. Недела 18.12.2019
13. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА
14. ОСНОВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПОСТАПКИ ВО ПСИХОГЕНЕТИКАТА

XIII. Недела 25.12.2019
15. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ НАРУШУВАЊА
16. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ

XIV. Недела 08.01.2020
ВТОР КОЛОКВИУМ
БРАНЕЊЕ СЕМИНАРСКИ

ПОТПИСИ

Предметен наставник

Tuesday, December 25, 2018

12-то предавање ХГФ - 26.12.2018

Драги студенти,
Утре е последното предавање за овој семестар. Потоа ви останува уште една обврска да дојдете на 09.01.2019 година, но тогаш нема да има предавање. Утре ќе говорам за генетски аспекти на некои психопатолошки појави, психијатриски нарушувања и генетика на аутизмот. Предлагам да ги погледнете следните видео клипови:










Предметен наставник

Friday, December 21, 2018

Напомени за обработка на труд

Почитувани студенти,
Бидејќи забележувам дека некои од вас прават доста грешки околу обработката на трудот сакам да дадам дополнителни напомени. Имено, обработката на трудот треба да има најмногу три страници и тоа една насловна и две полни страници текст со единечен проред. Трудот треба да биде обработен со свои зборови и во него не се цитира. Кон крајот на последната страница треба да се наведе автор, наслов на труд, списание, година, волумен, број, пагинација на страници. Маргините на фајлот треба да бидат по 2,5 см од сите страни. Студентите што правеле обработка од книга или учебник, други нерелевантни извори добија многу малку поени. За предност ќе се земе ако трудот е објавен во врвно списание на англиски јазик и датира од последните 5 години. Може да се обработи и од другите светски јазици доколку студентот го познава тој јазик, а не да му биде обработен трудот од друго лице. Не се прифаќаат извори од Википедија, трудови од балканското говорно подрачје и слично. Студентите од Институтот за психологија кои го положија првиот колоквиум доколку сакаат повисока оцена најдоцна до среда 26.12.2018 година треба да ми достават печатена верзија. Сите останати не треба да прават обработка на труд, освен ако не им недостасуваат 15 ЕКТС поени, но тоа ќе го дознаеме дури по 10.01.2019 година.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник

Sunday, November 4, 2018

Прв колоквиум ХГФ - 14.11.2018

Почитувани студенти,
Првиот колоквиум по предметот Хумана генетика и физиологија ќе се одржи најверојатно на 14.11.2018 година во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 08:00 часот. Вие сте должни да дојдете 10-15 минути пред овој термин. Материјал за учење е од Вовед во хумана генетика и физиологија страница 15 до Структури на нервен систем страница 151. Следнава седмица треба да одржиме уште две предавања во редовниот термин во среда и дополнително во сабота за пропуштеното од моето службено патување минатата среда.
Предметен наставник

Monday, October 22, 2018

4-то предавање ХГФ - 24.10.2018

Почитувани студенти,
Задутре во среда со почеток во 11:00 часот во електронската слушална ќе се одржи 4-тото по ред предавање според силабусот. Ќе се говори за транслација на протеини и за видови наследувања во генетиката. Предлгам да ги погледнете следните видеоклипови:

















Предметен наставник

Friday, October 12, 2018

СИЛАБУС по ХГФ - 2018

Почитувани студенти од Институтот зс психологија,
Ви го проследувам силабусот по предметот Хумана генетика и физиологија. На здравје учење!

I Недела 03.10.2018
1. ВОВЕД ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ФИЗИОЛОГИЈА
2. КЛЕТОЧНА ФИЗИОЛОГИЈА

II Недела 10.10.2018           
3. МЕНДЕЛОВА ГЕНЕТИКА
4. ХРОМОЗОМИ

III Недела 17.10.2018
5. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 1 ДЕЛ

IV Недела 24.10.2018
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 2 ДЕЛ
7. МУТАЦИИ

V Недела 31.10.2018
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  1 ДЕЛ

VI. Недела 07.11.2018
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  2 ДЕЛ

VII. Недела 14.11.2018
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 21.11.2018
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  3 ДЕЛ

IX. Недела 28.11.2018
9. СИСТЕМ НА СЕТИЛА

X. Недела 05.12.2018
10. ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XI. Недела 12.12.2018
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА СОНОТ
12. ФИЗОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИ

XII. Недела 19.12.2018
13. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА
14. ОСНОВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПОСТАПКИ ВО ПСИХОГЕНЕТИКАТА

XIII. Недела 26.12.2018
15. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ НАРУШУВАЊА
16. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ

XIV. Недела 09.01.2019
ВТОР КОЛОКВИУМ
БРАНЕЊЕ СЕМИНАРСКИ

ПОТПИСИ

Предметен наставник

Водич за изработка на семинарска работа по ХГФ

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Ви го проследувам водичот за изработка на семинарска работа по предметот  Хумана генетика и физиологија.

Семинарската работа подразбира обработка на одредена тема која се заснова на лични ставови, објаснувања и истражувања, поткрепени со употреба на домашна и странска литература која ни дава точни информации во врска со темата која ја обработуваме. 
Семинарските работи најчесто се изработуваат по предметите кои студентите редовно ги слушаат. Тие на студентите им овозможуваат да ги соберат што повеќе кредитни поени одделно за секој предмет. Постојат два типа на семинарски работи: индивидуални и групни. 
Важно е професорите да направат распоред околу изработката на семинарски работи за да не дојде до оптеретување на студентите по секој предмет. Затоа потребно е тие на самиот почеток на семестарот да ги истакнат темите на кои ќе се работи за да студентите можат навремено да ги достават до 10 декември во тековната година. 
Семинарските работи можат да имаат форма на теоретска и практична семинарска работа. Практичната форма претставува помалку користење на студии или прикази на случаи во однос на резултатите од практичната настава и сите дотогашни искуства, а теоретската форма претставува приказ на странска литература или интернет ресурси со цел проширување на изложениот текст и презентирање на општи информации. Но и едната и другата форма на семинарка работа се важни бидејќи овозможуваат таа успешно и во целост да се изработи. 
Секоја семинарска работа треба да содржи неколку елементи, а тоа се: содржина, вовед, разработка, заклучок и користена литература. Таа не треба да биде поголема од 10 страници А4 формат чукано во програмот Word 2003 или погорна верзија. 
На првата страна т.е. насловна треба горе да стои името на универзитетот, факултетот, а под него институтот од кој доаѓа студентот, напишано со фонт Times New Roman 14.
Под него (на средината на страната), доаѓа насловот на семинарската работа напишана со истиот фонт со големина 16 и болд, и најдоле лево се пишува името на менторот а десно оној кој ја изработил семинарската работа. Под името на менторот и изработувачот, на средина се пишува град, месец и година на изработка. 
Еве пример како би требало да изгледа.


УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ‡ СКОПЈЕ
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА  ДЕФЕКТОЛОГИЈА



















DNA
-семинарска работа-
Хумана генетика










 Ментор:                                                                            Изработил:
 Профд-р Владир Трајковски                                          х х х х х х х х
                       
                        








                  Скопјеoктомври, 2018





















Содржината треба да стои на 2 страна и треба да ги содржи сите елементи од кои се состои семинарската, заедно со содржината и користената литература. Секој дел наведен во содржината треба да ја содржи и страната на која се наоѓа. 



Пример:

Содржина ................................................................................... 2
Вовед .......................................................................................... 3
Хемиска градба на ДНА..............................................................4
Значење на ДНА за хуманата генетика......................................5
Заклучок........................................................................................9
Литература...................................................................................10

Воведот треба да биде околу една страница, но не повеќе. Тој треба да ги опфати мотивите за изработка на семинарската и некои општи сознанија за проблемот. Треба да се користи за кирилица со МК поддршка фонтот Times New Roman 12, а за некои англиски или латински термини да се употребува EN поддршка Times New Roman 12. 
Разработката треба да содржи одредени аргументи кои што оној што ја изработува ќе ги докаже со лични идеи, објаснувања и заклучоци, засновани на податоците со кои се служи од одбраната литература. Се употребува задолжително фонтот Times New Roman 12 за имињата на научниците и други странски термини. Во разработката потребно е да има поднаслови и тие да бидат со фонт 14 болд.
Маргините на страниците треба да бидат 2 см од горе, долу и десно, а 2.5 см од лево, а проредот меѓу страниците треба да биде единечен (single). 
Заклучокот стои на предпоследната страна од семинарската работа и тој треба да биде збир од се` она што претходно било напишано и која е суштината и значењето на темата за која се пишува.
Користената литература треба да содржи најмалку 3 интернет страници и најмалку 3 библиографски единици (странски и домашни), а може да се користат и предавањата по самиот предмет. 
Литературните податоци во текстот се цитираат со арапски бројки во заграда, во иста линија на текстот. Доколку делот содржи повеќе литературни референци тогаш во заградата ќе стојат сите бројки со кои се означени тие литературни единици. Потоа бројниот редослед на означување на цитираните литератури соодветно ќе се означи во користената литература. Тоа значи дака ако литературата е цитирана со број (1) во користената литература ќе се наведе како прва книга или интернет страница. 
Цитирањето на литературата треба да се направи на следниов начин: 

1. За списанија: се цитираат сите автори ако се шест или помалку; а за повеќе се цитираат само првите три автора и се додава сор. или et al. за англиски текст; не се ставаат точки по иницијалите и кратенките на списанијата.
Пример: Hansen DB,  Orton LE, Adams C, Knecht L, Rindlisbaker S, Jurtoski F, Trajkovski V. A Pilot Study of a Behavioral Parent Training in the Republic of Macedonia. J Autism Dev Disord 47(6): 1878-1889. DOI 10.1007/s10803-017-3112-6.
.
2. За книги: по авторот се цитира името на книгата, потоа издавачката куќа, местото и годината на издавање. 
Пример: Tucić N, Matić G. O genima i ljudima. Centar za primenjenu psihologiju, Beograd, 2002. (странската литература се цитира во оригинал).

3. Интернет страниците се цитираат така што прво се пишува авторот, името на интернет страницата, а потоа нејзината адреса. 
Пример: 

Презентацијата на семинарските трудови е усмена на видеобим и треба да биде подготвена во програмот Power Point 2003 или погорна верзија. Презентацијата на семинарската работа трае 10 минути. Претходно студентот на предметниот наставник треба да му достави 1 тврда копија од трудот и електронска верзија (ЦД, или на усб).
Семинарскиот труд се оценува со најмногу до 10 кредитни поени, кои влегуваат во глобалниот број на поени при полагањето на испитот. Должината на трудот не смее да надминува 10 страници.
Среќно!

Предметен наставник