Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Thursday, April 9, 2026
ПОВИК ЗА СЕРИЈА ПРЕДАВАЊА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Предавањата се реализират како дел од проектот на Филозофскиот факултет финансиран од Министерство за образование и наука со наслов:
„Потенцијали и предизвици на примената на вештачката интелигенција во наставата, учењето и истражувањата во општествените и хуманистичките науки: Студија на случај – Филозофски факултет – Скопје“
Предавачи: доц. д-р Стефан Васев, магистрантката по родови студии Мартина Најдоска Лозаноска, проф. д-р. Боби Бадаревски
Место: Филозофски факултет – Скопје предавална 19 (долу, до Библиотеката за родови студии)
Термин: во 11:00 часот
РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊАТА
21 април 2026 (вторник)
Предавање 1: Критичко размислување и дигитална писменост во ерата на ВИ
Развој на дигиталната писменост како основа за критичка употреба на ВИ алатки. Ќе се разгледаат пристрасностите и ограничувањата на ВИ системите, како и влијанието на генеративните модели врз академската етика и научниот интегритет. Особено внимание ќе се посвети на примери од хуманистичко-општествените науки и родовите студии.
28 април 2026 (вторник)
Предавање 2: Етички и филозофски аспекти на вештачката интелигенција
Разбирањето на етичките и филозофските прашања поврзани со ВИ. Ќе се разгледаат основите на етиката на технологијата и биоетиката, со посебен осврт на автономијата, приватноста и одговорноста при користење на ВИ алатки. Ќе се дискутираат етичките дилеми во образованието и истражувањата.
05 мај 2026 (вторник)
Предавање 3: Практична примена на ВИ алатки во наставата и истражувањата
Конкретни примери и методи за интеграција на генеративни и други ВИ модели во академскиот процес. Ќе се разгледаат начини за користење на ВИ во креирање наставни материјали, анализа на големи текстуални корпуси, како и примена во родовите студии и интерсекционални истражувања.
12 мај 2026 (вторник)
Предавање 4: Регулативи, институционални политики и методологија за истражување на ВИ
Националните и меѓународните регулативи за етичка употреба на ВИ, како и развојот и имплементацијата на институционални политики. Ќе се дискутира улогата на академските институции во креирањето одговорни практики и стратегии за одржлив развој на ВИ технологии.
Теми на предавањата
1. Вовед во вештачката интелигенција: теоретски и методолошки основи
- Преглед на основните концепти и технологии на ВИ.
- Историја и развој на ВИ во контекст на хуманистичките и општествените науки.
- Интерактивна работилница: демонстрација на основни ВИ алатки и чет-ботови.
- Цел: надминување на почетните бариери и создавање основа за понатамошно учење.
2. Развој на дигитална писменост и критичко размислување за ВИ
- Работилници за препознавање на предизвиците и можностите на ВИ.
- Вежби за критичка анализа на информации и алгоритми.
- Дискусии за скептицизмот кон новите технологии и начини за негово надминување.
- Цел: јакнење на дигиталната компетентност и критичката свест.
3. Практични сесии: користење на ВИ алатки во наставата и истражувањата
- Обука за примена на чет-ботови како поддршка на студентите и наставниците.
- Вежби за автоматизирана анализа на текстуални и визуелни податоци.
- Демонстрации на платформи за генерација на содржини и образовна интеракција.
- Цел: практична примена и зголемување на ефективноста во академскиот процес.
4. Етички аспекти на ВИ: развој на одговорна етичка рамка
- Предавање за етичките дилеми и предизвици поврзани со ВИ.
- Дебати и дискусии за транспарентност, приватност и автономија на ВИ системите.
- Работилница за креирање на етички кодекс за употреба на ВИ во академската средина.
- Цел: формирање на етичка свест и одговорност кај учесниците.
5. Национални и меѓународни регулативи и стандарди за етичка употреба на ВИ
- Преглед на постојните политики и регулативи.
- Анализа на примери од пракса каде етичките прашања се решавани.
- Интерактивна дискусија за имплементација на овие стандарди во локалниот контекст.
- Цел: информирање и подготовка за одговорна употреба на ВИ.
6. Методологија за спроведување студии на случај и анализа на ефектите од ВИ
- Предавање за методолошки пристапи во истражувањето на ВИ интеграцијата.
- Презентација и дискусија на конкретни студии на случај од хуманистичко-општествените науки.
- Вежби за мерење на индикатори за успешност и евалуација на резултатите.
- Цел: развој на научен пристап и критичка анализа.
7. Машинска свест, автономија и филозофија на технологијата
- Разгледување на филозофските аспекти на ВИ.
- Дискусии за импликациите на автономните системи и нивната улога во општеството.
- Вежби за примена на филозофски концепти во анализа на ВИ технологии.
- Цел: продлабочување на теоретското разбирање и критичката перспектива.
8. Симулации и сценарија за интеграција на ВИ во академскиот процес
- Практични симулации за користење на ВИ во наставата и истражувањата.
- Развој на компетенции за етичка и ефикасна употреба на технологијата.
- Работилници за решавање на конкретни проблеми и предизвици во академската средина.
- Цел: подготовка за реална примена и одржливост на стекнатите знаења.
проф д-р. Боби Бадаревски
Saturday, September 23, 2023
Повик за студенти преслушувачи по предметот ХГФ
Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Сакам да ве известам дека:
- Сите кои немаат добиено потписи досега по Хумана генетика и физиологија,
- Сите кои немаат освоено 15 ЕКТС поени ќе треба задолжително да го преслушуваат предметот секој петок од 8:00 до 10:00 часот во психолошката лабораторија на ФЗФ.
- Задачите кои сте ги добиле изминатите години веќе НЕ важат за 15 поени.
- Ги поканувам и сите други студенти кои не го положиле испитот досега, а сакаат да полагаат преку колоквиуми. За да полагаат преку колоквиуми ќе мора да дојдат најмалку 7 пати во текот на семестарот. Во спротивно ќе мораат да дојдат директно на испит во јануари 2024 година.
- Морам да ви укажам дека ова е последната генерација кога ќе држам предавања по Хумана генетика и физиологија бидејќи од октомври новите студенти од прва година ќе слушаат друг предмет.
- Начинот на предавање нема да биде како и минатите години, туку ќе биде повеќе насочен кон дискусија, гледање видео клипови, консултации и прашања од ваша страна во врска со тестовите кои не сте ги положиле.
- На 6 октомври поради мое службено патување, најверојатно нема да имаме, па така првото ќе се реализира на 13 октомври, само да има здравје. За да имам увид во колкав број ќе доаѓате, ве молам да ме информирате на следната е-пошта.
- Досега се пријави само една студентка. Ако не се оформи група од најмалку 10-15 студенти, предавања може и да нема, туку ќе има други начини на освојување поени кои можеби и нема да ви се допаднат многу.
Предметен наставник
Friday, September 15, 2023
Повик до организации и здруженија на лица со интелектуална попреченост
Почитувани,
Tuesday, January 17, 2023
Отворен повик за трудови од областа на аутизмот на конференција во Словенија
Почитувани колешки и колеги,
Имам особена чест да ве поканам на конференцијата: "It's About People 2023 Social and Technological Development in Service of Security and Dignity The 11th Annual Conference of Europe’s Sciences and Arts Leaders and Scholars" што ќе се одржи на Алма Матер Еуропеа универзитетот во Марибор, Словенија од 10 – 17 март 2023 година. Имено денес бев назначен за модератор на сесијата „Аутизам и ментално здравје“, и имам можност да канам предавачи од Македонија и од регијата. Ги поканувам сите магистранти, докторанди кои одбраниле теза на нашиот институт или кои се актуелни постдипломци а имаат тема во врска со аутизмот да се пријават и така да дадат свој придонес кон истата. Сесијата ќе се реализира онлајн, а на крајот од сесијата ќе има панел дискусија на тема „Потребата од едукација за аутизам на универзитетите“. На таа форум дискусија ќе учествуваат светски експерти за аутизам. Датум за оваа сесија е 13 март. Ве молам сите кои сте заинтересирани да ми пратите структуриран наслов на тема со апстракт на англиски јазик до 250 зборови, најдоцна до 1 февруари до 23:59 минути. Тоа би значело дека имате доволно време од 2 седмици да пријавите апстракт, а потоа и да подготвите презентација на англиски јазик. Во прилог ви праќам трудови од Словенија кои што се влезени веќе во програмата. Повеќе информации за конференцијата на ЛИНКОТ.
A Model of Support and Help In The Field of Autism For Employers In SloveniaJana Ponikvar, CEO; Ksenija Bratuš Albreht, Head of Employment Rehabilitation, Šentprima Institute For Rehabilitation and Education
National Research On Autism Prevalence In Slovenia
Barbara Žnidarko, Teacher of Special and Rehabilitation Pedagogy; Janja Kranjc, Educational
Psychologist; Patricija Lovišček, Director, Zveza za avtizem Slovenije
Review of Educators’ Needs For Additional Knowledge About Autism In Slovenia
Irena Marinič, Special and Rehabilitation Pedagogue, Osnovna šola Kozara Nova Gorica,
Slovenia
Knowledge of Autism Spectrum Disorders In Emergency Services
Urška Mikuž; Marta Macedoni Lukšič, Assistant Professor, Inštitut za avtizem Ljubljana,
Slovenia; Jernej Vidmar, Assistant Professor, University of Ljubljana, M.D., UKC Maribor, Klinika
za pediatrijo, Enota za otroško in mladostniško psihiatrijo
Relationship Between Special Interests and Orientation To Happiness In Adults With
Autism Spectrum Disorder
Aleš Zavrl, Teacher, Zavod za gluhe in naglušne Ljubljana


Wednesday, November 24, 2021
Конкурс за патување во Малта
Почитувани студенти, драги постдипломци,
Го објавувам овој интерен конкурс за службено патување во Малта во рамките на проектот на МНЗА и партнерски организации од ЕУ под наслов „Пријателски места за аутизам“. Патувањето ќе се реализира во периодот од 23 до 29 јануари 2022 година. Сите трошоци за патувањето и престојот ќе бидат покриени од МНЗА, т.е. од овој Еразмус плус проект. Таму ќе посетуваат курс во времетраење од 5 дена. Конкурсот се однесува на 3 студенти/постдипломци/млади колеги.
Услови кои треба да ги исполнуваат студентите или постдипломците:
- Да се студенти од трета или четврта година на ИСЕР или ИП, или пак постдипломци на насоката „Интелектуална попреченост и аутизам“, или скоро завршени специјални едукатори и рехабилитатори (невработени), или постдипломци на ИП;
- Да имаат интерес и волја да работат со деца и лица со АСН;
- Да имаат најмалку просек 8,50;
- Да ги имаат положено моите испити кај мене;
- Да се вакцинирани со 2 дози Фајзер или други „западни“ вакцини (за жал Малта не ги признава „источните“ вакцини). Ова е услов од домаќинот;
- Релативно добро да знаат англиски јазик за да можат да ги следат курсевите и да се разберат со колегите од другите земји;
- По враќањето да имаат желба во периодот од февруари до април да работат одреден број на часови во „Младински хабови за лица со АСН“ за што ќе добијат дополнителен хонорар. Во овие хабови ќе се работи на подобрување на социјалните вештини на младите лица со АСН во мали групи од по 2-3 лица.