Thursday, April 9, 2026

ПОВИК ЗА СЕРИЈА ПРЕДАВАЊА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Интеграција на вештачката интелигенција во високото образование

Предавањата се реализират како дел од проектот на Филозофскиот факултет финансиран од Министерство за образование и наука со наслов:

„Потенцијали и предизвици на примената на вештачката интелигенција во наставата, учењето и истражувањата во општествените и хуманистичките науки: Студија на случај – Филозофски факултет – Скопје“


Предавачи: доц. д-р Стефан Васев, магистрантката по родови студии Мартина Најдоска Лозаноска, проф. д-р. Боби Бадаревски

Место: Филозофски факултет – Скопје предавална 19 (долу, до Библиотеката за родови студии)

Термин: во 11:00 часот


РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊАТА

21 април 2026 (вторник)

Предавање 1: Критичко размислување и дигитална писменост во ерата на ВИ

Развој на дигиталната писменост како основа за критичка употреба на ВИ алатки. Ќе се разгледаат пристрасностите и ограничувањата на ВИ системите, како и влијанието на генеративните модели врз академската етика и научниот интегритет. Особено внимание ќе се посвети на примери од хуманистичко-општествените науки и родовите студии.

28 април 2026 (вторник)

Предавање 2: Етички и филозофски аспекти на вештачката интелигенција

Разбирањето на етичките и филозофските прашања поврзани со ВИ. Ќе се разгледаат основите на етиката на технологијата и биоетиката, со посебен осврт на автономијата, приватноста и одговорноста при користење на ВИ алатки. Ќе се дискутираат етичките дилеми во образованието и истражувањата.

05 мај 2026 (вторник)

Предавање 3: Практична примена на ВИ алатки во наставата и истражувањата

Конкретни примери и методи за интеграција на генеративни и други ВИ модели во академскиот процес. Ќе се разгледаат начини за користење на ВИ во креирање наставни материјали, анализа на големи текстуални корпуси, како и примена во родовите студии и интерсекционални истражувања.

12 мај 2026 (вторник)

Предавање 4: Регулативи, институционални политики и методологија за истражување на ВИ

Националните и меѓународните регулативи за етичка употреба на ВИ, како и развојот и имплементацијата на институционални политики. Ќе се дискутира улогата на академските институции во креирањето одговорни практики и стратегии за одржлив развој на ВИ технологии.


Теми на предавањата

1. Вовед во вештачката интелигенција: теоретски и методолошки основи

- Преглед на основните концепти и технологии на ВИ.

- Историја и развој на ВИ во контекст на хуманистичките и општествените науки.

- Интерактивна работилница: демонстрација на основни ВИ алатки и чет-ботови.

- Цел: надминување на почетните бариери и создавање основа за понатамошно учење.

2. Развој на дигитална писменост и критичко размислување за ВИ

- Работилници за препознавање на предизвиците и можностите на ВИ.

- Вежби за критичка анализа на информации и алгоритми.

- Дискусии за скептицизмот кон новите технологии и начини за негово надминување.

- Цел: јакнење на дигиталната компетентност и критичката свест.

3. Практични сесии: користење на ВИ алатки во наставата и истражувањата

- Обука за примена на чет-ботови како поддршка на студентите и наставниците.

- Вежби за автоматизирана анализа на текстуални и визуелни податоци.

- Демонстрации на платформи за генерација на содржини и образовна интеракција.

- Цел: практична примена и зголемување на ефективноста во академскиот процес.

4. Етички аспекти на ВИ: развој на одговорна етичка рамка

- Предавање за етичките дилеми и предизвици поврзани со ВИ.

- Дебати и дискусии за транспарентност, приватност и автономија на ВИ системите.

- Работилница за креирање на етички кодекс за употреба на ВИ во академската средина.

- Цел: формирање на етичка свест и одговорност кај учесниците.

5. Национални и меѓународни регулативи и стандарди за етичка употреба на ВИ

- Преглед на постојните политики и регулативи.

- Анализа на примери од пракса каде етичките прашања се решавани.

- Интерактивна дискусија за имплементација на овие стандарди во локалниот контекст.

- Цел: информирање и подготовка за одговорна употреба на ВИ.

6. Методологија за спроведување студии на случај и анализа на ефектите од ВИ

- Предавање за методолошки пристапи во истражувањето на ВИ интеграцијата.

- Презентација и дискусија на конкретни студии на случај од хуманистичко-општествените науки.

- Вежби за мерење на индикатори за успешност и евалуација на резултатите.

- Цел: развој на научен пристап и критичка анализа.

7. Машинска свест, автономија и филозофија на технологијата

- Разгледување на филозофските аспекти на ВИ.

- Дискусии за импликациите на автономните системи и нивната улога во општеството.

- Вежби за примена на филозофски концепти во анализа на ВИ технологии.

- Цел: продлабочување на теоретското разбирање и критичката перспектива.

8. Симулации и сценарија за интеграција на ВИ во академскиот процес

- Практични симулации за користење на ВИ во наставата и истражувањата.

- Развој на компетенции за етичка и ефикасна употреба на технологијата.

- Работилници за решавање на конкретни проблеми и предизвици во академската средина.

- Цел: подготовка за реална примена и одржливост на стекнатите знаења.

проф д-р. Боби Бадаревски

No comments:

Post a Comment