Showing posts with label Мајкрософ тимс. Show all posts
Showing posts with label Мајкрософ тимс. Show all posts

Thursday, February 26, 2026

Хумана генетика на Мајкрософт Тимс - 2026

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како добар ресурс за предавања, видео клипови и слично можат да се искористат материјалите од претходните пандемиски генерации. Исто така, таму ќе треба да се поставуваат вашите семинарски трудови и останати активности. Повелете ЛИНК до предметот на Мајкрософт Тимс. Мора да побарате прием. Почнете веднаш со барање на прием.

Предметен наставник

Monday, February 17, 2025

Хумана генетика на Мајкрософт Тимс - 2025

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како добар ресурс за предавања, видео клипови и слично можат да се искористат материјалите од претходните пандемиски генерации. Исто така, таму ќе треба да се поставуваат вашите семинарски трудови и останати активности. Повелете ЛИНК до предметот на Мајкрософт Тимс. Мора да побарате прием. Почнете веднаш со барање на прием.

Предметен наставник

Friday, November 3, 2023

Мајкрософт Тимс по ФФА и ХГФ

Почитувани студенти од ИСЕР и ИП

Повелете Мајкрософт Тимс по Физиологија со функционална анатомија.

Повелете Мајкрософт Тимс по Хумана генетика и Физиологија.

Секој/а нека си влезе во својот предмет и нека побара прием со време.

Предметен наставник

Tuesday, December 27, 2022

12. предавање ХГФ онлајн - 28.12.2022

Почитувани студенти од ИП,

На ваше барање за да бидете поподготвени за колоквиумот што го полагате кај колешката, ви го закажувам предавањето онлајн на платформата Мајкрософт Тимс за утре 28.12.2022 година. Предавањето е задолжително за сите студенти кои го имаат запишано предметот ХГФ. Предавањето е веќе закажано во 17:00 часот на МТ.

Се гледаме утре попладне.

Предметен наставник

Saturday, February 19, 2022

Студенти „духови“ на Мајкрософт Тимс

Почитувани студенти,

Нешто што најмногу не го почитувам во животот, тоа е измамата. Измама од студенти, од пријатели, од колешки и колеги и останати ближни. Во неколку наврати имам откриено дека студентите само кликнале пред предавањето и се вклучиле на платформата, а воопшто не ја следат наставата. Наместо да слушаат предавања и вежби, тие спијат, или вршат некои други активности. Што е уште поопасно и попоразително, такви ненормални појави открив и меѓу постдипломците. Многу попоштено ќе биде воопшто да не се вклучите во наставата, отколку да изигрувате студенти „духови“. Како што знаете во последните 2 пандемиски години, добивате административен потпис, така што немате потреба лажно да се претставувате присутни, таму каде што не сте во моментот.

Сите вакви појави најригорозно ќе ги санкционирам. Ви ветувам дека во иднина ќе правам проверки на неколку случајни имиња. Доколку продолжи оваа појава, самите вие ќе си ги сносите последиците од таквото недолично и неакадемско однесување.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник

Thursday, January 21, 2021

Линкови за предмети на Мајкрософт Тимс

 Почитувани студенти,

Би сакал да ги споделам линковите за преслушување и за полагање на предметите на платформата Мајкрософт Тимс. Сите вие кои ќе полагате во престојната сесија ќе треба да побарате приклучување во дадениот предмет. Ова го говорам за повозрасните генерации кои досега од било кои причини не слушале предавања и вежби.

Предметен наставник

Monday, November 23, 2020

Предавања Аутистичен спектар на нарушувања

Почитувани постдипломци,

Ви се обраќам вам од насоката Интелектуална попреченост и аутизам за да ве известам за задолжителниот предмет Аутистичен спектар на нарушувања. Заради жестокоста на епидемијата со Ковид-19 и огромниот морталитет принудени сме наставата да ја организираме само по електронски пат. Вие треба да си ја симнете платформата Мајкрософт Тимс на вашите компјутери, таблети или мобилни телефони и да побарате да ви одобрам вклучување во тимот. Тимот за предметот АСН ќе го најдете на следниот ЛИНК. Ве молам побрзо регистрирајте се со е-пошта и побарајте пристап. Предавањата ќе започнат и ќе се одвиваат во текот на декември. За предметот се предвидени 18 часа кои ќе бидат поделени во 6 денови по 3 часа. Наставата ќе започнува во 17:00 часот и најверојатно ќе се одвива во деновите понеделник, вторник и петок. По потреба можеме да вклучиме и викенд сабота или недела. Кога ќе ми биде појасна сликата со вашиот распоред по другите предмети и мојата агенда ќе го закажам првото предавање во декември.

Ви благодарам на разбирањето!

Предметен наставник

Wednesday, June 17, 2020

Онлајн устно полагање на испити

Почитувани студенти,
Вие десетина што се пријавивте онлајн устно полагање на испитите (меѓу кои две колешки од странство) и сите кои се пуштени условно треба да знаете дека испитите ќе се реализираат  преку платформата Мајкрософт Тимс (во најлош случај Скајп). Сите вие треба да си ја симнете МТ на вашите уреди дома. Ќе ве замолам да ми ги пратите официјалните е-пошти со кои сте регистрирани преку системот на УКИМ за да можам да ве поканам на онлајн средба. Треба да имате исправна камера, микрофон и звучници. За време на полагањето не смее да има никој во просторијата во која ќе полагате. Никакви суфлирања, шетања со погледот, т.е. читања од книги, списи и сл. НЕ се дозволени. Испитите ќе се полагаат во периодот меѓу 2 и 10 јули (може и за време на викенд). Сега е прерано да ги закажувам термините, но затоа ќе бидете информирани откако ќе ја имам мојата сопствена агенда за месец јули. Не си планирајте никакви одмори или екскурзии во тој период. Сесијата ќе трае до 15 јули и затоа можам да го дадам било кој од тие термини. Вие сте должни да го следите овој блог за дополнителни и навремени информации.
Предметен наставник