Showing posts with label однесување. Show all posts
Showing posts with label однесување. Show all posts

Wednesday, April 17, 2024

Развој на мозокот и поврзаноста со однесувањето

Почитувани колешки и колеги,

Кон крајот на јануари бев замолен од Гаспар центарот да снимам поткаст на тема: „Развој на мозокот и поврзаноста со однесувањето“. Со задоволство ја прифатив поканата и снимивме едно часовна емисија која за прв пат беше пуштена во етерот пред 8 денови. Би сакал да им укажам на моите студенти да одвојат 1 час од нивното драгоцено студентско време и да го го проследат ова видео. Изјавувам дека немам никаква финансиска корист од ова видео, како и од сите мои гостувања на ТВ, радио или разни поткасти и портали. Ова морав да го напоменам бидејќи некои душегрижници сметаат дека сум се збогатил од вакви гостувања. Не ова не е трагично, малку е смешно.


Раскажувачот


Saturday, February 19, 2022

Студенти „духови“ на Мајкрософт Тимс

Почитувани студенти,

Нешто што најмногу не го почитувам во животот, тоа е измамата. Измама од студенти, од пријатели, од колешки и колеги и останати ближни. Во неколку наврати имам откриено дека студентите само кликнале пред предавањето и се вклучиле на платформата, а воопшто не ја следат наставата. Наместо да слушаат предавања и вежби, тие спијат, или вршат некои други активности. Што е уште поопасно и попоразително, такви ненормални појави открив и меѓу постдипломците. Многу попоштено ќе биде воопшто да не се вклучите во наставата, отколку да изигрувате студенти „духови“. Како што знаете во последните 2 пандемиски години, добивате административен потпис, така што немате потреба лажно да се претставувате присутни, таму каде што не сте во моментот.

Сите вакви појави најригорозно ќе ги санкционирам. Ви ветувам дека во иднина ќе правам проверки на неколку случајни имиња. Доколку продолжи оваа појава, самите вие ќе си ги сносите последиците од таквото недолично и неакадемско однесување.

Ви благодарам за разбирањето!

Предметен наставник