Почитувани постдипломци,
Ви се обраќам вам од насоката Интелектуална попреченост и аутизам за да ве известам за задолжителниот предмет Аутистичен спектар на нарушувања. Заради жестокоста на епидемијата со Ковид-19 и огромниот морталитет принудени сме наставата да ја организираме само по електронски пат. Вие треба да си ја симнете платформата Мајкрософт Тимс на вашите компјутери, таблети или мобилни телефони и да побарате да ви одобрам вклучување во тимот. Тимот за предметот АСН ќе го најдете на следниот ЛИНК. Ве молам побрзо регистрирајте се со е-пошта и побарајте пристап. Предавањата ќе започнат и ќе се одвиваат во текот на декември. За предметот се предвидени 18 часа кои ќе бидат поделени во 6 денови по 3 часа. Наставата ќе започнува во 17:00 часот и најверојатно ќе се одвива во деновите понеделник, вторник и петок. По потреба можеме да вклучиме и викенд сабота или недела. Кога ќе ми биде појасна сликата со вашиот распоред по другите предмети и мојата агенда ќе го закажам првото предавање во декември.
Ви благодарам на разбирањето!
Предметен наставник