Showing posts with label Физиолошка психологија. Show all posts
Showing posts with label Физиолошка психологија. Show all posts

Monday, October 16, 2023

Информација до медиумите за Физиолошка писхологија

Почитувани медиуми,

Деновиве излезе од печат мојата најнова монографија под наслов „ФИЗИОЛОШКА ПСИХОЛОГИЈА”, прва од овој тип на македонски јазик. Оваа книга надополнува голема празнина заради непостоење на стручна литература од оваа област.

Физиолошката психологија, исто така наречена и биолошка психологија е проучување на биологијата на однесувањето; се фокусира на нервниот систем, хормоните и генетиката. Физиолошката психологија ја испитува врската помеѓу умот и телото, нервните механизми и влијанието на наследноста врз однесувањето. Истражувачите од областа на физиолошката психологија ја проучуваат биолошката основа на мислите, емоциите, јазикот, когнитивноста и однесувањата.

Монографијата е композициски со­ста­ве­на­ од 17­ пог­лав­ја­, а по секое поглавје следуваат прашања и задачи, кои ќе им помогнат на студентите подобро да го усвојат материјалот. На крајот од монографијата има богат речник на поими што треба да ги дообјаснат нејасните работи и, секако, индекс на зборови.

Во­ пи­шу­ва­ње­то­ на­ монографијата бе­ше­ ко­ри­сте­на­ со­од­вет­на­ до­маш­на­ и стран­ска­ лите­ра­ту­ра­, вмет­на­ти­ се­ го­лем број сли­ки­, та­бе­ли­ и црте­жи­, со­ цел да му­ се­ овоз­мо­жи­ на­ читателот подо­бро­ у­сво­ју­ва­­ње­ на­ мате­ри­јалот.

Страниците на оваа монографија се првенствено наменети за студентите од Институтот за психологија и за студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје, како и за студентите на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои сакаат да ги разберат биолошките основи на психолошките нарушувања и да разберат како се испреплетуваат хуманата генетика и хуманата физиологија кај одредени развојни нарушувања и болести во адултната возраст. Монографијата може да биде корисна и за многу поширока популација, за дипломирани психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, медицинари, психијатри и за родители на деца со развојни нарушувања.

Доколку сакате да се запознаете со СОДРЖИНАТА, кликнете на линкот.

Со почит,
Авторот



Tuesday, October 3, 2023

Физиолошка психологија - Содржина

Почитувани читатели,

Во петокот на 29 септември излезе од печат моето најново „чедо“ со наслов ФИЗИОЛОШКА ПСИХОЛОГИЈА. Монографијата ја пишував со многу посветеност во последните пет години, а со најголем интензитет во последната година. Таа има 391 страница во Б5 формат. Се продава во „Студентски сервис“ при ФЗФ, Економски и Машински факултет, а од идната седмица ќе ја има и во книжарницата на ДИФ. Цената на чинење е 850 денари и може да ја набавите секој работен ден од 8 до 16 часот. Доколку сакате да се запознаете со СОДРЖИНАТА, кликнете на линкот.


Авторот