Showing posts with label Книга. Show all posts
Showing posts with label Книга. Show all posts

Tuesday, October 3, 2023

Физиолошка психологија - Содржина

Почитувани читатели,

Во петокот на 29 септември излезе од печат моето најново „чедо“ со наслов ФИЗИОЛОШКА ПСИХОЛОГИЈА. Монографијата ја пишував со многу посветеност во последните пет години, а со најголем интензитет во последната година. Таа има 391 страница во Б5 формат. Се продава во „Студентски сервис“ при ФЗФ, Економски и Машински факултет, а од идната седмица ќе ја има и во книжарницата на ДИФ. Цената на чинење е 850 денари и може да ја набавите секој работен ден од 8 до 16 часот. Доколку сакате да се запознаете со СОДРЖИНАТА, кликнете на линкот.


Авторот


Tuesday, October 6, 2020

Литература по предметот Физиологија со функционална анатомија

Почитувани студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација,

Ви ја споделувам литертурата по предметот Физиологија со функционална анатомија:

Задолжителна:
  1. Трајковски В. Физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2009.
  2. Трајковски В. Хумана генетика и физиологија. Филозофски факултет, Институт за психологија, 2018.
  3. Трајковски В. Рашиќ О. Практикум по Физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2009.
Дополнителна:
  1. Гајтон КА, Хол ЕЏ. Учебник по Медицинска физиологија. Академски печат, Скопје, 2012.
  2. Marieb EN. Essentials of Human Anatomy & Physiology. Pearson Benjamin Cummings, 2010.
  3. Shier D, Butler J, Lewis R. Hole’s Essentials of Human Anatomy and Physiology. McGraw Hill, 2009.
  4. Guyton CA. Fiziologija čovjeka i mehanizmi bolesti. Medicinska naklada, Zagreb, 1995.
  5. Ganong WF. Review of Medical Physiology; 21 ed. Lang Medical Book, San Francisco, 2003.



Предметен наставник

Литература по предметот Хумана генетика и физиологија

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Ви ја споделувам литертурата по предметот Хумана генетика и физиологија:


Задолжителна:
  1. Трајковски В. Хумана генетика и физиологија. Филозофски факултет, Институт за психологија, 2018.
  2. Трајковски В. Физиологија со функционална анатомија. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2009.
  3. Трајковски В. Хумана генетика. Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2005.
Дополнителна:

  1. Гајтон КА, Хол ЕЏ. Учебник по Медицинска физиологија. Академски печат, Скопје, 2012.
  2. Tucić N, Matić G. O genima i ljudima. Centar za primenjenu psihologiju, Beograd, 2002.
  3. Marieb EN. Essentials of Human Anatomy & Physiology. Pearson Benjamin Cummings, 2010.
  4. Lewis R. Human Genetics-Concepts and Applications. McGraw Hill, 2007.
  5. Shier D, Butler J, Lewis R. Hole’s Essentials of Human Anatomy and Physiology. McGraw Hill, 2009.


Предметен наставник

Wednesday, October 3, 2018

Содржина на книгата Хумана генетика и физиологија

Почитувани студенти, драги колешки и колеги,
Сите вас кои ве интересира содржината на мојата најнова книга ви ја давам во прилог. Ви ја давам само грубата содржина по поглавја, а деталите ќе може да ги видите директно во книгата. Книгарта може да се набави во Студентскиот сервис при Филозофскиот факултет во Скопје.

СОДРЖИНА

Кратенки.... 11
Предговор... 13
1. ВОВЕД ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ФИЗИОЛОГИЈА... 15
2. КЛЕТОЧНА ФИЗИОЛОГИЈА... 27
3. МЕНДЕЛОВА ГЕНЕТИКА... 41
4. ХРОМОЗОМИ.... 54
5. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО.... 69
6. НАСЛЕДУВАЊЕ... 96
7. МУТАЦИИ.... 115
8. НЕРВЕН СИСТЕМ..... 134
9. СИСТЕМ НА СЕТИЛА... 196
10. ЕНДОКРИН СИСТЕМ..... 220
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА СОНОТ... 236
12. ФИЗИОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИ.... 247
13. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА... 259
14. ОСНОВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПОСТАПКИ ВО ПСИХОГЕНЕТИКАТА... 273
15. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ НАРУШУВАЊА 287
16. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ... 300
17. Литература... 317
Речник на поими.... 325
БИОГРАФИЈА... 361

Авторот

Tuesday, October 2, 2018

Излезе од печат книгата Хумана генетика и физиологија (Предговор)

Почитувани студенти, драги колешки и колеги,
Пред малку од печатница ми го донесоа првиот примерок од мојата најнова книга Хумана генетика и физиологија наменета главно за студентите од Институтот за психологија со кои утре во 09:00 часот го имам првото предавање. Би сакал овде да го споделам предогвоорт кој го напишав неодамна.

ПРЕДГОВОР


По седум години пауза од пишување книги по раѓањето на мојата трета ќерка Изабела на која и ја посветувам оваа книга, решив да напишам едно дело, поточно скрипта и тоа прв пат за студентите од Институтот за психологија. Изминатиот период турбулентен на макро и микро ниво ме спречуваше да го сторам тоа и порано. Секогаш ме води желбата да оставам некаков мал траг зад себе и студентите да можат да учат од едно место компримирано на свој мајчин јазик. Пишувањето на труд кој ги обработува хуманата генетика и хуманата физиологија – две базични и тешки за учење медицински науки претставува вистински предизвик за секој автор. Тежината доаѓа и од таму што никаде во светот овие две науки не можете да ги најдете како споени заедно во еден труд. Но, колегите од Институтот за психологија решија да ги спојат предметите Генетика и Физиологија кои долги години без изборни предмети во еден заеднички задолжителен предмет. Без размислување го прифатив предизвикот и оваа скрипта сега стои пред вас за читање, за учење, за анализирање, за критикување. Во оваа пригода сакам да им заблагодарам на сите колеги и колешки од Институтот за психологија кои безрезервно ја подржаа идејата јас да бидам предметен наставник по истоимениот предмет Хумана генетика и физиологија. 
Хуманата генетика и хуманата физиологија се дисциплини чиј предмет на набљудување и истражување е човекот. Хуманата генетика дава теоретска рамка за разбирање на биологијата на човековиот вид. Хуманата генетика е фундаментална и применета научна дисциплина. Таа ги испитува законите за пренос на наследните особини. Хуманата физиологија ја проучува функцијата на човечкиот организам. Познавањето на функцијата ни овозможува да разбереме како организмот реагира на одредена стимулација.
Скриптата е копозициски составена од 16 поглавја, а по секое поглавје следуваат прашања и задачи, кои ќе им помогнат на студентите подобро да се подготват за колоквиум и испит. На крајот од скриптата има богат речник на поими кои треба да ги дообјаснат нејасните работи.
Во пишувањето на скриптата беше користена соодветна домашна и странска литература, вметнати се голем број слики, табели и цртежи, со цел да им се овозможи на студентите подобро усвојување на предвидениот материјал. Скриптата по Хумана генетика и физиологија е наменета пред се` за употреба на студентите од прв и втор циклус на студии при Институтот за психологија, а може да послужи и како интересно четиво за студентите од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, како и за студентите од Медицинскиот факултет во Скопје. Покрај нив, психолозите и лекарите од општа практика можат опширно да се запознаат со основните принципи на овие две базични медицински науки. Со издавањето на оваа скрипта се покриваат сите предметни програмски содржини. Содржината на скриптата доследно ги следи критериумите на студирање според Болоњската декларација. Тенденцијата е оваа скрипта да прерасне во учебник, но затоа е потребно да помине малку време за да се види реакцијата на читателите студенти, чии што коментари ќе бидат добредојдени во насока на подобрување на квалитетот на учебникот.
На крајот од овој предговор сакам да изразам должна благодарност до оние кои на одреден начин го подржаа овој проект. Благодарност заслужува Ѓорѓи Поп - Ѓорѓиев кој учествуваше во финалното техничко уредување на оваа скрипта. Голема благодарност до тимот од „Студентски сервис" – Скопје за дизајнот на корицата и за добрата соработка при печатењето на моите трудови. Инаку вредно е да се напомене дека оваа скрипта е целосно финансирана со сопствени средства и затоа не должам никому благодарност. Огромна благодарност им должам на моите најблиски од семејството Трајковски за нивната морална поддршка во текот на целата кариера од диплмоирањето, па во целиот овој речиси четврт век.

Септември, 2018 година                                                                Авторот