Showing posts with label Зум. Show all posts
Showing posts with label Зум. Show all posts

Monday, June 2, 2025

Покана за научен вебинар - 19.06.2025

Почитувани колешки и колеги,

Со големо задоволство ве поканувам на научниот вебинар во рамките на CUPID проектот насловен како: „Кон еднаквост во здравствената заштита – новости од акцијата CUPID COST“.

📅 Датум: 19.06.2025

⏰ Време: 10:00 CEST

🌍 Платформа: ZOOM

Овој вебинар ќе ги содржи клучните новости од акцијата CUPID COST, истакнувајќи ги напорите за промовирање на еднаков пристап до здравствена заштита кај различни популации. Експертите во областа ќе дискутираат за актуелните предизвици, истражувачките наоди и иновативните пристапи насочени кон намалување на нееднаквостите и обезбедување подобри здравствени резултати.
Придружете ни се на ангажирачка сесија каде што водечките истражувачи и практичари ќе ги споделат своите сознанија и експертиза. Ова е вредна можност да се поврзете со професионалци со слични размислувања, да придонесете во дискусијата и да истражите потенцијални соработки. За да добиете ЗУМ линк мора да го потврдете вашето учество со регистрација на Гугл формуларот. Вебинарот е бесплатен, но регистрацијата е задолжителна.
Со нетрпение го очекуваме вашето присуство и придонес во дискусијата!

Со почит,
Раководител на WG4 групата



Thursday, October 24, 2024

Меѓународна недела на отворен пристап - Македонија 2024

Почитувани колешки и колеги,

Деновиве имаме поприлично зголемен број на активности во смисол на меѓународни вебинари, веб конференции и слично. Овој пат имам чест да ве поканам на настанот по повод: „Меѓународна недела на отворен пристап - Македонија 2024“, во која и лично ќе учествувам со свое предавање.

Овогодинешната тема го продолжува повикот да се стави „Заедницата над комерцијализацијата“ и да се даде приоритет на пристапите за отворање стипендии кои им служат на најдобрите интереси на јавноста и академската заедница.

Оваа година неколку главни уредници се приклучивме кон European Association of Scicence Editors, каде што формиравме македонско поглавје. Затоа и решивме да ја одбележиме неделата заедно со нив. По тој повод, утре на 25 октомври ќе одржиме виртуелен настан на платформата ЗУМ. Повелете регистрирајте се бесплатно ОВДЕ. Во прилог програмата и учесниците на настанот, како и постерот за мојата презентација. Ве очекуваме утре во 13:00 часот по македонско време.

  

Главен и одговорен уредник на ЈХРС и член на ЕАСЕ



Monday, September 9, 2024

Покана за тренинг училиште од CUPID проектот

Почитувани колешки и колеги,

Имам чест и задоволство да ве поканам да учествувате на виртуелните сесии на тренинг училиштето во рамките на CUPID проектот што ќе се одржи во Прага од 17 д,о 19 септември годинава. Работната група CUPID 1-интердисциплинарен тим за копродукција координира училиште за обука (ТУ) во Прага. ТУ ќе вклучува лица со интелектуални и развојни попречености (PWIDD) и нивни лица за поддршка. Програмата содржи едукативна обука за превенција од рак заедно со пет виртуелни сесии прилагодени на разновидна публика. Доколку сакате да учествувате онлајн во некоја од виртуелните презентации на ТУ за обука, ве молам пополнете го ФОРМУЛАРОТ и изберете ја сесијата(ите) на кои сакате да присуствувате. Имајте предвид дека сесиите нема да се снимаат, туку ќе се пренесуваат во живо.


Заменик раководител на CUPID


Wednesday, November 8, 2023

Покана за Годишна конференција на CUPID COST проектот

Почитувани колешки и колеги,

Во својство на заменик претседател на менаџмент комитетот сакам да ве поканам на годишната конференција CUPID COST проектот што ќе се одржи на 15.11.2023 на платформата ЗУМ со почетотк во 13:00 часот по македонско време.

Главната цел и цел на Акциониот предизвик е недостатокот на систематско знаење низ ЕУ за степенот на кој стратегиите за превенција од рак одговараат на уникатните когнитивни и здравствени потреби на лицата со интелектуална попреченост. Генерирањето знаење CUPID ќе одговари на здравствените потреби на лицата со интелектуална попреченост.

Повеќе за CUPID проектот ОВДЕ.

Поканети се сите стручни профили кои имаат допирни точки со превенција на карцином, интелектуална попреченост и сите малди прогресивни сили кои сакаат да слушнат нешто ново во обаа област. Пријавувањето е задолжително на Гугл формуларот. Впишете точно име и презиме и точна е-пошта за да го добиете линкот и заради евентуално добивање на сертификати.

Во продолжение постерот на конференцијата и програмата.

Организатор и модератор на конференцијата






Tuesday, April 5, 2022

Поканет предавач на конференција во Блед, Словенија

Почитувани посетители,

Ми причинува особено задоволство да ви соопштам дека во петок на 8 април со почеток во 9:00 часот ќе имам гостинско предавање на конференција на колегите и колешките од ДоРеМи центарот од Блед. Имено, на покана на директорката Нуша Пибер, на која и благодарам во оваа пригода, ќе ја презнтирам темата: „Аутизам и музикотерапија“. Бев поканет да одам лично, но Ковид-19, војната во Украина, лошото време и многу други фактори ме спречија во таа реализација. Мојата презентација ќе се одвива преку ЗУМ програмата. Котизацијата на собриот за тие со физичко присуство изнесува скромни 25 евра. Јас успеав да издејствувам за моите постдипломци кои работат тема под мое менторство, за дипломците, или за членовите на МНЗА да можат да го следат само моето предавање бесплатно. Доколку има заинтересирани, нека ми пишат е-пошта да им го пратам линкот. Во продолжение неколку информации за конференцијата низ слики.

Претседател на МНЗА










Friday, August 13, 2021

Покана за учество на меѓународна конференција за аутизам

Почитувани колешки и колеги, драги студенти, родители на деца со АСН

Ми причинува огромна чест и задоволство во име на Македонското научно здружение за аутизам да ве поканам на меѓународната конференција насловена „Лицата со аутизам во центарот на вниманието - поддршка преку индивидуално насочено планирање“, што ќе се одржи на 25 август 2021 година, на платформата ZOOM со почеток точно на пладне.

Оваа конференција е завршен настан на 3-годишниот проект „Холистички пристап кон индивидуално насочено планирање кај лица со аутизам“ (AUTISM_PCP), од програмата Еразмус + на Европската комисија, со референтен број 2018-1-EL01-KA204-047788.

Специфичната цел на настанот е да се промовира методологијата за планирање ориентирана кон личноста, прилагодена за лица (вклучително и деца) со аутизам, која е развиена како клучен резултат на работата на меѓународниот конзорциум Аутизам ПЦП во изминатите три години. Иако главните импликации се однесуваат на социјалните услуги, придобивките од примената на индивидуално ориентирано планирање во образованието се особено значајни, особено во образовните премини на учениците со аутизам.

МНЗА во последните 17 месеци за време на пандемијата континуирано креираше семинари за едукација на професионалци и родители на деца и лица со состојби од аутистичен спектар и ќе продолжи да го прави тоа во наредниот период. Оваа меѓународна конференција, на која ќе присуствуваат предавачи од САД, Австралија, Кипар, Грција и Македонија, е само еден дел од таа севкупна образовна активност, која ќе продолжи и во иднина.

Доколку сакате да учествувате, задолжително е да се регистрирате и да го пополните формуларот на Google на следната врска: https://forms.gle/AgeUC2zq1UXR5XKN7

Можете да аплицирате најдоцна до 20 август оваа година. Учеството е без плаќање такса за регистрација. Конференцијата ќе биде сертифицирана, а за да добиете сертификат потребно е да бидете присутни на платформата ZOOM од самиот почеток до крајот на истата.

Покрај тоа што во моментов имаме голем број на пријавени кој изнесува 420 учесници, ќе ни биде многу драго доколку и вие учествувате на оваа важна меѓународна конференција.

Скопје, 13.08.2021 

Со почит,

Претседател на МНЗА



Thursday, April 22, 2021

Аутизам - мистериозниот предизвик на 21-от век

Почитувани колешки и колеги, драги студенти,

Денес, на покана на Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА) ќе предавам на нивниот вебинар под наслов: „Аутизам - мистериозниот предизвик на 21-от век“, што ќе се одржи на платформата ЗУМ, а ќе се пренесува преку нивната Фејсбук страница. Повеќе за настанот ќе може да прочитате ОВДЕ. Настанот ќе започне во 18:00 часот, а насловот на мојата презентација е: „Што треба еден студент на Медицина да знае за аутизмот“. Доколку не сте се пријавиле, сторете го тоа со кликање на копчето GOING на настанот на Фејсбук. За вебинарот постои огромен интерес и затоа сите оние кои нема да можат да се приклучат на ЗУМ, нека го следат на Фејсбук во живо.

Во оваа пригода сакам да се заблагодарам на ММСА и на студентката Симона Ристовска за поканата да бидам предавач на нивниот вебинар. Искрено се надевам дека ќе бидат задоволни студентите од Медицински факултет - Скопје со тоа што ќе го слушнат денес попладне.


Претседател на МНЗА


Tuesday, October 13, 2020

Трибината за „Недела на отворен пристап - 2020“ се поместува на Зум

Почитувани колешки и колеги,

Со големо разочарување заради енормниот пораст на позитивни лица со Ковид-19 и големиот процент на дневно позитивни тестови принудени сме да ја реорганизираме трибината од физичко присуство на електронската платформа Зум. Како доктор и пред се` како одговорен човек не би сакал да го доведам во ризик здравјето на предавачите и слушателите воопшто. Свесен сум дека трибина во живо си има друг шмек, но ние мораме да се адаптираме на новонастанатата ситуација. Сепак здравјето на досега 30-тината пријавени е над желбата за споделување на наука во живо. Но, јас искрено сметам дека и оваа виртуелна трибина ќе биде успешна. Затоа предлагам да се потсетиме на некои факти.

Ден на одржување: вторник 20.10.2020

Време на почеток: 10:00 часот

Место на одржување: ЗУМ платформа на следниот линк.

Пријавување задолжително на следната е-пошта: vladotra@fzf.ukim.edu.mk

Број на учесници: максимум 100.

Учесниците ќе добијат електронски сертификат.

Искрено се надевам дека ќе ви биде од корист трибината и ги очекувам новите гости да се пријават преку е-пошта. 


ПРОГРАМА

Отворање на трибината од 10:00 до 10:15 часот

Поздравна реч на деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев

Поздравна реч на претседателот на МЗМУ акад. проф. д-р Сашко Кедев

Поздравна реч на претседателот на фондацијата СПИРОСКИ проф. д-р Мирко Спироски

Краток осврт на „Неделата на отворен пристап“ во Македонија проф. д-р Владимир Трајковски

10:15 – 11:00
Проф. д-р Мирко Спироски
Списанија со отворен пристап во Република Македонија
Дискусија

11:00 – 11:45
Проф. д-р Дончо Донев
Принципи на научната комуникација, етика во објавувањето со превенција на плагијаризмот и структурата на научниот труд
Дискусија

11:45 – 12:30
Проф. д-р Гордана Ристовска
Отворен пристап во публикувањето на Архиви на јавно здравје
Дискусија

12:30 – 13:15 Проф. д-р Владимир Трајковски
Употреба на социјалните медиуми во списанијата со отворен пристап
Дискусија


Иницијатор и организатор на трибината