- информации презентирани на полесно разбирлив и пристапен начин;
- прилагодување на термините и начинот на закажување прегледи;
- вклучување на родителите, старателите или лицата за поддршка;
- помош при донесување одлуки и давање согласност;
- обука на здравствените работници.
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Thursday, August 20, 2026
Превенција и скрининг на рак кај лица со интелектуална попреченост во Европа: систематски преглед и препораки за политика и пракса
Monday, September 9, 2024
Покана за тренинг училиште од CUPID проектот
Почитувани колешки и колеги,
Имам чест и задоволство да ве поканам да учествувате на виртуелните сесии на тренинг училиштето во рамките на CUPID проектот што ќе се одржи во Прага од 17 д,о 19 септември годинава. Работната група CUPID 1-интердисциплинарен тим за копродукција координира училиште за обука (ТУ) во Прага. ТУ ќе вклучува лица со интелектуални и развојни попречености (PWIDD) и нивни лица за поддршка. Програмата содржи едукативна обука за превенција од рак заедно со пет виртуелни сесии прилагодени на разновидна публика. Доколку сакате да учествувате онлајн во некоја од виртуелните презентации на ТУ за обука, ве молам пополнете го ФОРМУЛАРОТ и изберете ја сесијата(ите) на кои сакате да присуствувате. Имајте предвид дека сесиите нема да се снимаат, туку ќе се пренесуваат во живо.
