Showing posts with label МАНУ. Show all posts
Showing posts with label МАНУ. Show all posts

Sunday, April 28, 2024

Презентации од конференцијата: 10 години од формирањето на МЗМУ

Почитувани колешки и колеги,

На 25 април 2024 година Македонското научно здружение на медицински уредници го прослави својот јубилеј 10 години од своето формирање. НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО: НАУЧЕН И ПУБЛИЦИСТИЧКИ ИНТЕГРИТЕТ ВО БИОМЕДИЦИНАТА се одржа во МАНУ со 105 регистрирани учесници, плус 20 на платформата ЗУМ. Беа презентирани 15 трудови кои овде сакам да ги споделам во ПДФ формат и видео формат.

  1. Проф. д-р Валентин Мирчевски: Смислата и значењето на научното публицирање  PDF   Video
  2. Проф. д-р Ана Марушиќ: Предизвици за интегритетот на истражувањето   PDF   Video
  3. Проф. д-р Мирко Спироски: Научно издаваштво во Република Македонија анализирано со вештачка интелигенција   PDF   Video
  4. Проф. д-р Јадранка Стојановски: Поддршка на научната заедница во усвојување на практики за отворена наука   PDF   Video
  5. Проф. д-р Изет Машиќ: Библиометриски индекси - предности и недостатоци во практичната примена за научната валидност на авторите и нивните научни содржини   PDF
  6. Проф. д-р Дончо Донев: Организиран пристап за сузбивање на предаторските списанија и издаваштво   PDF   Video
  7. Проф. д-р Гордана Петрушевска: Плагијаризам и самоплагијаризам, фабрикување и фалсификување на резултати од истражување   PDF   VIdeo
  8. Проф. д-р Гоце Спасовски: Списанија со отворен пристап   PDF   Video
  9. Проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ: Етички стандарди во научното публикување - искуство на меѓународното научно списание „Македонски ветеринарен преглед“   PDF   Video
  10. Проф. д-р Азис Положани: Списание на Југоисточна Европа за одржлив развој (СЕЕЈСД) - научна платформа за одржлив развој на регионот Југоисточна Европа   PDF   Video 
  11. Милица Шевкушиќ: Поим за квалитет во списанијата со отворен пристап   PDF   Video
  12. Прим. д-р м-р сци. Илија Глигоров: Преглед на достапни електронски веб страници на здруженија на медицински уредници и портали на медицинско уредување   PDF   Video
  13. Ана Ѓорѓевиќ: Научен интегритет на Универзитетот во Белград -
    Хемиски факултет во контекст на одговорна процена на истражување   PDF   Video 
  14. Павло Коломиец: Научник од 21-от век - Социјални мрежи и апликации за научници   PDF   Video
  15. Проф. д-р Владимир Трајковски: Планот С - иднината на објавувањето во отворен пристап   PDF   Video
Претседател на научен одбор

Tuesday, April 23, 2024

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

Предмет: 10 години од основањето на Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ)

Почитувани претставници на медиумите,

Имаме особена чест и задоволство да Ве информираме дека на 25 април (четврток) Македонското здружение на медицински уредници го прославува својот 10-ти роденден од своето постоење. Тоа е период кој не е ниту многу долг, но ниту многу кус. Сакаме да укажеме дека ова е прво вакво национално здружение во Југоисточна Европа. Годините наназад беа исполнети со многу премрежија на општествено политичката сцена во Македонија, војните во Украина и Газа, пандемијата со Ковид-19 и тоа се рефлектираше врз работењето на Здружението. Активностите беа исполнети со многу подеми и падови. Речиси со минимални финансиски средства, успеавме да реализираме многу од нашите цели и задачи.

Основна цел на Здружението е да се подобри квалитетот и нивото на медицинските списанија преку размена на информации и искуства за уредување и издавање на медицинските списанија и воспоставување на правила согласно меѓународните стандарди за научна и публицистичка етика и интегритет, како и континуирана размена на информации и едукација на уредниците и членовите на Уредувачкиот одбор на научните списанија, научниот подмладок и научната заедница во Македонија, во соработка со Македонската академија на науките и уметностите, соодветните министерства, универзитети и факултети, професионални здруженија и комори, како и со релевантните меѓународни агенции и асоцијации.

Во сите овие години покажавме дека можеме да се носиме рамноправно со други вакви здруженија од ЕУ и светот, да бидеме лидери во Македонија за едукација и размена на информации за интегритетот и научната и публицистичка етика и превенција на измама во областа на биомедицината. Во сите овие 10 години, преку разни видови активности на Здружението, се трудевме да ја зголемиме свесноста за интегритетот во академското пишување и објавување. Организиравме четири едукативни работилници од кои три за млади научници од биомедицинските и сродни науки. Во периодот зад нас, исто така, два пати ја одбележавме „Меѓународната недела на рецензирањето“ што се одржува во месец септември и имавме четири настани по повод „Меѓународната недела за отворен пристап“ што се одбележува секоја година во месец октомври на светско ниво.

Годинава, решивме токму на денот на основањето 25 април, да ја крунисаме нашата самопрегорна работа со организирање на НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО: НАУЧЕН И ПУБЛИЦИСТИЧКИ ИНТЕГРИТЕТ ВО БИОМЕДИЦИНАТА. Конференцијата ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите со почеток во 8:30 часот (регистрација на учесниците). На конференцијата ќе бидат презентирани 15 трудови од кои шест на поканети предавачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Украина и девет трудови од македонски автори. За оние кои нема да можат да дојдат лично, обезбедена е ЗУМ конференциска врска. За конференцијата постои голем интерес од домашната стручна и научна јавност и досега се пријавени 146 учесници. Очекуваме дека оваа конференција ќе има одглас и значајно влијание во доменот на академското публицирање во Македонија, во регионот и пошироко.

МЗМУ мошне често е присутно со популарни објави на социјалните медиуми со што сакаме да споделуваме информации за подигнување на свесноста и едукација за научната и публицистичка етика на сите заинтересирани страни во нашата заедница и пошироко.

Искрено се надеваме дека вие како медиуми ќе помогнете во покривање на овој настан преку објавување на содржини, слики, или видео прилози на вашите електронски, печатени и ТВ медиуми.

Ние, членовите на МЗМУ ќе продолжиме да споделуваме релевантни информации и да едуцираме млади кадри, да креираме нови проекти и да објавуваме научни трудови, во насока на подобрување на академскиот интегритет и дигнитет.





Скопје                                                                                     Со почит,

24.04.2024                                                                                Генерален секретар на МЗМУ

 

 

 

                                                                                               

 

                                          












Wednesday, September 18, 2019

Недела на рецензијата - квалитет на рецензијата

Почитувани колешки и колеги,
Сите вас што ве интересира научното публицирање треба да знаете дека оваа работна недела од 16 до 20 септември е прогласена за меѓународна недела на рецензирањето.
Што е недела на рецензирањето?
Неделата на рецензијата е глобален настан во кој се слави основната улога што ја игра рецензијата во одржувањето на научниот квалитет. Настанот обединува поединци, институции и организации кои се посветени на споделување на централната порака дека добрата перспектива, без оглед каква и да е форма или форма што може да ја преземе, е клучна за научните комуникации. Оваа година се одржува петтата по ред под наслов: „Квалитет на рецензијата".
Македонското здружение на медицински уредници (МЗМУ) пред три години за прв пат ја чествуваше оваа недела, а оваа година за втор пат ќе се вклучи во тој меѓународен настан. Настанот РЕЦЕНЗИЈА - ОСНОВЕН ПРИНЦИП НА НАУЧНА КОМУНИКАЦИЈА ќе се одржи утре 19.09.2019 година во просториите на МАНУ од 13:00 до 15:00 часот со следната агенда:

13:00 - 13:20 Квалитет во рецензирањето - базичен процес во публикувањето
Проф. д-р Гордана Ристовска

13:20 - 13:40 Превенција и сузбивање на плагијаризмот
Проф. д-р Дончо Донев

13:40 - 14:00 Етика во рецензирањето
Проф. д-р Владимир Трајковски

14:00 - 15:00 Дискусија и заклучоци