Почитувани колешки и колеги,
На 25 април 2024 година Македонското научно здружение на медицински уредници го прослави својот јубилеј 10 години од своето формирање. НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО: НАУЧЕН И ПУБЛИЦИСТИЧКИ ИНТЕГРИТЕТ ВО БИОМЕДИЦИНАТА се одржа во МАНУ со 105 регистрирани учесници, плус 20 на платформата ЗУМ. Беа презентирани 15 трудови кои овде сакам да ги споделам во ПДФ формат и видео формат.
- Проф. д-р Валентин Мирчевски: Смислата и значењето на научното публицирање PDF Video
- Проф. д-р Ана Марушиќ: Предизвици за интегритетот на истражувањето PDF Video
- Проф. д-р Мирко Спироски: Научно издаваштво во Република Македонија анализирано со вештачка интелигенција PDF Video
- Проф. д-р Јадранка Стојановски: Поддршка на научната заедница во усвојување на практики за отворена наука PDF Video
- Проф. д-р Изет Машиќ: Библиометриски индекси - предности и недостатоци во практичната примена за научната валидност на авторите и нивните научни содржини PDF
- Проф. д-р Дончо Донев: Организиран пристап за сузбивање на предаторските списанија и издаваштво PDF Video
- Проф. д-р Гордана Петрушевска: Плагијаризам и самоплагијаризам, фабрикување и фалсификување на резултати од истражување PDF VIdeo
- Проф. д-р Гоце Спасовски: Списанија со отворен пристап PDF Video
- Проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ: Етички стандарди во научното публикување - искуство на меѓународното научно списание „Македонски ветеринарен преглед“ PDF Video
- Проф. д-р Азис Положани: Списание на Југоисточна Европа за одржлив развој (СЕЕЈСД) - научна платформа за одржлив развој на регионот Југоисточна Европа PDF Video
- Милица Шевкушиќ: Поим за квалитет во списанијата со отворен пристап PDF Video
- Прим. д-р м-р сци. Илија Глигоров: Преглед на достапни електронски веб страници на здруженија на медицински уредници и портали на медицинско уредување PDF Video
- Ана Ѓорѓевиќ: Научен интегритет на Универзитетот во Белград -
- Павло Коломиец: Научник од 21-от век - Социјални мрежи и апликации за научници PDF Video
- Проф. д-р Владимир Трајковски: Планот С - иднината на објавувањето во отворен пристап PDF Video
Претседател на научен одбор
No comments:
Post a Comment